Author: Media Point

На 24.01.2026 во 20:38 часот во СВР Велес е пријавено дека околу 20:30 часот на ул. „Партизанска“ во Велес, патничко возило „мазда“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(38) од Неготино, изгубил контрола и удрил во објект, при што го напуштил местото на настанот. Подоцна на ул. „4 јули“ во Велес, возилото и Ј.С. се пронајдени и по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,15 промили алкохол во крвта, по што Ј.С. бил лишен од слобода.

ПОВЕЌЕ ...

Македонија, но и целиот Балкан денеска ќе одбележат 45 години од раѓањето на македонската музичка легенда Тоше Проески. Во својот краток живот остави ноти и зборови, но најмногу остави надеж дека она човечкото во нас не е изгубено и дека можеме да бидеме едно, само ако посакаме. Остануваат неговата ведрина и насмевка. Што тој навистина значеше за сите нас, почуствувавме дури утрото кога засекогаш го загубивме. Во петокот, во аулата на ОУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје, се одржа забавниот културно-уметнички настан „Тоше те сакаме“, посветен на ликот и делото на Тоше. Во рамки на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст…

ПОВЕЌЕ ...

Римјанка, од угледни родители. Христијанка и ѓакониса на Црквата. По смртта на царот Хелиогабал во Рим царуваше царот Александар, чија мајка Мамеја беше христијанка. Самиот цар беше колеблив и неодлучен во верата; заради ова во дворецот држеше статуа на Христос и статуи на Аполон, на Авраам и на Орфеј. Неговите доглавници ги гонеа христијаните и без царска наредба. Кога ја изведоа девицата Татијана на мачење, таа Му се молеше на Бога за своите мачители. И ете, ним им се отворија очите и видоа околу маченичката четири ангели. Кога го видоа тоа, осуммина од нив поверуваа во Христа, заради што и…

ПОВЕЌЕ ...

На 21.01.2026 во 11:45 часот полициски службеници од СВР Штип го привеле Т.Ј.(44) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека  на 05.01.2026, во семејниот дом, со употреба на тврд предмет, физички ја нападнал неговата 16-годишна ќерка, при што и го одзел мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

ПОВЕЌЕ ...

На 23.01.2026 во 08:50 часот во ОВР Виница, 86-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар од Словенија  и и кажало дека нејзината ќерка, која била на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и за да ја оперираат била потребна одредена сума на пари. Според пријавеното, таа ги подигнала парите од банка и како што и било кажано, во дворот од семејната куќа, парите ги дала на лице, кое било пратено да ги земе. Откако подоцна се слушнала со…

ПОВЕЌЕ ...

Почитувани сограѓани, ценети спортисти и спортски работници, драги пријатели и помагатели на спортот, Ве поканувам да бидете дел од свечената манифестација „Избор на спортист на годината на Македонска Каменица за 2025 година“, посветена на оние кои со својата работа, труд и резултати го градат и унапредуваат спортот во нашиот град. На настанот ќе бидат доделени признанија за најуспешните спортисти и спортски колективи, а програмата ќе биде збогатена со пригодни обраќања и културно-уметничка содржина. Манифестацијата ќе се одржи денеска, на 24 јануари 2026 година (сабота), со почеток во 17:00 часот, во Домот на културата во Македонска Каменица. Здружението на граѓани “Багери”…

ПОВЕЌЕ ...

На 24.01.2026 година во 01:46 часот на магистралниот пат А-3, во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициско одделение Македонска Каменица го лишија од слобода Н.В.(23) од с. Дулица, Македонска Каменица. ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: ИЗБОР НА СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЗА 2025 ГОДИНА При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал Н.В. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,65 промили алкохол во крвта. По целосно докуметирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобзирно управување…

ПОВЕЌЕ ...

Ротари клуб Кочани-Виница со донација за детската градинка „Детелина“ Ротари клуб Кочани-Виница, реализираше донација за Детската градинка „Детелина“, со што даде поддршка за подобрување на условите за престој на најмладите. Во рамки на донацијата, обезбедени се седум сета детски мебел, односно седум маси и 28 столчиња, наменети за секојдневните активности на децата во градинката. Целта е создавање поудобна и побезбедна средина за нивен престој и развој. Од Ротари клубот информираат дека ова е прва донација за новата градинка, а на средбата било договорено соработката да продолжи и во наредниот период, со поддршка таму каде што ќе се јави потреба. Претставниците…

ПОВЕЌЕ ...

Иван Гоцевски: Онлајн средба со дијаспората за возобновување на манифестацијата посветена на Гоце Делчев Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, оствари онлајн средба со претставници на македонските организации во дијаспората, на која се разговараше за унапредување на соработката и за иницијативата за возобновување на манифестацијата посветена на патронот на градот, Гоце Делчев. Како што информира Гоцевски, континуираната комуникација со дијаспората, вклучително и преку онлајн формати, овозможува поширок фронт за соработка на повеќе полиња. Фокус на разговорите била потребата од современ пристап и содржинско унапредување на манифестацијата. Тој истакна дека Делчево има обврска да го негува и афирмира ликот и делото…

ПОВЕЌЕ ...

Советникот Даме Спсевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Македонска Каменица го донираше својот прв советнички паушал на лицата со посебни потреби кои се корисници на Дневниот центар. Како што информира Спсевски, станува збор за личен и искрен гест на поддршка и грижа кон граѓаните на кои помошта им е најпотребна. Спасевски истакнува, дека преку хуманост, одговорност и личен пример може да се придонесе кон создавање подобра и посолидарна локална заедница.

ПОВЕЌЕ ...