Author: Media Point

Филип Ангелов со III награда на Регионалниот натпревар по математика На 14 март, во просториите на ОСУ „Ацо Русковски“ во Берово, се одржа Регионалниот натпревар по математика за средношколците од источниот регион. Ученикот Филип Ангелов оствари одличен резултат и освои III награда во силна конкуренција, со што обезбеди директен пласман на Државниот натпревар по математика што ќе се одржи во Скопје. Од училиштето упатија честитки до ученикот и неговиот ментор за постигнатиот успех и им посакаа успешен настап на државното ниво.

ПОВЕЌЕ ...

Ќе има ли нови блокади на транспортерите од Македонија и Западен Балкан? Блокади на балканските граници кон ЕУ од страна на камионџиите се повторно актуелни, откако дел од регионалните медиуми објавија дека Европската комисија ги одбила предлозите, превозниците да ги третира како професионалци, а не како туристи, што е причина за нивна депортација по пречекорувањето на 90-дневниот престој во унијата. Дополнителен проблем е новиот електронски систем за влез и излез, поради кој возачите брзо го достигнуваат лимитот и добиваат „црн печат“. Од Министерството за транспорт експресно ги демантираат овие информции, нарекувајќи ги шпекулации и апелираат да не се потпаѓа на…

ПОВЕЌЕ ...

Цената на бензините се зголемува, додека дизелот продолжува да се продава по досегашната цена, што влијае на трошоците за возење и транспорт. Според најновите податоци, малопродажните цени на бензините во Македонија бележат зголемување, додека цената на дизел‑горивото останува непроменета. Ова значи дека возачите на бензински моторни возила ќе плаќаат повеќе за литар гориво, додека дизел‑возилата засега ќе се полнат по досегашните цени. Регулаторната комисија за енергетика ја образложува промената со зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар, како и влијанието на девизниот курс. Зголемувањето на цената на бензинот директно се одразува на трошоците за транспорт и секојдневните…

ПОВЕЌЕ ...

На 26. февруари ќе се одржи мирен протест поради неконтролираното движење на говеда и нанесувањето штети врз приватни имоти и земјоделски површини на територијата на Општина Крива Паланка. Од Општината информираат дека спроведените инспекциски надзори од страна на Агенција за храна и ветеринарство резултирале со констатирани прекршувања на прописите за заштита и благосостојба на животните, како и непочитување на претходно наложените мерки. Од таму велат дека донесените решенија се правосилни и задолжителни за извршување и нивното спроведување не смее да биде доведено во прашање. „Непочитувањето на институционалните одлуки и продолжувањето на постапки спротивни на закон претставува сериозен преседан што директно…

ПОВЕЌЕ ...

Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража, но не се задржува на коловозот, а магла со видливост до 50 метри има на Плетвар и Пресека, информира Авто-мото сојуз на Македонија. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања. Од АМСМ потсетуваат дека до 15 март е задолжителна зимска опрема во возилата и апелираат на внимателно возење, особено на делниците каде има опасност од одрони. Патот Охрид – Ресен преку Национален парк Галичица е затворен до…

ПОВЕЌЕ ...

Одбележани „Месни поклади“ во манастирот „Св. Спас“ во Драгобраште Во организација на Здружението на жени „Златни срца“ од Виница, во атарот на манастирот „Св. Спас“ во село Драгобраште се одржа манифестацијата „Месни поклади“. Настанот беше посветен на зачувување на традицијата, верата и културното наследство, со цел зајакнување на заедништвото во локалната средина. Манифестацијата имаше и хуманитарен карактер – средствата собрани од продажбата на домашно подготвена храна ќе бидат донирани за потребите на манастирот. На настанот присуствуваа градоначалникот на Виница, Митко Костадиновски, како и пратеничката во Собранието, Даниела Христова. Во знак на поддршка, тие засадија плодородни и зимзелени дрвца во дворот…

ПОВЕЌЕ ...

Се продава плац со површина од 440 м² кај м.в. Падарница во Македонска Каменица. Плацот има чист имотен лист, к.п бр. 3896/2 Истиот е погоден за изградба на куќа и има преубав и отворен поглед кон градот. Има пристап до пат и можност за приклучоци до електрична, водоводна и канализациона мрежа. Цена по договор. Повеќе информации на следниов контакт телефон 00393517067727 (WhatsApp) или во инбокс на следниов профил на Фејсбук: https://www.facebook.com/share/1Bt7hb6Kq6/

ПОВЕЌЕ ...

Се продава деловен објект во Градскиот трговски центар – Македонска Каменица Се продава деловен објект со површина од 123 м², во Градски трговски центар, во самиот центар на Македонска Каменица. Објектот се нуди по цена од 900 € за метар квадратен. Станува збор за еден од најфреквентните делови во градот, во непосредна близина на градскиот пазар, автобуската станица и регионалниот пат кон Кочани и Делчево, со одлична видливост и лесен пристап. Идеална локација за различни деловни намени како трговија, канцеларии или услужни дејности, со континуиран проток на пешачки и моторен сообраќај. За повеќе информации и разгледување на објектот, контактирајте на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица – Пожар зафати куќа во периферниот дел на градот, покрај регионалниот пат Македонска Каменица – Саса. Според добиените информации од терен, во моментот на избувнување на пожарот во објектот се наоѓало едно лице, кое било навремено извлечено од страна на полициски службеници. На лицето му била укажана прва медицинска помош од екипа на Итната медицинска помош во Македонска Каменица. На местото на настанот интервенираа екипи на Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица, кои со сите расположливи ресурси успеаја да го локализираат и целосно да го изгаснат пожарот. Причините за настанување на пожарот засега не се познати и истите ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Денес во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица беше отслужена Света Божествена Архиерејска Литургија, со која началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Наум, во сослужение со Неговото Преосвештенство Епископот делчевско-каменички г. Марко и свештенството од епархијата. Во архипастирската беседа, Митрополитот Наум се осврна на евангелската порака за Страшниот Суд, нагласувајќи дека љубовта кон ближниот е мерилото по кое човекот ќе биде суден. Тој истакна дека причестувањето со Телото и Крвта Христови значи и повик на единство, прошка и милосрдие кон секој човек како икона Божја. По завршувањето на Литургијата, Марко му врачи граден крст и камилавка на отец Атанас, во…

ПОВЕЌЕ ...