Author: Media Point
Времето денеска ќе биде променливо облачно, студено и ветровито. Претпладне во северните и источните делови со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер, кој во источните делови и вдолж Повардарието ќе достигнува брзина и над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната од 4 до 12 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, во раните утрински и претпладневни часови со повремен слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени. Од утре…
Леблебијата или наут е мешункасто растение, кое се користи во исхрана на луѓето. Семето на леблебијата е слично на семето на сојата или на сушеното зрно од грашок , се користи како вариво или као додаток на друг зеленчук при приготвување на храна. Недозреаното семе се кати од мешунките и се подготвува како зелен грав или грашок. Во источните земји леблебијата ја мелат во брашно од кои печат извонредни печива , или во одреден размер (10 – 20 отсто ) го мешаат со пченичното брашно и од оваа смеса печат специјален леб. Најпопуларен ориентален специјалитет од наут се пропржените и/или…
БЕСПЛАТНА ОБУКА ЗА ЕЛЕКТРИЧАРИ И МЕХАНИЧАРИ ВО ТРЕНИНГ ЦЕНТАРОТ НА РУДНИК САСА Македонска Каменица, 23.03.2021 — Во согласност со својата стратешка определба за континуирано вложување во областите кои се значајни за просперитетот на локалната заедница, како и во ресурсите кои обезбедуваат продолжување на работниот век на најголемиот рудник за олово и цинк во земјата, Рудник САСА го ре-активира својот Тренинг центар за обука во Македонска Каменица. Новиот циклус на работа на Тренинг центарот на Рудник САСА започнува од 1-ви мај 2021 година со организација на бесплатна обука за електричари и механичари во времетраење од три месеци. Обуката е наменета за…
Полицискиот час од 22 до 5 часот, кој истекуваше денеска, ќе продолжи да важи. Комисијата за заразни болести следните денови, согласно епидемиолошките анализи ќе утврди дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки. Со Одлука на Владата, полицискиот час беше воведен на 10 март, а целта беше да се ограничи движењето и комуникацијата на младите кои интензивно комуницираат во паркови, јавни површини, и по домови после затворањето на угостителските објекти, зашто беше констатирано дека тие се едни од главните преносители на вирусот. Комисијата за заразни болести и министерот Филипче очекуваат на почетокот од неделава резултати од полицискиот час воведен пред 12 дена,…
Утринава скоро низ цела Mакедонија вее снег. Времето до крајот на денешниот ден и утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места ќе врне снег. Пообилни врнежи има во западните и северните делови каде се очекува да наврнат до 30 литрина метар квадратен. Во утринските и ноќните часови врнежите ќе бидат претежно од снег. До крајот на денот речиси насекаде ќе се формира снежна покривка, позначителна во западните делови. Воздушниот притисок ќе се намали за повеќе од 10 мерни единици. Ќе дува слаб до умерен ветер, во југоисточните делови од југоисточен, а во…
На седмиот Вселенски собор бил возгласен догматот за иконите којшто ни говори дека Бог, станувајќи човек, станал изобразлив, со Своето воплотување недостижниот Господ земал човечки лик, та ликот Божји може да биде запишан со линии и бои, не како портрет, туку како внатрешен, таинствен образ Божји, препознаван, живеен и познат во Црквата. Бог има лик, и ние тој лик можеме да го гледаме, и пред иконата која го изразува црковниот опит, црковното знаење за Бога ние дејствително можеме да ги преклониме колената со љубов, со благоговение, со нежност. Бог стана еден од нас, не престанувајќи да биде недостижен, велик Бог,…
Македонска Каменица, 20.03.2021 година – Младинските екипи на ФК Каменица САСА, Пионери и Помлади пионери, победнички се враќаат од Росоман. Во рамки на 10. Коло од Третата лига за помлади пионери и пионери, славеа со 5:0 односно со 4:0 против соодветните екипи на домаќинот Росоман. Помладите пионери на ФК Каменица Саса, под водство на Дејан Михаилов, победија со 5:0. Стрелци на головите беа Багевски Иван два, Стоилковски Димитар еден и Михаил Стаменковски два. Пионерите на ФК Каменица Саса под водство на Блажо Николовски славеа со 4:0 со головите на Атанасовски Филип, Мартин Пауновски, Гоцевски Димитар и Николовски Филип.
Извор: ЈавиСеЈужна Во рамките на 18 коло од Прва ЖФЛ во Македонска Каменица, екипата на ЖФК Каменица Саса го нагости тимот на ЖФК Шкупи и успеа да ги испрати за Скопје со девет гола во нивната мрежа, односно резултатот гласи 9:0. Натпреварот помина во фер и коректна атмосфера, а во листата на стрелци се запишаа Ана Димитровска со 4 гола, двојни стрелци беа Марјана Нацева и Рабиа Дервиши, додека Ленче Андреевска еднаш се запиша во листата на стрелци. Натпреварот помина во домашна доминација каде што актуелниот шампион и моментален лидер на табелата успеа да уште повеќе да се зацврсти на…
Македонска Каменица, 20.03.2021 година – Погледнете го промотивното видео на Рибарски вистини за Калиманско Езеро. https://m.youtube.com/watch?v=vBoHgZrIzAM Во оваа кризно време на пандемија во Светот, сите ТУР оператори даваат приоритет на активниот туризам а не на масовниот туризам. Се надеваме дека со постирање на овие промотивни видеа на нашиот канал ќе допринесеме бар малку да се промовираат нашите риболовни води и за развој на овој вид туризам. Само во Македонија има регистрирано повеќе од 37200 рекреативни риболовци а во Европа има повеќе од 20 милиони риболовци. Нашиот канал е специјализиран за риболов и лов и има голема посетеност надвор од Македонија,…
Летното сметање на времето ќе почне во недела, на 28 март во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе се помести еден час напред на 3 часот. Летното сметање ќе заврши на 31 октомври во 3 часот, со поместување на стрелките еден час наназад. Европскиот парламент уште пред 2 години го поддржа предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија. Ова ќе стапи на сила оваа година, кога секоја членка ќе може да избере дали постојано ќе остане на летно или на зимско сметање на времето. Тоа значи дека за некои…
