Author: Media Point

В сабота на 14-ти март во црквата Св. Великомаченик Ѓорѓи во Кочани со архијерејска литургија и помен за загинатите, ќе почне одбележувањето на годишнината од најголемата трагедија во поновата историја на Македонија. Богослужбата ќе ја предводи архиепискот охридски и македонски Стефан, заедно со надлежниот и митрополит Брегалнички Иларион. Потоа на градските гробишта ќе биде отслужено и опело за жртвите од трагичниот настан во дискотеката Пулс. Владата, Здружението на граѓани 16 март и општината се подготвуваат за одбележување на овој настан со низа активности, со кои треба да им се оддаде почит на жртвите. На 15 март се предвидени повеќе спортски…

ПОВЕЌЕ ...

Влатко Стефановски го сними новиот авторски албум „Мускулна меморија“ (Muscle Memory), кој ќе биде во продажба од 20 март како цеде и дигитално издание. За љубителите на винили, „Кроација рекордс“, матичната дискографска куќа на гитарскиот виртуоз, подготвува и плоча. „Новиот студиски албум има девет нови песни, кои стилски се движат помеѓу прогресивен рок и фјужн, со препознатливите виртуозност и емотивна изразност, што со децении го обележуваат неговото творештво“, велат од „Кроација рекордс“. Оттаму додаваат дека на албумот има четири инструментални композиции и пет песни со текст. „Покрај неверојатните гитарски солажи на Влатко Стефановски и неговото карактеристично чувство за мелодија, песните…

ПОВЕЌЕ ...

Вчера во Еквадор почина актерот Кирил Поп Христов-Кили, потврди за СДК.мк пријател на семејството. Тој имаше 58 години. Поп-Христов се пресели во Еквадор во 2014 година. Иако често доаѓаше во Скопје, последната годинаипол ја поминал во Еквадор. Веста за смртта на актерот, на неговите браќа во Скопје им ја соопштила сопругата на Кили, кореографката Гордана Деан Поп-Христова. Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на професорот Љубиша Георгиевски, во 1989 година. Од 1993 до 2014 работеше…

ПОВЕЌЕ ...

Реализираме уште еден инфраструктурен проект, реконструкцијата на ул „Кочо Рацин“ во населбата Милково Брдо. Согласно со проектот на оваа улица се реконструираше подземната инсталација-реконструкција на старата водоводна мрежа и замена на старата инсталација со нова полиетиленска инсталација, по што се реконструираше и коловозот на улицата во должина од 108 метри. Улицата која претходно создаваше голем број проблеми на жителите од улицата и поради ископаните дупки беше небезбедна и за возачите и за пешаците, сега веќе имаат современа сообраќајница, поголема безбедност во сообраќајот и современ пристап до своите домови. Вредноста на проектот изнесува 1,8 милиони денари, а работите ги изведуваше ОСД…

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за финансии (МФ) по спроведен надзор алармира за низа измамнички практики кај финансиските друштва кои нудат брзи кредити. Констатирано е дека многу од нив ги доведуваат граѓаните во заблуда преку рекламирање „бесплатни“ кредити со нула проценти камата, додека во договорите сокриваат високи дополнителни трошоци. МФ им наложи на сите друштва веднаш да ги отстранат спорните реклами и натписи кои ги мамат потрошувачите. „Одредена трговска практика е измамничка доколку изостануваат битни информации потребни за правилна одлука“, прецизираат од министерството, најавувајќи остри мерки доколку неправилностите не се исправат.

ПОВЕЌЕ ...

Работилница „Весници на пролетта“ за најмалите во библиотеката „Илинден“ во Делчево Во ЈЛБ Илинден Делчево се одржа едукативна работилница на тема „Весници на пролетта“, на која учествуваа децата од предшколските групи од Детска градинка Весели цветови. На работилницата, најмалите се запознаа со првите пролетни цвеќиња – кокиче, лале, качунка, нарцис, игличка, кукурек и темјанушка, кои го најавуваат доаѓањето на пролетта. Преку разговор, учење и креативни активности, децата ја откриваа убавината на природата и радоста што ја носи новото годишно време. Настанот помина во весела атмосфера исполнета со детски насмевки и љубопитност. Од библиотеката упатија благодарност до децата и нивните воспитувачки…

ПОВЕЌЕ ...

Успешно реализиран училишниот турнир „Февруари 2026“ во Баскет 3×3 и Одбојка Во СОУ Миле Јаневски-Џингар беше успешно организиран училишниот турнир „Февруари 2026“ во Баскет 3×3 и Одбојка, во кој учествуваа учениците од сите класови. Наставниците по спорт и спортски активности, заедно со учениците, создадоа пријатна атмосфера исполнета со дружба, спортски предизвици и убави моменти кои ќе останат во сеќавање. Настанот, кој мотивира за понатамошни активности од ваков вид, го покажува талентот и заложбата на учениците, а училиштето изрази гордост за нивните постигнувања. Учениците и наставниците преку турнирот не само што ги развија своите вештини, туку и ја зајакнаа тимската соработка…

ПОВЕЌЕ ...

🔴 Тотална распродажба на машини и опрема за текстилна работилница Се продаваат машини, работни маси, столови и друга текстилна опрема по поволни цени во Македонска Каменица. Опремата е погодна за опремување на текстилна работилница или друг сличен бизнис. Контакт телефон: 070 354 897

ПОВЕЌЕ ...

Одржана седница на Советот за развој на Источниот плански регион Во Виница се одржа третата седница на Советот за развој на Источен плански регион, на која беа разгледани и усвоени повеќе точки од дневниот ред. На седницата беше усвоена завршната сметка на Центар за развој на Источен плански регион за 2025 година, како и позитивни мислења за завршните сметки на седум реализирани проекти преку Центарот. Воедно, беше утврдена и листа на предлог-проекти за развој на регионот, кои ќе конкурираат за финансирање преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година.

ПОВЕЌЕ ...

„Моето прво подолго патување беше до Германија. Бев многу срамежлива и исплашена, но помина добро. Татко ми многу ми помагаше. Понекогаш сум се соочила со дискриминација, кога ми велеле дека како жена не можам да ја работам оваа работа, но тоа се случува ретко“, раскажува 24-годишната Надица Миланова од Штип која вози камион. Надица Миланова од Штип има само 24 години, но веќе има 4-годишно искуство како возач на камион. Во професија која уште се смета за „машка“, младата штипјанка ги руши предрасудите и може да послужи како пример за другите жени и девојки кои можеби се двоумат за кариера…

ПОВЕЌЕ ...