Екипата на Каменица Саса го засили својот состав со ангажманот на 22-годишниот фудбалер Алмир Цаколи, кој кариерата ќе ја продолжи во дресот на клубот од Македонска Каменица. Цаколи своите први фудбалски чекори ги направил во ФК Шкупи, а во досегашната кариера настапувал и за Арсими од Чегране, како и за Шкендија Арачиново, каде стекнал значајно искуство на домашната сцена. Трансферот на младиот фудбалер беше реализиран со посредство на неговиот менаџер Ирфан Кајоли, а во Каменица Саса очекуваат тој да биде значајно засилување во продолжението од сезоната и да придонесе во исполнувањето на клупските амбиции.
Author: Media Point
Делчево доби современ систем за далечински мониторинг на пациенти од руралните и оддалечените подрачја Делчево воведува современ систем за далечински мониторинг и дијагностика на пациенти, со што прави значаен исчекор во унапредувањето на примарната здравствена заштита, особено за жителите од руралните и оддалечените подрачја. Градоначалникот денеска ја посети ЈЗУ Здравствен дом – Делчево, каде заедно со директорката Билјана Ѓеорѓиевска, докторите Софија Станоева Стојановска и Тони Георгиевски, како и со медицинскиот персонал од Итната медицинска помош, се запозна со новата опрема која овозможува следење на здравствената состојба на пациентите од далечина. Станува збор за најсовремен систем преку кој во реално време…
Кривична пријава против осум лица од Виница и виничко за повеќе сторени кривични дела во врска со бесправна сеча и транспорт на огревно дрво Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.И.(49) од с.Калиманци, виничко и А.А.(31) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено „продолжено кривично дело“ во врска со кривично дело „кражба“, против Ј.П.(59) од Виница, управител на правно лице од Виница, за „несовесно работење во службата“, против С.Ѓ.(64) од с.Лески, виничко, вработен во ЈП „Национални шуми“ – Подрачно шумско стопанство „Плачковица“ во Виница, за „продолжено кривично дело“ во врска со „злоупотреба на службената…
Започна реконструкцијата на главната улица во село Градец – инвестиција од над 6,8 милиони денари По барање на жителите на село Градец, започна реализацијата на нов инфраструктурен проект – реконструкција на главната улица во селото. Проектот опфаќа целосна реконструкција на улица во должина од 530 метри, како и крак од истата во должина од 220 метри. Патната делница беше во исклучително лоша состојба, со бројни ударни дупки и пукнатини, а на одредени места беа евидентирани и видливи деформации и слегнувања на коловозот. Според информациите од Општина Виница, улицата не била реконструирана најмалку две децении. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 6.864.432…
Виничкото здружение „Умиление“ помага на околу 80 семејства – во тек е реновирање на две куќи на сограѓани во социјален ризик Хуманитарното здружение „Умиление“ од Виница континуирано спроведува активности за поддршка на ранливи категории граѓани, опфаќајќи околу 80 семејства од општината. Здружението на месечно ниво обезбедува прехранбени и хигиенски пакети за семејства во социјален ризик. Покрај тоа, активно помага при опремување на домови, набавка на огревно дрво, обезбедување лекови, како и при плаќање и закажување болнички третмани и други неопходни услуги. Во моментов, „Умиление“ реализира две поголеми хуманитарни акции – реновирање на две куќи кои се наоѓаат во исклучително…
Во официјална посета на Општина Кочани престојуваше амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, придружувана од советничката Ана Вучиќ. Тие остварија средба со градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов. На средбата се разговараше за актуелните состојби во општината, со посебен осврт на настаните по пожарот во дискотеката „Пулс“. Беа разгледани можностите за поддршка и соработка во надминување на последиците од трагедијата. Во рамки на посетата, амбасадорката ја посети и Територијалната противпожарна единица во Кочани, каде што се запозна со капацитетите и подготвеноста на службата. Предвидена е и средба со децата кои беа повредени во пожарот, како израз на поддршка и солидарност.
Општина Кочани работи на нови урбанистички планови – јавна презентација и анкета за ДУП за градска четврт 13 Општина Кочани продолжува со активностите за изработка и донесување нови урбанистички планови. Во таа насока, организира јавна презентација и јавна анкета по Деталниот урбанистички план за градска четврт 13 од ГУП за град Кочани, за планскиот период 2022–2027 година. Станува збор за нацрт-план со технички број 0801-458/20 од февруари 2025 година, со површина од 69,12 хектари, изработен од ДТУ „Билд Урбан“ ДООЕЛ Скопје. Планскиот опфат е дефиниран: – од исток по оската на сервисната улица „Димитар Влахов“, – од југ по оската…
Продолжуваме со реконструкција и изградба на патната инфраструктура во Делчево. Машините од денес работат на реконструкција на ул „Кочо Рацин“ во населбата Милково Брдо. Согласно со проектот ќе се реконструира подземната инсталација-реконструкција на старата водоводна мрежа и замена на старата инсталација со нова полиетиленска инсталација, а по овие зафати, ќе се реконструира коловозот на улицата во должина од 108 метри кој беше доста оштетен и предизвикуваше големи проблеми на жителите. Со овој зафат, жителите од улицата, но и сите кои гравитрираат во овој дел на Делчево, ќе добијат современа сообраќајница, поголема безбедност во сообраќајот и современ пристап до своите домови.…
Започна заловување на бездомни кучиња во Македонска Каменица – граѓаните очекуваат решавање на проблемот Македонска Каменица, 11. Февруари 2026 година – Во Македонска Каменица денеска се спроведува акција за заловување на бездомни кучиња на територијата на градот. Активноста се реализира со цел зголемување на безбедноста на граѓаните и обезбедување хумано постапување со животните. Акцијата ја спроведува овластената фирма Друштво за услуги „Ветеринарна станица“ ДООЕЛ Виница, согласно законските прописи и утврдени процедури. Во изминатиот период до нашата редакција пристигнаа повеќе поплаки од граѓани за зголемен број кучиња скитници во градот, како и за ситуации што предизвикуваат чувство на небезбедност кај…
Новиот состав на Советот за социјална заштита на Општина Делчево денеска ја одржа својата Конститутивна седница на која беше избрано новото раководство на Советот. Со консензус на сите членови за претседател е избран Зоран Биковски, а за заменик-претседател Билјана Ѓеоргиевска. На Седницата, новите членови на Советот се запознаа со активностите и мерките предвидени во Програмата за социјална заштита за 2026 г, а посебно внимание беше посветено на Планот за подготовка на Социјалниот план за период 2026-2030- значаен документ кој треба да ги опфати сите активности и мерки и услуги кои ќе се даваат на граѓаните. Советот за социјална заштита ги има следните надлежности: изготвува…
