Author: Media Point

Епископот Марко го произведе Дејан Митевски во чтец-псалт во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ Денес, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“, беше отслужена воскресна утрена, по што следеа света Божествена литургија и општ маслосвет за верниот народ. Богослужбата ја предводеше неговото преосвештенство епископот делчевско-каменички г. Марко. Во текот на Литургијата, епископот Марко го произведе Дејан Митевски во чтец-псалт, доверувајќи му ја света и одговорна служба на читање на Апостолот и псалмопеењето во храмот. На новопроизведениот чтец му се посакува да расте во смирение, љубов и послушание, возвишувајќи ја Божјата слава со својот глас. Во својата беседа, Владиката говореше за денешното…

ПОВЕЌЕ ...

Полицијата приведе возач под дејство на алкохол – најавени засилени контроли пред празниците На 29 ноември 2025 година, во 22:54 часот, полициски службеници од СВР Штип привеле 54-годишен жител на Македонска Каменица, Д.Ј., кој бил затекнат да управува патничко возило „Хјундаи“ под дејство на алкохол. Возилото, со регистарски ознаки од Македонска Каменица, било запрено на улицата „Александар Македонски“, при што по извршената контрола било утврдено дека кај возачот е измерена концентрација од 2,00 промили алкохол во крвта. Од полицијата информираат дека, поради зголемениот интензитет на сообраќај во пресрет на претстојните празници, следуваат засилени контроли со цел превенција и зголемување на…

ПОВЕЌЕ ...

На 28.11.29025 г.(петок) во КИЦ „Романса“ Македонска Каменица се одржа завршната вечер на III-то издание на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ Македонска Каменица. Свечената академија на која беа доделени признанијата на годинешните лауреати на фестивалот, беше збогатена со мини концерт на Драган и Ратко Даутовски, и поетски рецитал на Игор Трпчески, Слем поезија Македонија. Годинешни добитници на признанија се: Драган Даутовски (музика), Мирко Узелац (иновации), Марин Александров (наука), Лазе Трипков (графички дизајн), Гоце Наумов (археологија), Георги Унковски (филм), Тони Цифровски (публицистика), МТФ „Војдан Чернодрински“ (театар), Македонската заедница во Република Хрватска, МКД „Охридски бисер“ Загреб и Ивана Брезовец…

ПОВЕЌЕ ...

Пингпонгарите со рутинска победа на гостувањето во Гевгелија Пингпонгарскиот клуб Каменица Саса оствари рутинска победа на гостувањето кај ППК Гевдион во Гевгелија, триумфирајќи со 2:4 во последното коло од есенскиот дел на првенството. Тимот составен од Ристовски, Стојановски и Крстевски одигра стабилно и организирано, при што неколку клучни поени ја одредија потребната предност за позитивен исход. Натпреварот помина во израмнета игра, но гостите успеаја да ја задржат контролата во решавачките моменти. Со оваа победа, ППК “Каменица Саса” го заокружува есенскиот дел со солиден учинок и екипата се насочува кон подготовки за успешно натпреварување во пролетниот дел од првенството.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 29. Ноември 2025 година – Општина Македонска Каменица продолжува со спроведување на Буџетските форуми за креирање на Буџетот за 2026 година, како дел од процесот за поголема транспарентност, отчетност и вклучување на јавноста во буџетското планирање. Форумите се одржуваат со интерес кај граѓаните, кои активно изнесуваат идеи, барања и предлози за решавање на приоритетните проблеми во своите средини. Досега се реализирани форумски средби со жителите на повеќе рурални средини, меѓу кои Тодоровци, Луковица, Дулица и Косевица, а одржани беа и посебни сесии со бизнис-заедницата, невладиниот сектор, како и онлајн форум првенствено наменет за иселениците од Македонска Каменица. „Целта…

ПОВЕЌЕ ...

Лишен од слобода возач од Македонска Камeница – управувал возило под дејство на алкохол На 29.11.2025 година во 01:15 часот, полициски службеници од СВР Штип на ул. ,,28 Август” во Македонска Каменица, го лишија од слобода Д.В.(34) од Македонска Каменица. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле патничко возило „форд“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал Д.В., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,00 промили алкохол во крвта.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 29. Ноември 2025 година – Денеска, ТППЕ Македонска Каменица оствари средба со Питер Грифитс и Бари Малоун од „Операција Флоријан“ во Англија и со Ана Павлова, како претставник на рудникот „Саса“. На состанокот, како што стои во објавеното соопштение за јавност, беше изразена благодарност за досегашните донации и постојаната поддршка што во изминатиот период нашата противпожарна единица ги добива. Разговорот, како што се истакнува во објавата, беше насочен кон тековните потреби на единицата, особено во делот на опрема и возила, како и кон продолжување на досегашната соработка. Од ТППЕ Македонска Каменица информираат дека заедничките активности ќе продолжат со…

ПОВЕЌЕ ...

Денес го прославуваме Светиот апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте апостоли Христови и автор на првото Евангелие. Живеел во I век и пред повикот Христов бил цариник по име Левиј, презрен од народот како грешник. Но кога Господ го повикал со зборовите: „Појди по Мене“, Матеј веднаш го оставил сè и Го следел – сведочејќи дека вистинската промена започнува тогаш кога човекот искрено ќе го отвори срцето за Бога. Како евангелист, Матеј го запишал животот и учењето на Спасителот со особено внимание кон исполнувањето на старозаветните пророштва. Неговото Евангелие ни ја открива Христовата љубов, смирение и Царството Божјо што…

ПОВЕЌЕ ...

Шаховскиот клуб „Каменица Саса“ ги известува љубителите на шахот и целокупната јавност, дека утре сабота (29 ноември), од 16:00 часот започнува Градското женско шаховско првенство на Македонска Каменица. – Се повикуваат сите заинтересирани учеснички да се пријават за учество. Пријавувањето за првенството ќе се врши пред самиот почетокот на турнирот или преку контакт со претседателот на клубот, Лазо Стаменковски. Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да се пријават, нагласувајќи дека првенството е отворено за сите љубителки на шахот од Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

Во третото тримесечје од годинава бројот на разведени бракови во споредба со истиот период лани е зголемен, додека бројот на скучени бракови во споредба со лани е намален, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Во третото тримесечје од годинава се склучени 3.514 бракови што е намалување за 2,8 проценти во споредба со истиот период лани, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Од јули до септември годинава регистрирани се и 470 разведени бракови, што, пак, е зголемување од 27,7 проценти во однос на бројот на разводи во овој период лани.

ПОВЕЌЕ ...