Author: Media Point

Обвинителот Љупчо Коцевски си поднесе оставка Коцевски се реши на овој чекор кога веќе стана јасно дека владиното мнозинство е цврсто решено да биде отстранет од функцијата Љупчо Коцевски (Фото: Б. Грданоски) Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски утринава пред одржување на седницата на Собранието каде на дневен ред е барањето на Владата за негово разрешување поднесе неотповиклива оставка. Одлуката самиот тој ја соопшти на прес конференција во Обвинителството, а во писмена форма одлуката веќе ја испратил до надлежните институции. Коцевски изгледа се решил на овој чекор кога веќе стана јасно дека владиното мнозинство е цврсто решено да биде отстранет од…

ПОВЕЌЕ ...

Зошто Европа вози 70 км/ч на булевари, а кај нас градот стои во чад? Додека кај нас сите возат со едно око на пат, едно око во камерите и брзиномерите, во Европа луѓето возат нормално. Не затоа што се „попослушни“. Туку затоа што ограничувањата имаат логика. Ова се ограничувањата во Европа Тип на пат Брзина Улица во населено место 50 км/ч Зони со пешаци / училишта 30–40 км/ч Локален пат 70–90 км/ч Магистрален пат 90–110 км/ч Булевар 60–70 км/ч Кружен тек / критична точка 50 км/ч Автопат 120–130 км/ч Булевар ≠ маалска улица, затоа не се вози 50 км/ч! Со…

ПОВЕЌЕ ...

ИЗВЕСТУВАЊЕ за канонска визитација на Неговото Преосвештенство Епископ г.Марко. На 06.11.2025 година, Неговото Преосвештенство Епископ г. Марко, во согласност со својата духовна и пастирска мисија, изврши канонска визитација во храмовите и манастирите на Делчевско-каменичката епархија. При посета епископот изврши увид во целокупниот напредок и функционирање во новоформираната епархија, а при тоа констатираше на терен што е сработено и направено, но и што треба во иднина да се направи. При посетата, Епископот даде насоки и препораки за унапредување на духовно-пастирската дејност. Тој се консултираше со свештенството за заеднички иницијативи кои ќе овозможат подобрување на условите во храмовите и манастирите, поттикнување на…

ПОВЕЌЕ ...

Според објавата на Општина Македонска Каменица и КИЦ „Романса“ – Македонска Каменица, во текот на декември 2025 година градот ќе биде домаќин на повеќедневна новогодишна културно-забавна програма, која ќе се реализира на Градскиот плоштад и во Домот на културата. Како што информираат од општината и КИЦ „Романса“, програмата ќе опфати настапи на повеќе музички бендови и изведувачи, детски театарски претстави и празнични активности за најмладите, како и поделба на новогодишни пакетчиња со Дедо Мраз. Предвидено е и свечено пуштање на новогодишната елка, додека кулминација на програмата ќе биде дочекот на Новата 2026 година со концерт на Антониа Гиговска.

ПОВЕЌЕ ...

Кочанчанка уапсена со 2,63 промили алкохол во крвта На 14.12.2025 во 20:01 часот на ул.„ВМРО“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишија од слобода Н.М.(45) од с.Горни Подлог, кочанско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувала, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,63 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучена од сообраќај и задржана во полициска станица.

ПОВЕЌЕ ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С., во својство на директор на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ – ПО Делчево, и против М.К., во својство на раководител на сектор во ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ од член 353-в став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Првопријавениот С.С., во својство на директор на ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, во периодот од 2019 до 2023 година, со пропуштање на должниот надзор, постапил несовесно во вршењето на…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов го прими во официјална посета словенечкиот амбасадор Грегор Прескер. Изразувајќи благодарност за досегашната поддршка од Словенија, особено за повредените лица по трагедијата, градоначалникот Грозданов ги истакна потребите на Општината и предизвиците на почетокот од мандатот. Амбасадорот Прескер ги нагласи можностите за учество на претстојни повици за апликации и подготвеноста Словенија да помага за различни приоритети на Кочани. Оваа средба претставува значаен момент во градењето на идната соработка и зајакнувањето на пријателските односи на Кочани со Република Словенија. https://kocani.gov.mk/%d1%81%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%87%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b0%d0%bc%d0%b1%d0%b0%d1%81%d0%b0%d0%b4%d0%be%d1%80-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b5%d1%80-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%80/

ПОВЕЌЕ ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит. Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат: – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95  73,00(денари/литар); – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот Иван Гоцевски денеска присуствуваше на официјалното пуштање во употреба на урбаната градина во ООУ „Ванчо Прќе“ во Делчево, изградена во рамки на проектот „Зелен баланс – локални акции за здрави заедници“, финансиран од Европската Унија и реализиран од РЦЗ. Урбаната градина ќе биде на располагање не само за учениците од училиштето, туку и за останатите ученици од општина Делчево, со цел поттикнување на еколошката свест и практичното образование. Во рамки на настанот беше организирана и размена на автохтони семиња, при што беа споделени знаења за нивно правилно садење и одгледување. Градоначалникот Гоцевски ја истакна важноста на ваквите едукативни и…

ПОВЕЌЕ ...

Продолжуваме со реализација на проектите кои ги ветивме, градскиот парк полека добива нов лик. Денес започнуваме со реализација на проектот ново сензорно осветлување на просторот во градскиот парк и паркинг просторот пред градскиот стадион во Виница, односно осветлување со паметни светилки со лед осветлувачки тела чија моќност се намалува доколку нема движења. Состојбата со осветлувањето на просторот во градскиот парк и на паркингот пред градскиот стадион е на лошо ниво со стари и дотраени светилки кои се големи потрошувачи на електрична енергија. Со новото модерно и сензорно осветлување ќе се овозможи поголема енергетска ефикасност, помали загуби на енергија, помало светлинско…

ПОВЕЌЕ ...