Author: Media Point
Со средства од ЕУ започна изградбата на скејт-парк во Делчево – нова содржина за младите и туристите во градот Започна изградбата на скејт-парк во Делчево – нова содржина за младите и туристите Овој работен викенд во Делчево официјално започна реализацијата на уште еден значаен инфраструктурен проект. Станува збор за изградба на современ скејт-парк, наменет за младите и за сите посетители кои сакаат активна рекреација и забава. Новиот скејт-парк претставува дополнување на туристичката понуда на Делчево и создавање ново катче за спорт, рекреација и социјализација на младите. Проектот е вреден 2.403.000 денари, а средствата се обезбедени преку Европската унија, односно ИПА-програмата…
На 6 февруари 2026 година Неговото Високопреосвештенство митрополитот Европски г. Пимен ја посети Агенцијата за иселеништво – известува Агенцијата на својот ФБ профил. На средбата со директорот Горан Ангелов, Митрополитот Пимен информираше за состојбите на верскиот и духовен живот во црковните општини низ Европа. Тој извести дека Европската Епархија е зголемена со уште две нови црковни општини во Велика Британија: „Св. Нектариј Егински“ во Рединг – во близина на Лондон, и „Св. Ѓорѓи Кратовски“ во околината на Оксфорд, како и новоформираната црковна општина „Св. Три Јерарси“ во Фулда, Германија, каде што првата света архијерејска Литургија е најавена за недела, 15…
Празник на Преносот на чесните мошти на свети Јован Златоуст Возљубени браќа и сестри во Христа, денеска со особена духовна радост и благоговејност го празнуваме Преносот на чесните мошти на свети Јован Златоуст – еден од најголемите архијереи, учители и беседници на Христовата Црква. Свети Јован Златоуст живееше во IV–V век и со своето огнено слово, чист живот и пастирска ревност ја утврдуваше и просветлуваше Црквата. Иако беше неправедно прогонуван и го заврши земниот живот во изгнанство, неговото дело и сведоштво останаа живи. Подоцнежниот пренос на неговите чесни мошти во Цариград, извршен со покајание и длабока почит, претставува сведоштво дека…
Реконструкција на водоводната и канализационата мрежа на улицата „Ванчо Прке“ во Виница Со подобрувањето на временските услови, Општината ги започна најавените инфраструктурни проекти подготвувани во изминатиот период. Денес официјално започна реконструкцијата на водоводната и канализационата мрежа на улицата „Ванчо Прке“, важна сообраќајница која ја поврзува Виница со населбата и селото Градец. Проектот предвидува реконструкција на водоводната мрежа во должина од 558 метри, при што старите азбест-цементни цевки ќе бидат заменети со висококвалитетни полиетиленски цевки. Паралелно, ќе се изврши и реконструкција на канализационата мрежа во должина од 543 метри, која поради својата старост и неквалитетна изведба досега предизвикуваше чести дефекти и…
Гоцевски одржа работен состанок со раководителите во ЕЛС Делчево: фокус на поефикасни услуги за граѓаните Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Гоцевски, одржа темелен и работен состанок со раководителите на секторите и општинските одделенија, на кој беа анализирани состојбите во работењето на локалната самоуправа во изминатиот период. По извршената детална анализа, градоначалникот ги сподели своите генерални забелешки, но и јасни определби и намери за значително унапредување на ефикасноста и квалитетот на услугите што Општина Делчево им ги нуди на граѓаните. Притоа беше потенцирана потребата од системски пристап во надминување на воочените недостатоци, со крајна цел подобрување на функционалноста на општината и…
„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Вардар по втор пат го победи шампионот „Вардарки“ беа подобри од Баскет кам и на гостински терен во Македонска Каменица (53:43) Кошаркарките на Вардар се вратија во трката за првото место во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига, откако вечерва на гостински терен, по втор пат во оваа сезона, беа подобри од актуелниот шампион, Баскет Кам… БАСКЕТ КАМ – ВАРДАР 43:53 Како пресудна, се покажа третата четвртина, одлична за „вардарки“ на гостувањето во Македонска Каменица. По нерешениот резуллтат на полувремето (22:22), екипата на Вардар направи големи (17-5) во третиот период, со најголема заслуга на Тасевска, која по еден…
ОГЛАС ЗА ПРОДАЖБА НА ПАРЦЕЛА ВО МААЛО ПАПУРИЦА, КОСТИН ДОЛ Се продава парцела со површина од 30 декари, во маало Папурица, село Костин Дол. Парцелата има пристапен пат и чист имотен лист. Погоден е за поставување фотоволтаици, како и за изградба на викендица. Во близина има линија со електрична енергија, што нуди можност за приклучок на струја. Има приклучок до селски водовод, а на самата парцела постои кладенец и можност за бушење на бунар. Површина: 30 декари Цена: 30 денари/м² (со можност за договор) Телефон за контакт: 077 628 402
Нашиот Антонио Цветковски се враќа на фудбалските терени – стави потпис за клуб од четвртата австриска лига Нашиот 36 годишен сограѓанин Антонио Цветковски, повторно му се враќа на активниот фудбал, откако официјално потпиша договор со австрискиот клуб USV Knoblinger Neuhofen im Innkreis. Со овој ангажман, Цветковски ќе настапува во Landesliga West во сезоната 2025/26, лига која е дел од покраински фудбалски систем и претставува четврто ниво на натпреварување во Австрија. Цветковски е фудбалер на младинските школи на ФК Каменица Саса од Македонска Каменица, каде ги прави своите први фудбалски чекори. Во сениорскиот тим на клубот беше долгогодишен стандарден првотимец и…
Лиценциран лектор по македонски јазик врши професионална лектура, коректура и јазична редакција на текстови од различен карактер и намена, со доследно почитување на нормата на стандардниот македонски јазик и соодветен стилски пристап. Лекторирањето ги опфаќа следните содржини:– научни, магистерски, докторски и специјалистички трудови;– учебници, прирачници и стручна литература;– книги, зборници и публикации;– правни акти, декларации и извештаи;– списанија, дневни весници и магазини;– рекламни и промотивни материјали;– постери, брошури и каталози;– упатства за употреба;– лектура на преводи и други видови текстови. Секој текст се обработува со високо ниво на јазична одговорност и професионална прецизност.По завршувањето на лектурата се издава нотарска потврда…
На 06.02.2026 во 12:50 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го приведоа Б.Д.(67) од делчевско, постапувајќи по претходна пријава дека на бул.„Македонија“ во Делчево го нарушил јавниот ред и мир. По преземени мерки е констатирано дека бил под дејство на алкохол и му биле измерени 1,88 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
