Author: Media Point

ДЗС: Трета работна средба на Ангелов со доброволните пожарникари Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска одржа работна средба со претставници на дел од доброволните противпожарни друштва (ДПД) во државата, во пресрет на претстојната сезона на пожари. Ова е трета ваква средба, од вкупно четири планирани, што се реализираат од јуни минатата година. Според достапните информации, претходно вакви редовни средби со доброволните пожарникари не биле организирани. На средбата се разговараше за подобра подготовка за идните пожарни сезони, со посебен акцент на пожари на отворен простор. Разгледани беа можностите за поефикасна соработка меѓу ДПД и ДЗС, како…

ПОВЕЌЕ ...

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД АХВ: СЕ ПОВЛЕКУВА ПОПУЛАРНА ФОРМУЛА ЗА ДОЕНЧИЊА ОД ПАЗАРОТ Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера спроведе вонредна инспекциска контрола кај увозник на почетна и последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени. Контролата е извршена по добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF) на Европската Унија за пласиран небезбеден производ на македонскиот пазар. Станува збор за производот APTAMIL AR 2, ENG 24×400 g, серија 2027.01.02, во вкупна количина од 912 парчиња, со потекло од Ирска. Кај производот е утврдено присуство на цереулид (cereulide), а како извор…

ПОВЕЌЕ ...

На 26.01.2026 во периодот од 17:30 до 18:00 часот, по наредба на Основен суд Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево извршија претрес во домот и помошни простории на В.М.(30) од с.Тодоровци, општина Македонска Каменица. При претресот, во гаража се пронајдени и одземени ловечка пушка „Црвена Застава“ калибар 16GA и седум кутии со вкупно 155 ловечки патрони калибар 16GA. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Веста во целост е преземена од Дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи.

ПОВЕЌЕ ...

Кривична пријава за маж од Делчево, психички и физички ја малтретирал сопругата Полицијата поднесе кривична пријава за маж од Делчево кој подолго време психички ја малтретирал сопругата. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 54- годишен маж од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“. Пријавениот подолг временски период психички ја малтретирал неговата 54-годишна сопруга и ѝ упатувал закани, додека во периодот од 06.01. до 08.01.2026 физички ја нападнал во семејниот дом.

ПОВЕЌЕ ...

На 26 јануари 2026 година, во 23:07 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода С.С. (38) од село Татомир, кратовско. Претходно, околу 22:45 часот, на регионалниот пат село Татомир – Кратово, во близина на село Туралево, возачот изгубил контрола и излетал од патот. При извршени проверки било утврдено дека С.С. управувал возило под дејство на алкохол, при што му биле измерени 3,19 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“. објави Скопје1.мк Претходно, возач кај Велес беше фатен…

ПОВЕЌЕ ...

ОГЛАС: СЕ ПРОДАВА КУЌА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Се продава куќа со поволна локација во Македонска Каменица, на ул. „Јаков“, во населба Суво Маало. Објектот е на три спрата, со димензии 10 × 12 метри и дополнително располага со тавански простории. Дворната површина изнесува 500 м² и нуди можност за уредување по сопствен избор. Куќата е погодна за семејно домување. Цена по договор. За повеќе информации контактирајте го сопственикот на +38970335821.

ПОВЕЌЕ ...

Со големо задоволство денеска и официјално го отворивме Младинскиот центар кој треба да биде култно место за активните млади во Делчево, простор за креативност, идеи, едукација и градење заедништво, но и простор каде ќе можат да ја насочат својата енергија и потенцијал и да бидат вистински двигатели во општеството. Мора да истакнам дека со овој чин денеска, ние за краток рок го решивме првиот приоритет кој произлезе од граѓаните на буџетскиот форум за 2026 г. Со ова докажуваме дека ние ги слушаме потребите на граѓаните и одговараме на нивните барања. Овој простор е создаден за младите и најавувам отворена поддршка…

ПОВЕЌЕ ...

Продолжува акцијата за чиста животна средина во Виница Во рамки на акцијата „Чиста животна средина во Општина Виница“, денеска беа спроведени повеќе теренски активности за расчистување на јавни површини во градот. Извршено е чистење на влезот во Виница кај бензинската пумпа „Елго“, просторот околу Кршлаџискиот мост, по течението на реката Осојница, како и на неколку други локации низ градот. Во текот на акцијата се собрани над шест кубни метри комунален отпад, при што е исчистена значителна површина. Локалната самоуправа најавува продолжување на ваквите активности со цел подобрување на квалитетот на животната средина и подигање на јавната свест за нејзина заштита.

ПОВЕЌЕ ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека паралелно со системот “Сејф сити” ќе бидат активирани и полициски возила со мобилни камери на т.н црни точки. објави Скопје1.мк “За многу побрзо од шест месеци ќе може со камерите имплементирани во рамки на возилата да ги ставиме во функција”, рече Тошковски. Изминативе денови се врши тестирање на камерите на сите точки каде се поставени. https://www.instagram.com/reel/DT8ib7AjYXe/?l=1&fbclid=IwY2xjawPkDUVleHRuA2FlbQIxMQBzcnRjBmFwcF9pZAwzNTA2ODU1MzE3MjgAAR6oY2WLqNSNznlL4thLYHC00v6ukYpLypd3aufYsoMeIrIA_mLJcsL_iPXXXA_aem_qJZ5jvXZB1FuouMozO2ZUQ&utm_source=ig_embed

ПОВЕЌЕ ...

Словенија ја зголемува минималната плата Минималната плата во Словенија годинава ќе изнесува 1.482 евра бруто, што е за 15,97 отсто повеќе од лани, најави словенечкиот министер за труд Лука Месец. Како што пишува Форбс Словенија, повикувајќи се на изјавата на министерот, зголемувањето на минималната плата претставува значаен чекор напред во заштитата на стандардот на вработените, но повторно ја отвори дебатата меѓу Владата и работодавачите за трошоците за работна сила и распределбата на профитот. Истовремено, словенечкиот премиер ја критикуваше реториката на некои работодавци, велејќи дека отпорот кон зголемувањето на платите редовно се случува „кога ќе дојде моментот да се подели дел…

ПОВЕЌЕ ...