Author: Media Point
Расчистено убиството во Виница – кривична за 80 годишен грчки државјанин, лишени од слобода четири лица На 28.03.2026 во 16:11 часот во ОВР Виница, од Итната медицинска помош е пријавено дека во близина на градските гробишта во Виница, бил пронајден починат Д.А.(56) од с.Липец, виничко. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција. Во врска со настанот, полициски службеници ги лишија од слобода И.Л.(24), Г.П.(80), С.Р.(55) сите од Р.Грција и С.З.(57) од с.Жабени, битолско. По преземени мерки и активности од страна на ОВР Виница во содејство со ОЈО Кочани, во насока на…
Уапсен е возач во Скопје откако управувал возило со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила, по што бил лишен од слобода од полициски службеници. Настанот се случил на 25 март на подрачјето на главниот град. Од МВР информираат дека против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за безобзирно управување.
83 казни за седум дена напишаа пазарните инспектори Државниот пазарен инспекторат за една недела спровел 303 надзори низ државата и изрекол 83 прекршочни платни налози во вкупна вредност од над 2,57 милиони денари. Податоците покажуваат дека инспекцискиот притисок и натаму е најсилен кај финансиската дисциплина, но и во дејности каде контролите редовно откриваат прекршувања на прописите. Најмногу казни, вкупно 57, се изречени по Законот за финансиска дисциплина. Следуваат 10 налози по Законот за заштита од пушење, осум по Законот за угостителска дејност и шест по Законот за трговија. Останатите закони во овој период не донеле прекршочни платни налози, што покажува…
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето во 2026 година, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 58 од 19 март 2026 година. Согласно донесената Одлука, летното сметање на времето започнува на 29 март 2026 година во 02:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, односно времето од 02:00 часот се смета како 03:00 часот. Летното сметање на времето завршува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките…
Наречен Сигријан заради местото Сигрија каде што беше роден. Роднина на царот Лав Исавријанин и на неговиот син Копроним. Имаше огромно богатство и раскош. Но кога Господ Христос се зацари во неговата душа, сето тоа за него изгуби вредност. Се спротивстави на женидбата што му ја наметнуваа, па кога сепак го принудија, успеа да ја посоветува својата сопруга на девствен живот под руво на брак. А штом му починаа родителите, жена му отиде во еден манастир, а тој во друг. Неговиот беше во Сигријанските Гори во Кизичката област. Некогаш славниот и богат Теофан во манастирот живееше како последен сиромав. И…
ОГЛАС ЗА ПРОДАЖБА НА ДВЕ ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ ВО ИНДУСТРИСКА ЗОНА – МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Се продаваат две градежни парцели во Индустриската зона во Македонска Каменица, со намена за изградба на капацитети од лесна, незагадувачка индустрија. 1. Градежна парцела број 1.05, со градежна маркица од 1220 м². 2. Градежна парцела број 1.07, со градежна маркица 840 м². Вкупна површина на земјиште од двете парцели изнесува приближно 2500 м². Двете парцели се целосно независни една од друга и истите се продаваат и одделно. Цена: По договор Контакт телефони за повеќе информации: +41782411322 и +41782608680 (whats app)
На 21.03.2026 во 08:45 часот во ОВР Кочани е пријавено дека било насилно влезено во продажен објект во Кочани, сопственост на П.С.(47) од с.Оризари, кочанско, при што одземени се пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Извор: МВР
Откако во Кочани се прошири информација дека, во селото Зрновци, е пронајдено мртво тело на жена, која претходно наводно била силувана, па убиена, од Обвинителството информираат дека е пронајдено тело на почината жена, но за сите останати лифтерувани информации велат дека засега се шпекулација. Човечкиот леш во фаза на распаѓање е пронајден денеска околу 10:40 часот во село Зрновци, на локација позната како „Ѓошевски орев“, во близина на Зрновска Река, информира Министерството за внатрешни работи. Од МВР наведуваат дека веднаш по пријавата се преземаат мерки за расчистување на случајот. Од Основното јавно обвинителство Кочани соопштија дека јавен обвинител извршил увид…
Почина Чак Норис Чак Норис почина на 86-годишна возраст. Неговото семејство ја потврди веста во објава на Инстаграм на 20 март и откри дека засега ќе го чуваат во тајност начинот на неговата смрт. Тој почина на 19 март. „Со тешко срце нашето семејство ја споделува ненадејната смрт на нашиот сакан Чак Норис вчера наутро“, напиша семејството. „Иако сакаме околностите да ги чуваме во тајност, ве молиме знајте дека тој беше опкружен со своето семејство и беше во мир.“ Во соопштението се вели: „За светот, тој беше боречки уметник, актер и симбол на сила. За нас, тој беше посветен сопруг,…
Според Централноевропската временска зона, астрономската пролет 2026 година започнува денеска во 15:46 часот. За разлика од фиксниот календарски датум што многумина го паметат, почетокот на пролетта зависи од астрономските и метеоролошките закони. Астрономски, пролетта на северната хемисфера започнува во моментот на пролетната рамноденица. Ова е точниот момент кога Сонцето го преминува небесниот екватор и денот и ноќта се речиси еднакви по должина. Овој чин го означува почетокот на подолгите денови по зимата. Земјата се движи околу Сонцето, а нејзиниот орбитален период не е точно 365 дена, па затоа календарскиот датум на пролетта може да падне на 19, 20 или дури…
