Author: Media Point
Православната црква ги одбележува спомените на преподобниот Тимотеј и свети Евстатиј Антиохиски Православните христијани денес го одбележуваат споменот на преподобниот Тимотеј и на свети Евстатиј, архиепископ Антиохиски. Празникот се одбележува во периодот на Великиот пост, кога во храмовите се чита Акатистот на Пресвета Богородица. Преподобниот Тимотеј бил познат по својот строг монашки подвиг, живот исполнет со пост и молитва, оставајќи пример за духовна посветеност и смирение. Свети Евстатиј Антиохиски, пак, останал запаметен како ревносен бранител на православната вера во времето на аријанската ерес. Поради своето исповедање на верата и одбраната на вистината за Христовото Божество, тој претрпел прогонство и страдања.…
Општина Македонска Каменица доделува стипендии за талентирани ученици од основното и средното образование, во согласност со Правилникот за доделување стипендии. Договорите со учениците веќе се потпишани и од страна на градоначалничката Соња Стаменкова. Стипендиите се доделуваат во траење од 10 месеци, во месечен износ од 3.000 денари. Право на стипендија од основното образование, ученици од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, добија: Марија Стоименовска, Миа Паунова, Ема Димитровска, Викториа Алексовска, Каја Малчовска, Тамара Таскова, Јована Стоиловска, Јана Петровска, Леонид Гоцевски, Јулијана Ивановска и Нела Митевска. Стипендии за средно образование добија: Марко Милчевски од ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ – Скопје,…
Киро Глигоров одбил понуда од 100 милиони долари за промена на името, открива документ на ЦИА Поранешниот македонски претседател Киро Глигоров одбил понуда од 100 милиони долари за промена на името во 1992 година, се наведува во неодамна декласифициран документ на американската тајна служба ЦИА. Документот открива дека Глигоров одбил понуда од грчки претставници од 100 милиони долари, под услов името на земјата да се промени. Претседателот ги опишал грчките барања како целосно неразумни, изјавувајќи дека Македонија никогаш нема да ги прифати. Тој инсистирал дека републиката обезбедила доволно докази дека нема територијални претензии кон своите соседи, а во исто време изразил…
Библиотеката во Делчево ги награди најактивните читателки по повод 8. Март – Меѓународниот ден на жената Во Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево, каде што мнозинството членови се жени, по повод 8 Март традиционално се наградуваат најредовните и најактивните читателки. Годинава, во пресрет на Меѓународниот ден на жената, библиотеката ги одбра и награди три редовни читателки: Марија Илиевска, Тања Лазаревска и Роза Дамјановска. На нив им беа доделени цвеќе и книги како знак на признание за нивната континуирана посветеност на читањето. „Жената што чита никогаш не старее, таа постојано расте“, велат од библиотеката, изразувајќи надеж дека наградените ќе продолжат да…
Младите од Црвениот крст Делчево реализираа едукативна Escape Room активност Во рамки на Програмата за работа на Клубот на млади при Општинска организација на Црвен крст Делчево успешно беше реализирана интерактивната активност Escape Room „Мисија: Спаси ја хуманоста“. Преку тимски предизвици и логички задачи, младите волонтери ги продлабочија своите знаења за принципите на Црвениот крст, првата помош и постапувањето во кризни ситуации. Активноста беше организирана како едукативна игра, во која учесниците работеа во тимови и преку соработка стигнуваа до финалната мисија. Од организацијата информираат дека ваквиот пристап придонесува за развој на тимска работа, комуникациски и лидерски вештини, потврдувајќи дека младинските…
Здружението фолклорна група „Копачка“ село Драмче, Делчево, во соработка со Балканскиот институт за вера и култура, и со галеријата „Метаноја“ организира промоцијата на книгата „Ехото на дамарите на пијанчани – Копачката“ од Перса Стојановска што ќе се одржи во петок, на 6 март 2026, во 19 часот во Галерија „Метаноја“ во Скопје. Орото „Копачка“ е единственото оро од Македонија, впишано во УНЕСКО – Репрезентативна листа за нематеријални културни наследства на човештвото, на 27.11.2014 година во Париз. Фолклорната група „Копачка“ од село Драмче, Делчево е единствениот носител – практичар на ова наше национално и светско културно наследство на УНЕСКО. Монографијата е…
Ловно друштво „М. Каменица–Саса“ информира дека влезниците за ловечката вечер, која ќе се одржи на 14 март 2026 година (сабота) во ресторанот „Иднина“, се целосно распродадени. Пополнет е капацитетот од 201 место. Од друштвото изразуваат благодарност до пријателите и поддржувачите кои ја помогнаа организацијата на настанот, и тоа: „Нико Стил“, „Кам Бисер Гранити“, „Де Пласт“, „Адри Груп“, „Анабела 2018“, Одгледувачница на свињи „Јовче – Турија“, „Кав Кам“, „Бор-На Шпед“, „Руд Фуд“, „Мебел Де“, „Таке Пром“, „Ел Компани“, „Ви-Ор“, „Јаков“, „Иднина“, „Кај Кацата“, „Белисима“, „Таки-Таки“, „Месара Мацо“, „Перална Лука“ и „Пиљара Паке Фреш“. Организаторот најавува и дополнителни спонзорства за збогатување на…
Во Виница отворен прв социјален провајдер за помош и нега во домот Во Виница за првпат започна со работа социјален провајдер за услугата помош и нега во домот. Станува збор за Асоцијација на социјални провајдери „Стартер Плус“ – Виница, лиценциран и финансиран од Министерство за социјална политика, демографија и млади, кој функционира во соработка со Центар за социјална работа Виница. Корисници на услугата можат да бидат лица со најтешка и комбинирана попреченост, потполно слепи лица, стари лица и други граѓани со намален функционален капацитет кои не можат самостојно да се грижат за себе. Максималниот обем на услугата изнесува до 80…
Отворен нов Туристички културно-информативен центар во Делчево Во Делчево започна со работа новиот Туристички културно-информативен центар, лоциран во најфреквентниот дел од градот, во близина на Градското кино. Центарот има за цел на едно место да ги презентира туристичките и културните потенцијали на општината и да придонесе кон локалниот економски развој. Проектот го реализира Општина Делчево во соработка со НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево и Министерство за дигитална трансформација. Предвидено е воспоставување репрезентативна база на туристички потенцијали, кои ќе бидат структурирани во туристички производи наменети за домашни и странски тур-оператори. Во рамки на центарот ќе функционира и дигитална платформа за промоција…
Синоќа Секторот за компјутерски криминал при редовните активности за следење на дигиталниот простор детектирал објава на социјална мрежа со содржина што укажувала на можна намера за самоубиство малолетник. Министерството за внатрешни работи (МВР) спречи малолетник да изврши самоубиство. Како што соопштија од МВР, синоќа Секторот за компјутерски криминал при редовните активности за следење на дигиталниот простор детектирал објава на социјална мрежа со содржина што укажувала на можна намера за самоубиство од малолетник. „Веднаш по добиените сознанија беше постапено итно и координирано, при што беа преземени сите неопходни мерки и активности за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето. За кратко…
