Author: Media Point

На 28.12.2025 во 03:00 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Б.Ј.(34) од Виница. Во 02:33 часот на ул.„Маршал Тито“ во Виница, тој со патничко возило „пежо 508“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 35-годишната В.Х. од с.Јакимово, виничко, која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани. За настанот е известен јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Виница. Подоцна, во 05:30 часот, додека бил во полициска станица, Б.Ј. пријави дека во 02:30 часoт пред угостителски објект на истата улица бил физички нападнат од Д.И.…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 29. Декември 2025 година – Советот на Општина Македонска Каменица донесе одлука за прогласување тридневна жалост по повод смртта на нашата сограѓанка Симона Каранфиловска. За денови на жалост се прогласуваат, 30 и 31 декември 2025 година, како и 1 јануари 2026 година. Во периодот на жалост се откажуваат сите настани од забавен карактер, а знамињата пред институциите ќе бидат истакнати на половина копје. Одлуката беше донесена со 11 гласови ЗА.

ПОВЕЌЕ ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23% во однос на одлуката од 22 декември. Од 30 декември од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин Еуросупер БС-95 – 70,50 ден/л моторен бензин Еуросупер БС-98 – 72,50 ден/л дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 65,00 ден/л масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 64,00 ден/л мазут М-1 НС 33,649 ден/кг Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98,…

ПОВЕЌЕ ...

Со 8 гласа ЗА и 6 ПРОТИВ беше изгласан најголемиот Буџет во историјата на Општина Виница во износ од 547.708.000 денари во кој капиталните расходи исто така се планирани на рекордно ниво во историјата на општината и се во износ од 139,5 милиони денари. Покрај капиталните објекти кои во 2026 година ќе се градат во Општина Виница преку буџетот на општината, ќе има пари за невладините организации и здруженија, ќе има пари за спортските клубови, ќе има пари за секое новороденче во износ од 6.000 денари, ќе има зголемување на финансиската помош за секое првооделенче на 5.000 денари, ќе има…

ПОВЕЌЕ ...

Тепачка во казино во Берово На 29.12.2025 околу 00:10 во ОВР Берово е пријавено дека во казино во Берово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.З.(22) и Ј.Д.(28), двајцата од Берово. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВЕЌЕ ...

Навивачката група “Багери” од Македонска Каменица со емотивна порака се простија од еден од настарите свои членови, Перо Десподовски. Пораката ви ја пренесуваме во целост: Со голема тага и искрена болка, навивачката група “Багери” од Македонска Каменица, се простува од својот долгогодишен и еден од најстарите свои членови ветерани, Перо Десподовски кој по кратко боледување почина вчера. Перо со години беше дел од навивачкта група и секогаш беше присутен на бројни спортски натпревари и наши активности. Неговото име ќе остане запаметено меѓу Багерите и граѓаните на Македонска Каменица. Почивај во мир!

ПОВЕЌЕ ...

Роден е во Вавилон, за време на робувањето на Израилот, од племето Левиево. Пророкуваше 470 години пред Христа. Како млад го посети Јерусалим. Ги поттикнуваше Зоровавел и свештеникот Исус да го обноват храмот Господов пророкувајќи му на тој храм поголема слава од поранешниот храм Соломонов. „Славата на овој последен храм ќе биде поголема отколку на поранешниот, вели Господ над војските“ (Агеј 2, 9). Зашто во новиот храм ќе се јави Господ Спасителот. Овој пророк доживеа да види еден изграден дел од храмот, што го почна Зоровавел. Се упокои на старост.

ПОВЕЌЕ ...

Новогодишната ноќ ќе помине во знакот на многу ладно и суво време, под влијание на изразено студена и сува воздушна маса која ќе продре од север. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а времето ќе биде ведро, без облачност и без врнежи од снег, што значи дека ќе преовладува т.н. сув студ. објави Скопје1.мк Температурите на воздухот за време на новогодишната ноќ насекаде во Македонија ќе бидат под нулата, и ќе се движат во интервал од -10 до -3 степени, додека на повисоките населени места и на планините постојат услови тие да се спуштат и под -10…

ПОВЕЌЕ ...

Стаменковски, Димитрова, Јангеловски и Костадиновски – добитници на наградите на шаховското првенство во Македонска Каменица Во Ресторан „Кај Кацата“ во Македонска Каменица се одржа свечено доделување на наградите од затвореното шаховско првенство, во организација на Шаховскиот клуб Каменица Саса. Наградите беа доделени во четири категории. Кај сениорите, првото место го освои Лазо Стаменковски, кај жените сениори најдобра беше Славка Димитрова, кај младинците наградата ја доби Андреј Јангеловски, а кај пионерите најуспешен беше Немања Костадиновски. Најмладите членови на клубот добија новогодишни пакетчиња, а од Шаховскиот клуб Каменица Саса упатени честитки до сите учесници за постигнатите резултати. На свечениот настан присутна беше…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот на Општина Делчево, заедно со претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, и претседателката на синдикалната организација при Општина Делчево, Ивана Ивановска, потпиша Анекс за измена и дополнување на Колективниот договор на Општина Делчево. Со потпишувањето на Анексот се регулира и зголемува висината на платите на вработените во Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Делчево, со што се решава деценискиот проблем на професионалните пожарникари. Истовремено, со измените во Колективниот договор се предвидува зголемување на платите и за сите вработени во Општина Делчево, со што се унапредува нивниот статус и се подобруваат условите за работа. Овој чекор претставува значајно унапредување на правата на вработените…

ПОВЕЌЕ ...