Author: Media Point
Бројот на нови случаи полека се намалува, но бројот на починати и натаму е висок.Оваа недела на сила остануваат старите рестриктивни мерки. За велигденските празници можни се олабавувања во зависност од бројот на новозаразени. Во случај на потврдување на трендот на опаѓање, Главниот координативен штаб ќе ја разгледа можноста за предлог за намалување на рестрикциите, исклучиво во случај на континуитет во падот на бројот на заразени и бројот на хоспитализирани лица. Конкретно, за периодот од 27 април 2021 година (вторник), заклучно со 15 мај 2021 година (сабота), да се отворат угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од…
Македонска Каменица, 19.04.2021 година – Месеците април у мај се резервирани за учество на учениците и професорите- ментори на општинските и регионалните натпревари по скоро сите предмети кои ги изучуваат во склоп на наставните програми за основно образование. На 15. Април 2021 година се одржа онлајн општинскиот натпревар по Биологија на кој зедоа учество учениците: Лука Стојановски, Софија Ситновска, Ева Постоловака, Михаела Павловска и Илина Јаневска од 7 одд., Лука Стаменковски од 8 одд. и Ања Спасевска од 9 одделение. Сите ученици кои учествуваа на натпреварот по Биологија обезбедија место на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 12…
Комисијата за заразни болести денеска ќе оддржи состанок на кој треба да се одлучи дали ќе има продолжување на рестриктивните мерки или пак ќе има заострување. Пакетот рестриктивни мерки кој беше донесен пред две недели ви до 20 април, меѓутоа утре претставници од министерството за здравство меѓу кои и министерот Венко Филипче ќе заминат во Белград во работна посета на институтот „Торлак“, за во идниниа да биде наш стратешки партнер. Третиот бран на коронавирусот придонесе до зголемување на бројот на новозаразени, преполни болници и починати поради што беше донесена одлука за затворање на сите угостителски објекти, кафичи, ресторани, фитнес клубови, обложувалници и…
Македонска Каменица, 17.04.2021 година – Денеска на Градскиот стадион во Македонска Каменица се одигра натпревар од 23. Коло на Втората македонска фудбалска лига – Исток. Екипата на ФК Каменица САСА ја пречека осмопласираната екипа на ФК Победа од Прилеп. Поради врнежите од дожд, натпреварот се одигра на влажен терен и делумно неповолни услови за игра. Резултатот го отворија домаќините во 25 минута од натпреварот со голот на Сашко Дуков. Иницијативата во играта и доминацијата на теренот во текот на целиот натпревар беше на страната на ФК Каменица САСА. Гостите не успеаа да реализираат пенал во 60 минута, кога домашниот голман…
Во рамки на 22. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија ЖФК Каменица Саса извојува висока победа на гостувањето во Прилеп против ЖФК Деспина со 0:4. Стрелци на головите беа: Пале Николовска, Марјана Нацева Ману, Ана Димитровска постигна два погодока. Уште една победа, овој пат против третопласираната екипа од Прилеп. Нов чекор кон нова титула, девојките со одличен настап, цел натпревар доминантни со многу шанси за гол, – стои во објавата на фан страната од каменичкиот женски фудбалски клуб. #ОдимеНапред #ОдимеДоКрај
Македонска Каменица, 17.04.2021 година – И утре не очекува врнежливо време – Метеролозите со нова прогнозата за следните денови Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, од утринските часови со повремени врнежи од дожд, а од пладне на места нестабилно со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до…
Силувана 28-годишна девојка Маж силувал 28-годишна девојка во делчевско. Според информациите на полицијата, на 16.04.2021 бил приведен К.Т. (52) од делчевско село откако истиот ден во 12,30 часот било пријавено дека на 14.04.2021 околу 13,00 часот извршил обљуба врз 28 годишна девојка. По расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Извор: MMS.Mk
Возило Алфа-Ромео удри во ѕид пред бензинска пумпа на Макпетрол на магистралата А3 на влезот во Делчево. Увид на местото на несреќата врши екипа од сообраќајната полиција во Делчево. Оттаму информираат дека возилото удрило во дел од ѕид пред бензинската, а притоа зафатило и лимен банер кој стоел во близина на местото. Од полицијата додадоа дека настанот се случил околу 18:15 часот, а дополнителни информации за причината за несреќата најавија во текот на вечерта.
Денес Одделението за внатрешни работи Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Д.Д.(29), Н.С.(55), М.В.(31), С.С.(27), С.Д.(46), Р.Р.(31) и М.П.(34) сите од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство врз дете“ предвидено по член 201-а од Кривичниот законик. Настанот се случил на 11.04.2021 околу 19.50 часот, во дворот од куќата на Н.С. во Кочани, каде пријавените физички нападнале дете. За случајот бил известен Центарот за социјална работа Кочани, по што детето било предадено во Центарот за социјални работи Скопје.
Македонска Каменица – Поради настанат дефект на главна водоводна линија од системот за снабдување со вода, граѓаните на Суво Маало во Македонска Каменица ќе останат без вода за пиење. Екипи на Јавното претпријатие Камена Река, веќе работат на отстранување на дефектот.
