Author: Media Point
Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат А-3 Кочани – Виница, во близина на ресторанот „Шагал“. Според наши информации, несреќата се случила околу 13:44 часот, при судир меѓу патнички возила „Мазда“ и „Фолксваген Поло“. Едно лице починало на местото на несреќата, додека неколкумина повредени со возила на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Кочани. На местото на несреќата интервенирала и екипа на Територијалната противпожарна единица, која работела на извлекување на починатото лице од возилото. Полицијата е на терен и се врши увид.
ФОТО| Повеќе од 1.000 планинари на маршот во чест на „Ивона Антова и 63 ангели“ Пониква, 15 март 2026 година / netpress.com.mk Повеќе од 1.000 планинари од Македонија и странство земаа учество на првиот Меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“ во спомен и чест на младата планинарка и 63 млади лица кои трагично ги загубија животите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани. Планинарите го искачија врвот Панаѓур (1.669 м.н.в) на Осоговските Планини, почнувајки од местото „Аеродром“ на Пониква каде е планирано да се гради меморијален паметник „Ангели“ во чест на жртви од кочанската трагедија од 16 март…
Во најава Конзуларен ден за македонските граѓани во Пиемонте – можност за вадење документи без патување до Венеција Македонско здружение ЗАЕДНО-ИНСИЕМЕ во соработка со Генерален конзулат на Република Северна Македонија во Местре најави можност за организирање Конзуларен ден за македонските граѓани во регионот Пиемонте. Настанот се планира да се одржи во јуни или јули и ќе им овозможи на нашите иселеници полесно да ги завршат конзуларните услуги, како издавање патен лист и други документи, без потреба да патуваат до Венеција. Предвидено е Конзуларниот ден да се одржи за време на викенд. Од здружението ги повикуваат заинтересираните граѓани да го пријават…
Одржана четвртата работилница од проектот „Моја идеја – наша реализација“ Во Виница се одржа четвртата работилница од проектот „Моја идеја – наша реализација: Младински ХАБ – Млади исток“, во организација на Здружение ИНИ. На настанот учествуваа околу 20 млади лица, како и претставници на невладини организации и институции. Проектот има за цел формирање младински хаб што ќе обезбеди знаења, менторство и поддршка за развој на социјални претпријатија раководени од млади од Македонска Каменица, Виница и Делчево. На работилницата, експертот Зоран Биковски одржа обука за управување со социјални претпријатија, развој на бизнис идеи, правни и финансиски аспекти, изработка на бизнис план…
ЛД „М. Каменица – Саса“ гради висока чека и планира нови активности во ловиштето Членовите на Ловно друштво М.Каменица – Саса ги искористија поволните временски услови за изградба на ловно-технички објект – висока чека, согласно планската ловно-одгледувачка основа и годишната програма за работа. Од друштвото информираат дека во наредниот период се планирани и други активности, меѓу кои подигање едногодишни и повеќегодишни ремизи и изградба на нови ловно-технички и ловно-стопански објекти. Од ловното друштво упатуваат лагодарност беше упатена до ловечката група „Драмчање“ за логистичката поддршка.
Општина Делчево на својата веб-страница, delcеvo.gov.mk , објави е-анкетен прашалник со кој се мери задоволството на граѓаните од квалитетот на услугите што ги нуди Општина Делчево. Целта на анкетата е да се подобри квалитетот на услугите што ги нуди Општина Делчево. Анектата е анонимна, а резултатите ќе се користат исклучиво во насока за подобрување на општинските услуги. ЛИНК ОД АНКЕТАТА
Изградена улицата „Драмечка“ во делчевската населба Басарица Во Делчево е реализиран уште еден инфраструктурен проект – изградбата на улицата „Драмечка“ во населбата Басарица. Улицата и еден нејзин крак, со вкупна должина од 155 метри, добија нов асфалт, со што жителите конечно добија уредена сообраќајница и подобар пристап до своите домови. Пред асфалтирањето беше поставена и подземна атмосферска канализација, со што проектот е реализиран согласно инфраструктурните стандарди. За реализацијата на проектот се обезбедени 2.862.015 денари од Министерство за транспорт на Република Македонија, а изведувач на градежните работи е компанијата ОСД Кирил. Од општината најавуваат дека инфраструктурните активности во населбата Басарица ќе…
Пожар избувна синоќа во Прочистителната станица за отпадни води во селото Мојанци. Според информации од ТППЕ од Кочани, огнот се појавил на инсталација од системот за пренос на метан, при што се запалиле цевки од системот. Ова се случило околу 20:30 часот. -Добивме дојава за пожар во прочистителната станица во Мојанци и веднаш интервениравме со четири возила и осум пожарникари. Со нас беше и возило од ДПД . Пожарот од наша страна брзо е локализиран и изгаснат . Беше запален и зафатен дел од прочистувањето на метанот, но сега веќе нема опасност. Фабриката продолжува да работи, ни изјави доцна синоќа,…
В сабота на 14-ти март во црквата Св. Великомаченик Ѓорѓи во Кочани со архијерејска литургија и помен за загинатите, ќе почне одбележувањето на годишнината од најголемата трагедија во поновата историја на Македонија. Богослужбата ќе ја предводи архиепискот охридски и македонски Стефан, заедно со надлежниот и митрополит Брегалнички Иларион. Потоа на градските гробишта ќе биде отслужено и опело за жртвите од трагичниот настан во дискотеката Пулс. Владата, Здружението на граѓани 16 март и општината се подготвуваат за одбележување на овој настан со низа активности, со кои треба да им се оддаде почит на жртвите. На 15 март се предвидени повеќе спортски…
Влатко Стефановски го сними новиот авторски албум „Мускулна меморија“ (Muscle Memory), кој ќе биде во продажба од 20 март како цеде и дигитално издание. За љубителите на винили, „Кроација рекордс“, матичната дискографска куќа на гитарскиот виртуоз, подготвува и плоча. „Новиот студиски албум има девет нови песни, кои стилски се движат помеѓу прогресивен рок и фјужн, со препознатливите виртуозност и емотивна изразност, што со децении го обележуваат неговото творештво“, велат од „Кроација рекордс“. Оттаму додаваат дека на албумот има четири инструментални композиции и пет песни со текст. „Покрај неверојатните гитарски солажи на Влатко Стефановски и неговото карактеристично чувство за мелодија, песните…
