Author: Media Point

Костадиновски со честитка по повод Рамазан Бајрам до граѓаните од исламска вероисповед Градоначалникот на Виница, Митко Костадиновски, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод Рамазан Бајрам. Во својата порака, тој им посака празникот да го поминат во радост, хуманост и хармонија, опкружени со семејството, пријателите и соседите. Костадиновски нагласи дека овие празнични денови се потсетник на значењето на толеранцијата, меѓусебното разбирање и почитувањето на универзалните човечки вредности. На крајот, упати честитка до сите верници со порака: Честит Рамазан Бајрам.

ПОВЕЌЕ ...

„Недела на селата“ во Делчево: Општината со теренски средби и проекти во секое населено место Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски најави почеток на иницијативата „Недела на селата“, со која општината во наредниот период ќе ја интензивира директната комуникација со жителите во руралните средини. Во текот на овој и следниот месец, планирани се посети на сите села во општината, при што ќе се организираат отворени денови на терен, со цел граѓаните непосредно да ги изнесат своите проблеми, потреби и предлози. Заедно со општинската администрација, на лице место ќе се разгледуваат можностите за нивно решавање. Како дел од иницијативата, најавена е реализација…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот на Делчево, 2Иван Гоцевски со честитка по повод Рамазан Бајрам Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, упати честитка до сограѓаните од исламска вероисповед по повод Рамазан Бајрам. Тој празничното утро го поминал во дружење со граѓаните, упатувајќи им желби за здравје, мир, љубов и благосостојба во нивните домови. Во честитката, Гоцевски нагласи дека празникот носи радост, среќа и заедништво, посакувајќи исполнување на сите желби. „Нека нашиот соживот биде водилка во нашиот колективен успех“, порача градоначалникот, упатувајќи традиционална честитка: Бајрам Шериф Мубарек Олсун.

ПОВЕЌЕ ...

Работна средба на директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов со македонската заедница во Италија Директорот на Агенција за иселеништво, Горан Ангелов, оствари работна средба со Горан Наумоски, претставник на Управниот одбор на МПЦО Сите Македонски Светители Порденоне во Порденоне. На средбата се разговараше за тековните активности на црковната општина, како и за работата на новоформираната фолклорна секција „Т’га за југ“, во која членуваат Македонци од регионот Венето. Директорот Ангелов се заблагодари за посетата и истакна дека институцијата и во иднина ќе продолжи со поддршка на македонската заедница во северниот дел на Италија, која важи за една од најбројните дијаспорски…

ПОВЕЌЕ ...

Верниците од муслиманска вероисповед во земјава денеска го слават Рамазан-бајрам. Празникот се слави три дена и почнува токму по завршувањето на постите, со што се означува крајот на месецот рамазан, во кој муслиманите постеа, односно не јадеа и не пиеја ништо од изгрејсонце до зајдисонце. Тоа е деветтиот месец во исламскиот календар и го означува почетокот на објавата на светата книга за муслиманите, Куранот. Почит кон постарите и подароци за децата Овој ден муслиманските верници го започнуваат со молитва во џамија. Потоа, обичајот е да одат на гробишта за да ги посетат гробовите на предците и на блиските. Кога сето…

ПОВЕЌЕ ...

Сите овие беа епископи во Херсон во разни времиња и сите пострадаа (само Етериј умре мирно) од неверниците, било од Евреите било од Грците или од Скитите. Овие епископи одеа во тие диви краишта како мисионери за да ја пренесат евангелската светлина. Сите беа намачени и пострадаа за својот Господ. Василиј го воскресна синот на еден кнез во Херсон, што ги огорчи Евреите, па го обвинија. Го врзаа за нозете и го влечеа по херсонските улици дури не ја испушти душата. Ефрем го убија со меч. Евгениј, Елпидиј и Агатодор ги биеја со стапови и со камења, сè дури не…

ПОВЕЌЕ ...

Актуелен директор на државна институција вечерва е лишен од слобода под сомнение за примање мито, во акција на службите за борба против организиран криминал при Бирото за јавна безбедност, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата. Според неофицијални информации, станува збор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, кој бил фатен при барање и примање поткуп во износ од околу 50.000 евра. Тој директорува од јули 2024 година. Во моментов нема официјална потврда од надлежните институции за идентитетот на приведениот, ниту за сите детали од случајот. Истражните органи работат на утврдување на сите околности, вклучително и дали станува збор…

ПОВЕЌЕ ...

Рудник САСА ја започна еко кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2 По повод 18 март – Глобалниот ден на рециклирањето, Рудник САСА, во соработка со Друштвото за управување со отпад „Пакомак“ и Општина Македонска Каменица, ја започна општествено-одговорната еко кампања „Твојата грижа за планетата вреди х2“. Иницијативата е насочена кон поттикнување на рециклирањето и унапредување на еколошката свест кај вработените и локалната заедница. Кампањата ќе трае сѐ до 22 април – Денот на планетата Земја. Во текот на овој период, за секое одложено пластично шише или лименка во некоја од трите повратни вендинг машини поставени во рудникот САСА и…

ПОВЕЌЕ ...

Корисниците ширум светот, вклучително и во Македонија, вечерва се соочуваат со сериозни прекини во работата на најпопуларните социјални мрежи и интернет сервиси. Податоците од платформата Downdetector покажуваат нагол скок на пријави за дефекти кај Facebook, но проблемот не застанува тука. Освен социјалната мрежа на Мета, технички потешкотии се забележани и кај: Видео платформи: YouTube пријавува прекини во стримингот. Вештачка интелигенција: Claude AI е исто така соочен со потешкотии. Комуникации и алатки: Microsoft Outlook и Basecamp бележат нефункционалност. Телекомуникациски гиганти: Проблеми се пријавени и кај операторите како AT&T, Verizon и T-Mobile. Што се случува? Најчестите поплаки од корисниците се однесуваат на…

ПОВЕЌЕ ...

Во Виница започнаа градежните работи за пробивање и тампонирање на делови од улиците „Пере Тошев“ и „Вера Ацева“, откако претходно беше извршена експропријација на дел од трасата. За реализација на проектот се обезбедени 1,5 милиони денари од буџетот на Општина Виница. Работите се дел од инфраструктурните активности насочени кон подобрување на патната мрежа и условите за сообраќај во градот.

ПОВЕЌЕ ...