ЕД “Здравец 2002” го постави првиот монитор за квалитет на воздух во Македонска Каменица
Еколошкото друштво „Здравец 2002“ од Македонска Каменица, во партнерство со Smart Flow од Скопје, го постави првиот PurpleAir Zen монитор за квалитет на воздух во градот.
Современиот уред овозможува следење на квалитетот на воздухот во реално време, со фокус на PM2.5 честичките.
Со ова, граѓаните ќе имаат пристап до точни и јавно достапни информации за состојбата на воздухот преку дигитални платформи и паметни уреди.
Податоците во реално време се достапни на веб-страницата http://map.purpleair.com.
Од „Здравец 2002“ велат дека оваа иницијатива е значаен чекор кон поздрава и поодржлива локална заедница.

