Празнична Литургија за Ѓурѓовден во Македонска Каменица
На 6 мај, на празникот Преполовение и споменот на Свети Георгиј, епископот Делчевско-каменички г. Марко служеше Празнична Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица.
По прочитаното Евангелие, епископот се обрати пред верниците со празнична беседа.
На крајот од Литургијата, присутните верници ги примија Божествените Дарови.

