Author: Media Point
Услови за појава на слаб снег ќе има изутринава на североистокот. Преку денот ќе биде сончево со мала облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од северозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени. Во Македонска Каменица изутринава ќе има мала до умерена облачност, а преку денот ќе биде сончево и студено. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 6 степени. Од петок следува…
Македонска Каменица, 28.01.2020 година – Здружението на пензионери во соработка со локалната самоуправа во Македонска Каменица поделија 130 солидарни пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена. Оваа година, поради пандемијата со Ковид 19 распределувањето на пакетите се одвиваше во подолг временски период и со строго придржување кон протоколите за заштита на личното и јавното здравје. Ова е традиционална активност на Здружението на пензионери и Општина Македонска Каменица со која се опфатени пензионерите кои поради болест или старост се спречени во присуството на манифестациите и настаните кои ги организира здружението.
Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во месец јануари, во приватна лабораторија за генетика и перосонализирана медицина на клиниката Жан Митрев, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот СарсКов 2. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен. Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, прави брз тест. Тестот е со позитивен резултат. По неколку…
Припадниците на армијата на кои им завршува професионалниот ангажман со наполнети 45 години доколку не добијат вработување во другите државни институции или приватни компании ќе можат да добијат отпремнина од по 1.000 евра за секоја година стаж колку што минале во нивната служба. ОГЛАС: СЕ ПРОДАВА СТАН НА УЛИЦА САМОИЛОВА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА (ФОТО) По средбата со Синдикатот на одбраната министерката за одбрана Радмила Шекеринска која ја најави ваквата отпремнина, рече дека ги информирала членовите на Синдикатот за предлогот на Владата со цел да им се оддолжат на војниците кои тоа и го заслужуваат. Според Шекеринска, оние војници кои имале…
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91555, бројката на оздравени пациенти е 80008, на починати е 2821, а бројот на активни случаи изнесува 8726. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 39861, активни 4788 Куманово 5153, активни 374 Тетово 5050, активни 316 Прилеп 4534, активни 192 Гостивар 3600, активни 222 Штип 3491, активни 145 Битола 3203, активни 156 Велес 3056, активни 262 Охрид 2761, активни 367 Кавадарци 2533, активни 320 Струмица 2519, активни 278 Струга 2189, активни 150 Кочани 1717, активни 83 Кичево 1710, активни 128 Свети…
Групата „Јавна соба“ на Телеграм е повторно активна со околу 5.600 членови, кои споделуваат експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки. Телевизијата Сител објави дека 22-годишна девојка раскажала оти нејзин пријател ја предупредил дека во групата била објавена една нејзина фотографија од фејсбук, како и уште две експлицитни од девојка која наликувала на неа. Таа пријавила во полиција, но оттаму само и рекле дека вакви групи имало многу. Од полицијата, пак, велат дека работат на случајот. Пред точно една година беше откриена првата ваква група со над 7.000 членови на руската апликација за комуницирање. Притоа, откриен…
Три земјотреси ноќеска почувствувани во Македонија. Два земјотреси со магнитуда од 3,2 степени и 2,8 степени според Рихтер на 19 километри југозападно од Гостивар, додека пак еден од 2,8 степени е почувствуван на 18 километри од Зајас. Прочитај повеќе: Се продава стан на улица Самоилова во Македонска Каменица Земјотресите биле на длабочина од 10 километри. Инаку, земјотрес со магнитуда од 3,5 степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран изутрина во 7.44 минути на 16 километри километри југозападно од Гостивар
Oд денеска почнува етапната исплата на јануарските пензии со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Кoвид-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата. Денеска ќе се врши исплата на пензии со висина до 11.000 денари, во среда на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во четврток на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари, а во петок ќе се исплаќаат пензии во висина над 18.000 денари. Пензионерите кои користат…
Веб-страницата „Money.co.uk“ спроведе истражување за најздравиот град во светот. Се разбира, земен е предвид факторот што ги условува животите на сите нас веќе подолго време, а тоа е пандемијата. Од друга страна, беа разгледани и следниве параметри: нивото на дебелина на граѓаните, очекуваниот животен век, трошоците за живот, нивото на загадување, безбедноста, просечниот број на сончеви часови. Шпанија е најздравата земја во светот Шпанија е официјално најздравата земја во светот, рангирана на првото место на индексот. Во Шпанија луѓето се на медитеранска исхрана која се состои од здрави извори на омега-3, масти и протеини, што истражувањата ги поврзуваат со намален…
Вчера околу 05:00 часот од страна на полициски службеници од полициска станица Гази Баба, бил пронајден Д.И. (12) од Кочани. Од МВР информираат дека тој бил пријавен дека се оддалечил од домот на 16.01.2021. Претходно, на 2-ри октомври минатата година, „Радио Кочани“ пренесе дека се изгубило 12-годишно дете. Имено, според возраста и иницијалите (Д.И., 12 години), веројатно станува збор за истото момче, кое, според 31-годишната мајка, се оддалечило од својот дом. Сега, неколку месеци подоцна случајот се повторува и детето е најдено во Општина Гази Баба.
