Author: Media Point
Започна заловување на бездомни кучиња во Македонска Каменица – граѓаните очекуваат решавање на проблемот Македонска Каменица, 11. Февруари 2026 година – Во Македонска Каменица денеска се спроведува акција за заловување на бездомни кучиња на територијата на градот. Активноста се реализира со цел зголемување на безбедноста на граѓаните и обезбедување хумано постапување со животните. Акцијата ја спроведува овластената фирма Друштво за услуги „Ветеринарна станица“ ДООЕЛ Виница, согласно законските прописи и утврдени процедури. Во изминатиот период до нашата редакција пристигнаа повеќе поплаки од граѓани за зголемен број кучиња скитници во градот, како и за ситуации што предизвикуваат чувство на небезбедност кај…
Новиот состав на Советот за социјална заштита на Општина Делчево денеска ја одржа својата Конститутивна седница на која беше избрано новото раководство на Советот. Со консензус на сите членови за претседател е избран Зоран Биковски, а за заменик-претседател Билјана Ѓеоргиевска. На Седницата, новите членови на Советот се запознаа со активностите и мерките предвидени во Програмата за социјална заштита за 2026 г, а посебно внимание беше посветено на Планот за подготовка на Социјалниот план за период 2026-2030- значаен документ кој треба да ги опфати сите активности и мерки и услуги кои ќе се даваат на граѓаните. Советот за социјална заштита ги има следните надлежности: изготвува…
Социјалната мрежа „Фејсбук“ моментално се соочува со технички проблеми на нивната компјутерска платформа, односно „desktop“ верзија. Истата предизвикува потешкотии при пристапот и користењето на платформата. Голем број корисници пријавуваат дека страницата не се отвора соодветно или прикажува порака за грешка. Според податоците од платформата „Down Detector“, корисници од повеќе земји веќе пријавиле проблеми со вчитување на почетната страница, прегледување на профили, како и користење на Messenger. Најчесто, при обид за отворање на Фејсбук се појавува пораката: „Something went wrong.This may be because of a technical error that we’re working to get fixed. Try reloading this page.“ Оваа порака укажува на…
Архиерејска Литургија за Сретение Господово во Македонска Каменица На 15 февруари, во Неделата Месопусна – посветена на споменот за Страшниот Суд, кога Црквата го празнува и големиот Господов празник Сретение Господово, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица ќе се отслужи света богослужба. Богослужбениот распоред е следниот: – 07:00 часот – Утрена – 08:15 часот – Света Божествена Литургија Со Светата Божествена Литургија ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, Епископот Делчевско-каменички г. Марко, во сослужение со свештенството од епархијата. На празникот Сретение Господово се одбележува принесувањето на Младенецот Христос во храмот и Неговото пресретнување од праведниот Симеон Богопримец, додека Месопусната…
Општина Делчево започна постапка за отстранување на бесправно изградени објекти Општина Делчево ја информира јавноста дека, во рамки на своите законски надлежности, е започната постапка за отстранување на бесправно изградени објекти на територијата на општината. За таа намена, веќе е спроведена јавна набавка преку Бирото за јавни набавки за избор на економски оператор кој ќе ја спроведува постапката. Од Општината апелираат до сите физички и правни лица кои поседуваат бесправно изградени објекти доброволно да пристапат кон нивно отстранување, на сопствен трошок. Во спротивно, надлежните општински и инспекциски служби ќе постапат со присилно отстранување, во согласност со Законот за градење и…
Земјотресот е со проценета јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар 6 километри од општина Тераце. Вечерва во 22:05 часот е регистриран земјотрес со проценета јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар 6 километри од општина Тераце. Според податоците, потресот се почувствувал и во соседните земји – Косово, Србија и Албанија, предизвикувајќи краткотрајно загрижување кај локалното население. Засега нема информации за повредени или значителни материјални штети.
Продолжува уредувањето на крошните од листопадните дрвја во централното градско подрачје во Виница По завршувањето на кастрењето на дрвјата долж булеварот, денес продолжија активностите и на главната улица „Маршал Тито“ во Општина Виница. Станува збор за редовни комунални активности со цел уредување на јавниот простор и зголемување на безбедноста за пешаците и учесниците во сообраќајот. Надлежните информираат дека, доколку временските услови го дозволат тоа, работите се очекува да завршат денес и утре. Од Општина Виница апелираат до граѓаните за разбирање, а до возачите за трпеливост, со препорака да не ги паркираат возилата на локациите каде што се врши кастрењето, со…
Градоначалникот Владко Грозданов, во име на Општина Кочани, го потпиша договорот со Друштвото за производство, трговија и услуги „Ски-Надја“ од Кочани – новиот закупец на двата ски-лифта на Пониква. Според договорот, за закупот на овие инфраструктурни објекти, сопственост на Општина Кочани, „Ски-Надја“ ќе плаќа месечна закупнина од 40.100 денари, цена постигната како највисока на одржаното јавно наддавање на 30 јануари 2026 година. Закупецот е должен да ги одржува ски-лифтовите за нивно безбедно и непречено функционирање. Склучениот договор е со времетраење од 10 години. Посакувајќи му успешна работа на управителот на „Ски-Надја“, Александар Стојков, градоначалникот додаде дека управувањето со ски-лифтовите е…
На 09.02.2026 во 21:30 часот во Полициското одделение Македонска Каменица e пријавено дека околу 20:30 часот, при извршување работни задачи во рудник во Македонска Каменица, со тешки телесни повреди се здобил Б.А.(26) од село Моштица, општина Македонска Каменица, констатирани во Клиничка болница Штип. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршиле увидна екипа од ОВР Делчево и рударски инспектор. Извор: Дневен Билтен на МВР
Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов и полковник Јиржи Фојтик, директор на средното и вишото стручно училиште за противпожарна заштита во Чешка, денеска го потпишаа договорот за донација на противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица – Кочани. Чешката делегација беше предводена од амбасадорот Јерослав Лудва, а на потпишувањето на договорот присуствуваше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Договорот за донација на противпожарно возило е во вредност од 7,94 милиони денари и претставува хуманитарна помош од Чешка за зајакнување на капацитетите за справување со вонредни состојби.
