Author: Media Point
Општина Делчево започна постапка за отстранување на бесправно изградени објекти Општина Делчево ја информира јавноста дека, во рамки на своите законски надлежности, е започната постапка за отстранување на бесправно изградени објекти на територијата на општината. За таа намена, веќе е спроведена јавна набавка преку Бирото за јавни набавки за избор на економски оператор кој ќе ја спроведува постапката. Од Општината апелираат до сите физички и правни лица кои поседуваат бесправно изградени објекти доброволно да пристапат кон нивно отстранување, на сопствен трошок. Во спротивно, надлежните општински и инспекциски служби ќе постапат со присилно отстранување, во согласност со Законот за градење и…
Земјотресот е со проценета јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар 6 километри од општина Тераце. Вечерва во 22:05 часот е регистриран земјотрес со проценета јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар 6 километри од општина Тераце. Според податоците, потресот се почувствувал и во соседните земји – Косово, Србија и Албанија, предизвикувајќи краткотрајно загрижување кај локалното население. Засега нема информации за повредени или значителни материјални штети.
Продолжува уредувањето на крошните од листопадните дрвја во централното градско подрачје во Виница По завршувањето на кастрењето на дрвјата долж булеварот, денес продолжија активностите и на главната улица „Маршал Тито“ во Општина Виница. Станува збор за редовни комунални активности со цел уредување на јавниот простор и зголемување на безбедноста за пешаците и учесниците во сообраќајот. Надлежните информираат дека, доколку временските услови го дозволат тоа, работите се очекува да завршат денес и утре. Од Општина Виница апелираат до граѓаните за разбирање, а до возачите за трпеливост, со препорака да не ги паркираат возилата на локациите каде што се врши кастрењето, со…
Градоначалникот Владко Грозданов, во име на Општина Кочани, го потпиша договорот со Друштвото за производство, трговија и услуги „Ски-Надја“ од Кочани – новиот закупец на двата ски-лифта на Пониква. Според договорот, за закупот на овие инфраструктурни објекти, сопственост на Општина Кочани, „Ски-Надја“ ќе плаќа месечна закупнина од 40.100 денари, цена постигната како највисока на одржаното јавно наддавање на 30 јануари 2026 година. Закупецот е должен да ги одржува ски-лифтовите за нивно безбедно и непречено функционирање. Склучениот договор е со времетраење од 10 години. Посакувајќи му успешна работа на управителот на „Ски-Надја“, Александар Стојков, градоначалникот додаде дека управувањето со ски-лифтовите е…
На 09.02.2026 во 21:30 часот во Полициското одделение Македонска Каменица e пријавено дека околу 20:30 часот, при извршување работни задачи во рудник во Македонска Каменица, со тешки телесни повреди се здобил Б.А.(26) од село Моштица, општина Македонска Каменица, констатирани во Клиничка болница Штип. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршиле увидна екипа од ОВР Делчево и рударски инспектор. Извор: Дневен Билтен на МВР
Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов и полковник Јиржи Фојтик, директор на средното и вишото стручно училиште за противпожарна заштита во Чешка, денеска го потпишаа договорот за донација на противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица – Кочани. Чешката делегација беше предводена од амбасадорот Јерослав Лудва, а на потпишувањето на договорот присуствуваше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Договорот за донација на противпожарно возило е во вредност од 7,94 милиони денари и претставува хуманитарна помош од Чешка за зајакнување на капацитетите за справување со вонредни состојби.
Известување за Задушници – Распоред за присуство на свештениците во Каменичка парохија Свештенството при Каменичка парохија ги информира верниците дека во петок и сабота, 13 и 14 февруари, Православната Црква ги одбележува Задушниците – денови посветени на молитвен спомен за упокоените предци, сродници и ближни. Во овие денови, со молитва и надеж во воскресението, се принесуваат молитви за прошка на гревовите и за нивно упокојување во Царството Небесно. Распоред на молитвите: Петок – 13 февруари 13:30 часот – Св. Илија, Македонска Каменица 14:30 часот – Нови гробишта, Македонска Каменица 15:30 часот – с. Тодоровци Сабота – 14 февруари 06:00 часот…
Денеска во кабинетот на градоначалникот Гоцевски беше одржана работна средба со директорот на Источно-планскиот регион, Трајче Здравков, на која се разговараше за продлабочување и унапредување на меѓусебната соработка помеѓу Општина Делчево и Источно-планскиот регион. На средбата посебен акцент беше ставен на можностите за искористување средства од новите развојни фондови и програми, како и на потенцијалите за заедничко аплицирање и реализација на конкретни проекти. Целта е спроведување иницијативи кои ќе придонесат за економски развој, подобрување на инфраструктурата и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните на Делчево. Двете страни ја истакнаа заедничката заложба за интензивирање на соработката и навремено аплицирање на…
ЈП „Камена Река“ спроведе организирано чистење од градската депонија до влезот на Македонска Каменица ЈП „Камена Река“ реализираше организирано чистење на потегот од градската депонија до влезот на Македонска Каменица, со цел унапредување на хигиената и заштита на животната средина. Од претпријатието апелираат до граѓаните отпадот да се одлага исклучиво на означени и соодветни места, со што заеднички ќе се придонесе за почиста и уредна Македонска Каменица. Претходно, претпријатието спроведе неколку слични акции за уредување и на други јавни површини во Македонска Каменица. Грижата за животната средина е заедничка обврска.
Градоначалникот на Општина Делчево упатува покана до бизнис заедницата и претставниците на компаниите од општината за учество на работна средба, со цел унапредување на соработката и зајакнување на односите помеѓу бизнис секторот и Општина Делчево. Бидејќи општината е мост меѓу компаниите и централната власт, потребна ни е интензивна меѓусебна соработка да создадеме поволна деловна средина со можност за директна комуникација, вмрежување и подобро информирање за можностите за соработка. За таа цел, на 16.02.2026 год. со почеток во 12 часот, во салата во Општина Делчево, Ве покануваме да дојдете и да земете учество на оваа работна средба и заедно да споделиме…
