Author: Media Point
ЖФК „КАМЕНИЦА САСА“ ПОДОБРА ОД ЖФК „ТИВЕРИЈА“ ВО 1/4 ФИНАЛЕТО ОД ЖЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА Тим 24 сре, 14.04.2021 | 8:03 pm Извор: 24.мк Екипата на ЖФК „Каменица Саса“ се пласираше во полуфиналето од женскиот фудбалски Куп на Македонија, откако на градскиот стадион во Македонска Каменица со 3:1 ја победи екипата на ЖФК „Тиверија“ од Струмица. Во реприза на првенствениот натпревар од пред три дена, кој каменичанки го добија со минимални 1:0, денеска домаќинките беа попрецизни, па така, со трите погодоци на Драгана Костова, Ленче Андреевска и Ана Димитровска, уште еднаш ги израдуваа своите фанови, кои поради ковид-пандемијата не…
Во Македонија има 20.106 активни случаи на ковид -19, а најмал број има во Македонска Каменица, каде се регистрирани 11 случаи. Пехчево има 19, а Дојран 21 активен случај. Во Кратово има 23 активни случаи на коронавирусот. Македонски Брод има 4о активни случаи. Најголем број има во Скопје, 9.161 случај. Куманово има 1.257, Тетово 674, Прилеп 1.026, Битола 1.291. За 24 часа имаме и 33 починати од ковид. Во земјава се намалува бројот на заразени, но бројот на починати е висок ако следиме на неделно ниво. Околу 140.000 луѓе досега се пријавиле за вакцинација.
Очекувано, тимот од Каменица стигна до убедлив триумф (100:57) И екипата на Баскет КАМ го одрржа максималниот ефект по две одиграни кола во Суперлигата. Работнички парираше до средина на втората четвртина. Се друго беше на страна на екипата која важи за една од оние кои ќе се борат за трофеите. РАБОТНИЧКИ – БАСКЕТ КАМ 57:100 Одлично парираа кошаркарките на Работнички против екипата која важеше за фаворит на овој меч. Во средината на вториот период имаа заостанување од само два поени (26:28), но што беше поважно за нив, успеаја да ја сопрат Кметовска на само два поени додека пак Митрашиновиќ имаше лоша…
Македонска Каменица, 13.04.2021 година – Во рамки на своите работни обврски, градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова денеска изврши увид во градежните работи за изградбата на водоводот во Павлиш Дол, село Моштица. Се работи за изградба на нова водоводна линија од 2400 метри и изградба на резервоар за трајно решавање на снабдувањето со вода на над 150 домаќинства од овој дел на Општината, – истакна градоначланичката Стаменкова Изведувач на градежните работи од оваа активност е „Цвет Компани“ ДООЕЛ Скопје и истата ќе чини 10.148.000,00 денари. Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Македонска Каменица.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде од 0 до 5, а максималната од 17 до 22 степена. Во Скопје слично време со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 20 степени. Според УХМР, од утре ќе има зголемување на облачноста и локални врнежи дожд кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Од среда ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови намалување на температурата. Во среда и четврток на планините,…
Македонска Каменица, 11.04.2021 година – Денес, на градскиот стадион во Македонска Каменица се одигра редовното коло за младинските категории на ФК Каменица Саса. Помладите пионери против соодветната екипа на Партизан Фудбал Кидс од Скопје и славеа со минимални 1:0. Голот го постигна Михаил Стаменковски од пенал во вториот дел од натпреварот. Со оваа победа избраниците на Дејан Михаилов се на делба на првото место со исто бодови со Милано од Куманово. Пионерите беа поубедливи во победата. Тие, екипата нa Партизан Фудбал Кидс ја победија со 3:1. Стрелци на головите беа Николовски, Стоилковски и Антовски. Избраниците на Блажо Николовски се на…
Текстилството ќе отиде во амбис или ќе преживее до јуни, кое од овие две сценарија ќе се исполнат ќе зависи од политичките лидери и пратениците. Бизнис заедницата аламирира дека остануваат уште седум дена за одлуката со која ќе се спасат илјадници работни места. Недонесувањето на петтиот пакет на мерки и немање на порачки од странските партнери се причина што од минатиот понеделник над 6.000 текстилни работници се на принуден колективен одмор. Телма веќе информираше дека над 3.500 работници се токму од Штип. Бранот на отпуштања на работници е почнат во помалите фабрики, а дека лошо им се пипшува на текстилните…
Што значи за екипата од Македонска Каменица двоецот Митрашиновиќ-Кметовска стана јасно уште во првото коло оод Суперлигата во кое гостинките од Струга парираа само една четвртина. БАСКЕТ КАМ – СТРУГА 2009 88:53 https://www.facebook.com/101348348751681/videos/924452851728653/ Силен почеток имаше домашната екипа која уште во првата четвртина дојде до 31.поен. Стартната петорка направи голема разлика (31:12), по само десет минути од играта. Стружани заиграа многу побро во нападот на почетокот на вториот период кога симнаа добар дел од високата негатива. Со серија (12-3), намалија на десет поени (24:34) во средишниот дел од втората четвртина. Работата им ја олесни излегувањето на Кметовска, која ја…
Фејсбук и Инстаграм не работеа синоќа, а утрово, корисници во дел од светот соопштија дека не можат да ги користат овие социјални мрежи, пренесува хрватски Индекс. Причината за паѓањето на социјалните мрежи сè уште не е позната. Твитер функционираше непречено. Проблемите започнаа нешто по 23 часот, кога падна страната на Фејсбук за голем број корисници. По полноќ ситуацијата се подобри, но сè уште има повремени проблеми. Како што јави порталот Downdetector, пријавени се проблеми на повеќе континенти. Многу корисницивоопшто не можеа да пристапат до оваа социјална мрежа, некои можеа само делумно да пристапат или требаше многу време да се вчита…
Го живееме третиот најсилен бран на коронавирусот, поради што мораше да бидат воведени и нови рестриктивни мерки . Се затворија угостителските објекти а од владата за економските оператори најавија помош. Министерот Битиќи вели дека ќе се направи се што треба, но нема да им се дозволи на рестораните да прават свадби во време кога здравствениот систем е преоптоварен. „Ќе направиме се што треба за да влезат во системот, да бидат категоризирани и соодветно да се постапи со нив во редовните програми на Министерството за економија и ако е потребно и со дополнителни мерки“, кажа министерот, додавајќи дека во овој момент…
