Author: Media Point
На 13.02.2026 (петок) се одржа општински натпревар по биологија на кој учествуваше и Софија Ситновска, ученичка при СОУ “Миле Јаневски Џингар” од Македонска Каменица. “Софија обезбеди пласман за понатамошен натпревар на регионално ниво, – истакнаа од училиштето, упатувајќи честитки за постигнатиот успех на Ситновска со желби за уште многу успеси во иднина.
Пчеларите од Македонска Каменица во понеделник ќе го одбележат патрониот празник Св. Харалампиј Пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ ги повикува сите свои членови и заинтересирани граѓани да учествуваат на традиционалното одбележување на празникот Св. Харалампиј, заштитник на пчеларите. Настанот е закажан за 23 февруари 2026 година, понеделник. Програмата започнува во 10:00 часот со Света литургија пред храмот Успение на Пресвета Богородица, а во 11:00 часот ќе следува засадување садници кај Рудникот Саса. Во 12:00 часот, веднаш по засадувањето на дрвцата во Рудникот Саса, членовите ќе добијат медоносни садници. Оваа традиционална активност не само што ја промовира грижата за природата, туку…
Знаете ли од кај иде оваа длабока сиромаштија, без перспектива, јад и очај? Сето тоа е личен револт, од реакцијата, од нервозите и фрустрациите кои ни ги наметнуваат и кои имаат за цел како индивидуи да не поништат, како таксена марка кога ја прешкртаат. Бесот е оправдан, длабоко вкоренет во срцето на праведниот ум. Како луѓето да издржат кога гледаат кој се врши јавна функција? Како да останат мирни кога се неми пред општински, регионални и државни функционери кои стомаците си ги полнат и празнат кога посакаат, како товени свињи? Како да направат разлика помеѓу полицаец и криминалец, цариник и…
ЧУПИНО WINTER VERTICAL 2026 – 5 километри и 1000 метри искачување Во недела, 22 февруари, по осми пат ќе се одржи планинската трка „Chupino Winter Vertical“, која прерасна во еден од најатрактивните зимски спортски настани во регионот. Трката е долга 5 километри со 1000 метри висинска разлика. Стартот е закажан во 10:00 часот од чаршијата во Блатец, а целта е на врвот Чупино. Организаторите најавуваат учество на околу 150 натпреварувачи од осум држави, меѓу кои и врвни вертикал тркачи од регионот. Со оваа трка официјално започнува новата сезона на Sky Running лигата. По пристигнувањето на првите натпреварувачи, во 11:30 часот…
Возљубени браќа и сестри во Христа, денес со благодарност го празнуваме споменот на преподобниот Партениј, епископ Лампсакиски, голем чудотворец и пастир исполнет со љубов кон Бога и кон луѓето. Свети Партениј уште од младоста се одликуваше со чист живот, длабока вера и милосрдие. Како епископ на Лампсак, тој ја водеше паствата со тивка мудрост и духовна сила, а по Божја благодат доби дар да исцелува болни и да изгонува нечисти духови, секогаш сведочејќи дека силата не е во човекот, туку во Христос. Неговиот живот ни покажува дека вистинскиот пастир е оној што служи со смирение, молитва и жртвена љубов, и…
СЕ ПРОДАВА ТРОСОБЕН СТАН ОД 85m² ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Се продава трособен стан во Македонска Каменица со вкупна површина од 85 m². Станот се наоѓа на улица „Александар Македонски“. Идеален за семејно домување, со комфорен и функционален распоред. Повеќе и подетални информации исклучиво на телефон 071 549 621.
Митко Костадиновски: Исплатени речиси 30 милиони денари обврски во Општина Виница од почетокот на градоначалничкиот мандат Градоначалникот на Виница, Митко Костадиновски, информира дека во изминатите три месеци Општината исплатила речиси 30 милиони денари обврски кон добавувачи и по разни основи. Исплатени се 6.500.000 денари за надоместоци на лицата ангажирани во спроведувањето на двата круга од минатогодишните локални избори. Дополнително, реализирана е исплата од 8.000.000 денари за изградба и реконструкција на улици и 2.000.000 денари за изработка на проекти и геодетски услуги. Општината ја исплатила и последната рата од кредитот од 2013 година во износ од 2.300.000 денари, како и долгот…
Родителите сѐ позагрижени за трендот децата да минуваат многу време заедно со своите паметни уреди. Потенцијалните ризици се големи и многу познати, особено кога станува збор за менталното здравје, раст и развиток на децата. Она што најмногу е зборувано е играта „Роблокс“ која стана забранета во голем број земји, поради негативните нус-ефекти. – Истражувањата за дигиталното однесување на децата покажуваат дека „Роблокс“ може да ги преобликува емоционалните обрасци на начини што многу семејства не ги очекуваат. Она што изгледа како едноставна игра постепено станува циклус обликуван од награди, социјален притисок и непредвидливо возбудување што го одржува мозокот на детето да копнее повеќе.…
Прием во кабинетот на градоначалникот Гоцевски: Делчево домаќин на ученици од Тирана во рамки на „Суперучилишта“ Градоначалникот Иван Гоцевски денеска во својот кабинет оствари средба со претставници од СОУ „Методи Митевски – Брицо“ и со ученици и наставници од партнерските училишта од Тирана, Албанија, кои престојуваат во Делчево во рамки на програмата „Суперучилишта“ – четврти циклус. Во рамки на проектната размена, во Делчево се реализираат активности со учество на 15 ученици и двајца наставници од средни технички и економски училишта од Тирана. На средбата се разговараше за тековните активности, програмата за престојот и можностите за понатамошна меѓународна соработка. Градоначалникот истакна…
Успешен настап на учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ на општинскиот натпревар по биологија Македонска Каменица – На 13 февруари 2026 година во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица се одржа општински натпревар по биологија, на кој учениците постигнаа значајни резултати. Во VII одделение, Бојана Митевска освои II награда, а Дамјан Стоименовски III награда, под менторство на наставничката Виолета Накова. Под менторство на наставничката Љупка Ристовски, Теона Николовска доби пофалница. Во VIII одделение, Јана Петровска освои II награда, додека Нела Митевска доби пофалница. Во IX одделение, под менторство на наставничката Љупка Рустовски, ученичката Тамара Таскова освои II…
