Author: Media Point
Културно информативниот центар „Романса“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во соработка со општина Македонска Каменица објавуваат: Л И К О В Е Н К О Н К У Р С на тема: „Миле Јаневски Џингар – од детство до вечноста“ Право на учество на Ликовниот конкурс имаат учениците од прва до четврта година при СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица. Учениците можат да учествуваат со изработка на: цртежи, слики, скулптури и останати дела од ликовната уметност. Бројот на ликовни дела за учество не е ограничен. Најдобрите дела ќе бидат наградени со вредносни ваучери: прва награда – 3000 ден.…
Македонска Каменица, 05.04.2021 година – По повод 20 годинишнината од загинувањето на нашиот сограѓанин Миле Јаневски – Џингар, Културно информативниот центар „Романса“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во соработка со општина Македонска Каменица објавуваат: ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА МЛАДИ за литературни творби ( проза и поезија ) на тема „Миле Јаневски Џингар – од детство до вечноста“ Право на учество имаат сите жители на општина Македонска Каменица не постари од 30 години. Најдобрите творби ќе бидат наградени со вредносни ваучери: прва награда – 3000 ден. втора награда – 2000 ден. трета награда – 1000 ден. Творбите треба да се достават во…
Германскиот институт Роберт Кох (РКИ) објави дека вакцинираните против коронавирусот немаат никаков ризик од пренесување на инфекцијата, по што германскиот министер за здравство најави ублажени мерки за имунизираните во неделата. „Кој е целосно вакциниран, мора да се лекува во иднина, како и луѓе со нов негативен тест за вирусот корона“, рече министерот за здравство Јенс Спан во интервју за неделното издание на дневниот весник „Билд“, пренесува Хина. Спан се повикува на извештајот на државниот епидемиолошки институт РКИ, кој покажува дека луѓето кои биле целосно вакцинирани имаат помали шанси да пренесат коронавирус отколку луѓето кои биле тестирани негативно. Вакцинирани без тестови…
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Според прогнозата на УХМР, во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени. Нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда, кога ќе преовладува претежно облачно време…
Регулаторна комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Минатата недела цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за еден денар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намали за 1,50 денар/литар.
Советникот во Општина Битола Иван Чулакоски на својот Фејсбук профил ги повика надлежните органи да реагираат откако во производ купен од Кам маркет пронашол натрапник. „Го сакам КАМ во поштенско сандаче!!! Јадиме здрава храна… Семката ваша!!! Ројал микс со глушец. Кај да го пријавам ова?, напиша Чулакоски и објави и фотографии од производот. Тој ги повика Владата, вицепремиерот Љупчо Николовски, Агенцијата за храна и ветеринарство, Кам маркет, Националната канцеларија за заштита на потрошувачите како и македонските новинари да го истражат случајот. Според декларацијата, производот е пакуван во Србија, а увозник е Кам маркети. Извор: Слободен печат
Македонска Каменица, 04.04.2021 година – Младинските категории на ФК Каменица Саса викендов ги одиграа натпреварите од 11-тото коло од соодветните лиги во кои настапуваат. Помладите пионери, предводени од тренерот Дени Михаилов со 1:2 славеа на гости против екипата на Кит-Го. Со оваа победа се израмнија на првото место со екипата ФК Куманово-Милано со 27 бодови и натпревар повеќе. Стрелци на головите за ФК Каменица Саса беа Ристе Лазаров и Климент Трајков. Пионерите пак на Баже Николовски се поразени од соодветната екипа на Кит-Го со 2:0 и во овој момент се наоѓаат на 5-тото место на табелата. Наредното коло пионерите и…
Полицијата привела пет лица и прекинала свадба во Кочани поради непостапување на задравствените прописи. Од МВР информираат дека вчера околу 14:00 часот во ОВР Кочани било пријавено организирање на свадбена прослава на улица „Шукри Шаин“ на која биле присутни повеќе граѓани. Веднаш по пријавата, на местото на настанот се упатиле полициски службеници и по консултации со дежурен јавен обвинител од ОЈО Кочани од слобода биле лишени пет лица, а свадбената прослава била прекината. -По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави по чл. 206 од КЗ „Непостапување според здравствени прописи“, велат од МВР.
04.04.2021 година – ЖКК Баскет Кам е вистинско освежување на кошаркарската сцена во Македонија. Новите засилувања на екипата од Македонска Каменица само ќе ја потврдат доминацијата на Баскет Кам девојките во годинашново првенство. Македонска Каменица е новиот центар на кошаркарската мапа на Балканот. По капитенот на женската репрезентација на Македонија, Анџелика Митрашиновиќ, првопласираниот тим во Источната дивизија од Првата лига Баскет Кам донесе уште две српски интернационалки. Во Македонска Каменица се преселија 32-годишната Драгана Гобељиќ која игра на крилните позиции и 28-годишната Ивана Брајковиќ, центар. Двете кошаркарки доаѓаат од Краљево, но имаат големо интернационално искуство во Бугарија, Чешка, Германија, Грција,…
Македонска Каменица 03.04.2021 година – Во дербито на колото, во директен двобој со еден од конкурентите за титула, против второпласираната екипа од Струмица-Тиверија, девојките на ЖФК Каменица Саса со 1:0 постигнаа важна победа! Гостите успеаа да пружат отпор само во првите 45 минути, додека второто полувреме буквално се играше пред голот на струмичанки. Незапирливата Рабија Дервиши постигна победнички гол во последните минути од натпреварот.
