Author: Media Point
Во Домот на Армијата во Скопје денеска се одржа редовното годишно реферирање за борбената готовност на Армијата за 2025 година пред претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова. На настанот присуствуваа и министерот за одбрана Владо Мисајловски, како и генерали од Армијата. Реферирањето го одржа началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој ги презентираше реализираните задачи и постигнатите резултати во областа на персоналот, обуката и вежбите, опремата и инфраструктурата, военото планирање, модернизацијата и буџетот. Тој истакна дека Армијата е целосно подготвена да ја извршува својата уставна улога во одбраната на државата, како и да ги исполнува националните и…
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Б. во својство на Претседател на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службена положба и овластување” од чл.353 ст.4 в.в ст.1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија. Пријавениот М.Б. во својство на Претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на начин што, спротивно на…
Торжествено прославен празникот на преподобниот Гаврил Лесновски во Лесновскиот манастир На 28 јануари 2026 лето Господово, кога Светата Православна Црква прави спомен на преп. Гаврил Лесновски, преп. Прохор Пчински; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Високопреосвештениот Митрополит Врањски г. Пахомиј, кој чиноначалствуваше на Светата Литургија, Високопреосвештениот Митрополит Кумановско – осоговски г. Григориј и свештенослужители од СПЦ и МПЦ-ОА, отслужија Света Архиерејска Литургија во Лесновската света обител. На Божествената Литургија присуствуваа директорот на Агенцијата за иселеништво на Р. Македонија г. Горан Ангелов, градоначалникот на општина Пробиштип г. Тони Тоневски и многуброен верен народ. На крајот од Литургијата пригодна…
Младинската организација Градец со донација за реновирање на домот на семејството на Ленка Младинската организација на село Градец, Виница, информира дека денеска е извршена уплата на фактура во износ од 7.700 денари за набавка на градежен материјал неопходен за реновирање, меѓу кој цемент, F6 мрежа и два кубни метри песок. Со оваа донација е обезбеден конкретен придонес за подобрување на условите за живеење на семејството на Ленка од Градец. Од Младинската организација истакнуваат дека солидарноста и заедништвото остануваат нивна водилка и дека ќе продолжат со активности насочени кон помош на оние на кои им е најпотребна.
Дури 71 процент од граѓаните се за членство на Македонија во Европската Унија, покажува најновото истражување на Институтот за демократија Социетас цивилис. Истражувањето, кое денеска беше претставено во Собранието, покажа дека ЕУ континуирано се гледа како најдоверлив партнер на Македонија сега и поради неизвесната политика на САД. Зголемен е бројот на граѓани кои ја сметаат Македонија како земја која припаѓа на Западот, особено по дилемите изминативе години за вртење кон исток. Директорот на Институтот Марко Трошановски, вели дека се работи за голем скок кај поддршката за ЕУ, особено што тоа се должи на сменетото расположение на македонската заедница. Намален е…
Дигитализација во работењето на Советот на Општина Делчево Денес беше спроведена обука на советниците на Советот на Општина Делчево за користење на новата дигитална платформа opstinskisovet.mk, со што успешно се заокружи подготвителната фаза за нејзина примена. Веќе од петок, платформата ќе биде ставена во целосна функција и ќе се применува во практичната работа на Советот. Секој граѓанин ќе може да се најави како гостин и да има увид во материјалите, одлуките и работата на Советот – целосно дигитално. Со ова се започнува уште едно предизборно ветување, преку кое граѓаните добиваат поголема транспарентност, отвореност и директен пристап до информациите од локалната…
Низ социјалните мрежи се појави фотографија од потпис на млад Македонец, која брзо се прошири и на балканските страници посветени на хумор и сатира. Меѓу младите денес често се користат изразите „флекса“ и „гасер“ – поим што означува начин на живот во кој се демонстрира самоувереност, нескромно покажување и став на „опасен лик“. Овој сленг најчесто е превземен од Србија, каде што популарно се користи фразата „у гасу“. Според коментарите на социјалните мрежи, токму овој млад Македонец важи за човекот со „најгасерскиот“ потпис.
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Б.Ш.(40) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „помагање“ во врска со „фалсификување исправа“, против Д.Л.(33) од Скопје за „злоупотреба на лични податоци“ и „фалсификување исправа“ и против Б.З.(45) од Скопје за „фалсификување исправа“.
Свети Гаврил Лесновски живееше во XI век. Се роди во местото Осиче, крај Крива Паланка. Потекнуваше од семејство на богати и благородни родители кои долго време беа бездетни, та синот им се јави како Божјо благоволение кон нив, по многуте молитви и солзи. Детето доби добро образование, и со Божја помош ги изучи „сите писанија“, и тоа на многу јазици, а Евангелието не го испушташе од рацете. Кога порасна, родителите му најдоа девојка од добар род, за да се ожени со неа. Тој тоа не го сакаше и Му се молеше на Бога да го запази девството. Девојката умре пред…
Работилница во ЈЛБ„Илинден“- Делчево заедно со ОО на Црвен Крст – Делчево – учиме низ игра и практика ЈЛБ„Илинден“ – Делчево реализираше едукативна работилница во соработка со ОО на Црвен крст – Делчево, на која учествуваа 23 деца постари од 7 години. На почетокот, децата преку краток цртан филм се запознаа со улогата и хуманата мисија на Црвениот крст, а потоа следуваше практичен дел исполнет со интерес и ентузијазам. Децата имаа можност да научат основи на прва помош – вештачко дишење и изведување преврски, стекнувајќи корисни знаења и вештини кои можат да спасат живот. Им благодариме на ОО на Црвен…
