Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека паралелно со системот “Сејф сити” ќе бидат активирани и полициски возила со мобилни камери на т.н црни точки. објави Скопје1.мк “За многу побрзо од шест месеци ќе може со камерите имплементирани во рамки на возилата да ги ставиме во функција”, рече Тошковски. Изминативе денови се врши тестирање на камерите на сите точки каде се поставени. https://www.instagram.com/reel/DT8ib7AjYXe/?l=1&fbclid=IwY2xjawPkDUVleHRuA2FlbQIxMQBzcnRjBmFwcF9pZAwzNTA2ODU1MzE3MjgAAR6oY2WLqNSNznlL4thLYHC00v6ukYpLypd3aufYsoMeIrIA_mLJcsL_iPXXXA_aem_qJZ5jvXZB1FuouMozO2ZUQ&utm_source=ig_embed
Author: Media Point
Словенија ја зголемува минималната плата Минималната плата во Словенија годинава ќе изнесува 1.482 евра бруто, што е за 15,97 отсто повеќе од лани, најави словенечкиот министер за труд Лука Месец. Како што пишува Форбс Словенија, повикувајќи се на изјавата на министерот, зголемувањето на минималната плата претставува значаен чекор напред во заштитата на стандардот на вработените, но повторно ја отвори дебатата меѓу Владата и работодавачите за трошоците за работна сила и распределбата на профитот. Истовремено, словенечкиот премиер ја критикуваше реториката на некои работодавци, велејќи дека отпорот кон зголемувањето на платите редовно се случува „кога ќе дојде моментот да се подели дел…
Причината за најавените блокади е незадоволството на транспортните превозници од воведувањето на системот за влез и излез од Европската Унија, според кој, превозниците со камиони од земјите од Западен Балкан ќе се регистрираат како туристи и ќе можат да останат во земјите од ЕУ најмногу до 90 дена во период од 180 дена Од денеска напладне превозниците со камиони ќе ги блокираат за товарен сообраќај граничните премини во државата. Освен македонските, блокада на граничните премини кои водат до шенген-зоната најавија и превозниците од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Причината за најавените блокади е незадоволството на транспортните превозници од…
Во едно од најздравите зеленчуци кои ги конзумираме спаѓа и пиперката. Таа има бројни предности, затоа што може да се користи и свежа во салати, печена, но и полнета со сирење или месо како одличен избор за главен оброк во денот. Покрај тоа што овој зеленчук е особен вкусен и термички обработен, има бројни предности за здравјето. Здравје на срцето и дигестивниот тракт Пиперката е богата со растителни влакна, содржи железо и фолна киселина, кои имаат корисен ефект врз здравјето на цревата, кардиоваскуларниот систем и е природен антиоксиданс. Без разлика дали е црвена, зелена или жолта, пиперката е подеднакво здрава…
Со Божествена литургија во Македонска Каменица одбележан празникот на св. маченичка Татијана Римска Денес, 25 јануари 2026 година, кога се одбележува Неделата по Богојавление и празникот на светата маченичка Татијана Римска, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица беше отслужена Божествена литургија. Со литургијата началствуваше епископот Делчевско-каменички г. Марко. По читањето на Светото Евангелие, епископот одржа пригодна беседа, во која го протолкува евангелското четиво и неговото значење за верниот народ. На крајот од богослужбата, присутните верници се причестија со Светите Божествени Дарови.
Пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ упати јавен повик до пчеларите за членување и поддршка Пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица упати јавен повик до сите активни пчелари и заинтересирани граѓани од општината и околните населени места за зачленување и поддршка на неговото работење. Од здружението информираат дека годишната членарина изнесува 600 денари, а уплатата треба да се изврши на трансакциската сметка 300320000029217, со краен рок до 15 февруари 2026 година. Со зачленувањето и финансиската поддршка, членовите и поддржувачите придонесуваат кон унапредување на пчеларството, заштита на животната средина и реализација на програмските активности на Пчеларското здружение „Еко Кам Мед“…
На 24.01.2026 во 20:38 часот во СВР Велес е пријавено дека околу 20:30 часот на ул. „Партизанска“ во Велес, патничко возило „мазда“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(38) од Неготино, изгубил контрола и удрил во објект, при што го напуштил местото на настанот. Подоцна на ул. „4 јули“ во Велес, возилото и Ј.С. се пронајдени и по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,15 промили алкохол во крвта, по што Ј.С. бил лишен од слобода.
Македонија, но и целиот Балкан денеска ќе одбележат 45 години од раѓањето на македонската музичка легенда Тоше Проески. Во својот краток живот остави ноти и зборови, но најмногу остави надеж дека она човечкото во нас не е изгубено и дека можеме да бидеме едно, само ако посакаме. Остануваат неговата ведрина и насмевка. Што тој навистина значеше за сите нас, почуствувавме дури утрото кога засекогаш го загубивме. Во петокот, во аулата на ОУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје, се одржа забавниот културно-уметнички настан „Тоше те сакаме“, посветен на ликот и делото на Тоше. Во рамки на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст…
Римјанка, од угледни родители. Христијанка и ѓакониса на Црквата. По смртта на царот Хелиогабал во Рим царуваше царот Александар, чија мајка Мамеја беше христијанка. Самиот цар беше колеблив и неодлучен во верата; заради ова во дворецот држеше статуа на Христос и статуи на Аполон, на Авраам и на Орфеј. Неговите доглавници ги гонеа христијаните и без царска наредба. Кога ја изведоа девицата Татијана на мачење, таа Му се молеше на Бога за своите мачители. И ете, ним им се отворија очите и видоа околу маченичката четири ангели. Кога го видоа тоа, осуммина од нив поверуваа во Христа, заради што и…
На 21.01.2026 во 11:45 часот полициски службеници од СВР Штип го привеле Т.Ј.(44) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека на 05.01.2026, во семејниот дом, со употреба на тврд предмет, физички ја нападнал неговата 16-годишна ќерка, при што и го одзел мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
