Author: Media Point
Најмногу дожд во изминатите 24 часа заклучно со 7 часот изутрина наврна во Пожаране, 48 литри на метар квадратен, по што следуваат со 45 Тетово, со 33 Лазарополе, со 31 Mаврови Анови. Во Охрид наврнале 29 литри дожд, Скопје-Зајчев Рид, 21, Попова Шапка, 17, Kрушево, 16, Битола, 15, Скопје-Петровец, 13, Ѓуриште, 12, Крива Паланка, 11, Прилеп, 9, Претор и Велес, 8, Гевгелија, 7, Берово и Тополчани, 6, Виница и Струмица, 4, Штип, 3, Кавадарци и Демир Капија, 2, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи. На Попова Шапка температурата во 7 часот изнесувала -1 степен, 1 во Mаврови Анови, 2…
Денеска го славиме Воведувањето на Господа, денот кога луѓето првпат го сретнале бебето Исус Христос. Четириесет дена по неговото раѓање, Богородица го донела својот син во храмот во Ерусалим за да му го посвети на Бога според законот. Во храмот ја виделе старецот Симеон и вдовицата Ана, кои во малиот Исус го препознале долгоочекуваниот Месија. Оваа вест фарисеите му ја соопштиле на царот Ирод, кој мислел дека тоа е новиот цар за кој му кажале астролозите од Исток, па тој брзо испратил луѓе да го убијат Христ. Сретение меѓу народот се толкува како ден кога се спојуваат зимата и летото.…
Спомен на свети маченик Трифун и молитвено сеќавање на упокоените – Задушница Православната Црква денес го одбележува споменот на светиот маченик Трифун, а воедно влегува во претпразненството на Сретението Господово и го одбележува денот посветен на молитвено сеќавање на упокоените – Задушница. Свети Трифун уште од младоста Му служел на Бога со искрена вера и чисто срце. Познат по дарот на исцелување и силната молитва, тој останал непоколеблив во исповедувањето на Христа, сведочејќи ја својата љубов со маченичка смрт. Неговиот пример потсетува дека верата и светоста не зависат од возраста, туку од преданоста и смирението. Во пресрет на Сретението Господово,…
Полицајците на Вождовац уапсија државјанин на Македонија, С. Г. (46), поради сомнение дека од одмазда ја запалил пицеријата во која работел, а потоа снимките од пожарот ги испраќал на сопствениците. Полицијата го уапсила С. Г., кој се товари за кривични дела предизвикување општа опасност и загрозување на безбедноста. објави Скопје1.мк Како што беше објавено, С. Г. скоро добил отказ во пицеријата каде работел, па револтиран дошол со шише бензин и го запалил внатрешниот дел на објектот. Тој го снимил пожарот, а потоа снимките им ги испратил на сопствениците со порака „Гледајте како гори“. Осомничениот С.Г. е приведен до 48 часа…
Во попладневните часови на 12 февруари 2016 година, во Домот на културата во Македонска Каменица, со благослов на Епископот Делчевско-каменички г. Марко, во рамките на прославата на празникот на светите Три Јерарси, се одржа промоција на филмот „Железна тврдина“ на режисерот Митко Панов. По завршувањето на проекцијата, за филмот говореше Неговото Преосвештенство Епископот Дремвитски г. Давид. На крајот следеше богата и плодотворна дискусија помеѓу присутните гледачи, од една, и режисерот Митко Панов и епископите Марко и Давид, од друга страна.
ЖФК Каменица САСА ќе одигра пријателски натпревар против ЖФК Вардар Натпреварот ќе се одигра на 15 февруари 2026 година, во недела, со почеток во 13:00 часот, на Градскиот стадион во Македонска Каменица. Се покануваат љубителите на фудбалот да присуствуваат и да ги поддржат фудбалерките во овој контролен меч.
ТППЕ Берово доби специјално противпожарно возило од Словенија Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Берово денеска официјално го прими новото специјално противпожарно возило, донирано од Доброволното противпожарно друштво Битње од Република Словенија. Станува збор за значајна донација која ќе придонесе за унапредување на системот за противпожарна заштита и зголемување на оперативната подготвеност на единицата во Општина Берово. На примопредавањето, градоначалникот на Берово, Петар Ружински, упати благодарност до сите кои придонеле за реализација на донацијата. – Посебна благодарност упатувам до пратеничката и наша сограѓанка, госпоѓа Сандра Газинковска, која со својата лична заложба имаше клучна улога во реализацијата на оваа донација и во поврзувањето…
Архиерејска Литургија во Делчево по повод празникот на Светите Три Јерарси На 12 јуни, на празникот посветен на Светите Три Јерарси, во храмот „Св. Наум Охридски“ во Делчево беше отслужена Света Архиерејска Литургија. Со Литургијата началствуваше Неговото Преосвештенство викарниот Епископ дремвитски г. Давид, на покана и во сослужение со надлежниот архиереј, Неговото Преосвештенство Епископот делчевско-каменички г. Марко. Во богослужбата учествуваа и повеќе свештенослужители од епархијата. По прочитаното евангелско зачало, беседа одржа Епископот г. Давид, обраќајќи се кон присутните верници со духовна поука во чест на големите учители и светители на Црквата. На крајот од Литургијата, со пригодни зборови на благодарност…
Екипата на Каменица Саса го засили својот состав со ангажманот на 22-годишниот фудбалер Алмир Цаколи, кој кариерата ќе ја продолжи во дресот на клубот од Македонска Каменица. Цаколи своите први фудбалски чекори ги направил во ФК Шкупи, а во досегашната кариера настапувал и за Арсими од Чегране, како и за Шкендија Арачиново, каде стекнал значајно искуство на домашната сцена. Трансферот на младиот фудбалер беше реализиран со посредство на неговиот менаџер Ирфан Кајоли, а во Каменица Саса очекуваат тој да биде значајно засилување во продолжението од сезоната и да придонесе во исполнувањето на клупските амбиции.
Делчево доби современ систем за далечински мониторинг на пациенти од руралните и оддалечените подрачја Делчево воведува современ систем за далечински мониторинг и дијагностика на пациенти, со што прави значаен исчекор во унапредувањето на примарната здравствена заштита, особено за жителите од руралните и оддалечените подрачја. Градоначалникот денеска ја посети ЈЗУ Здравствен дом – Делчево, каде заедно со директорката Билјана Ѓеорѓиевска, докторите Софија Станоева Стојановска и Тони Георгиевски, како и со медицинскиот персонал од Итната медицинска помош, се запозна со новата опрема која овозможува следење на здравствената состојба на пациентите од далечина. Станува збор за најсовремен систем преку кој во реално време…
