Author: Media Point

Македонската фудбалска репрезентација ја оствари најспектакуларната победа во својата историја, откако на гостувањето во Дуизбург ја совлада Германија со 2:1 во квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар. Избраниците на Игор Ангеловски храбро му се спротивставија на четирикратниот светски првак, кој воопшто не доминираше на теренот и единствениот гол го постигна од пенал. Македонија прво го шокираше големиот противник во дополнителните минути од првото полувреме, кога по една полуконтра, капитенот Пандев се најде сам пред голманот Тер Штеген. Гундоган израмни на 1:1 во 63. минута, реализирајќи го пеналот што го изнуди Сане, по што Германија имаше супершанса и за целосен…

ПОВЕЌЕ ...

„До Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести имаме поднесени барање наставници да бидат дел од приоритетите групи за вакцинирање. Сметам дека нивниот став е позитивен“, изјави министерката за образование, Мила Царовска на прес-конференција. Според неа, согласно овој тренд на вклучување на потребен кадар, ќе дојдат и наставниците на ред и дека и тие ќе влезат во групите за вакцинирање. Национална техничка група за имунизација против ковид-19 донесе одлука од почетокот на следната недела да започне и вакцинацијата на вработени во, како што се нарекува,  критичната државна инфраструктура и за нив се издвоени 4.000 дози вакцини од првичните 24.000…

ПОВЕЌЕ ...

ОФИЦИЈАЛНО: Митрашиновиќ потпиша со Баскет Кам Македонската репрезентативка ќе настапува за екипата од Македонска Каменица, во претстојните мечеви до крајот на сезоната, која е највозбудлива во македонската женска кошарка последнава деценија и повеќе. „Со завршувањето на финалниот турнир во WABA лигата и по освојувањето на второто место, ми се отвори шанса и прилика да засилам еден од Македонските клубови, кој се бори за титула. По 6 години во странство, повторно ќе настапувам за екипа во нашата лига. Добро е чуството што повторно ќе се сретнам со голем број репрезентативки, со кои сум поминала многу заедничко време на терените. Особено во…

ПОВЕЌЕ ...

КК Баскет Кам постигна значајна победа на гостувањето во Куманово против екипата на КК Куманово. Со краен резулат од 69:72 и резултатска неизвесност до самиот крај од натпреварот Баскет Кам момците запишаа уште два бода на своето салдо. Во моментов екипата на Баскет Кам со 23 бодови се наоѓа на делбата на треттото место. Со тоа, екипата на Баскет Кам е конкурент за разигрувањата кои обезбедуваат влез во Првата лига на Македонија. Резултатот по четвртини на натпреварот КК Баскет Кам – КК Куманово: 1 четвртина 07-08 2 четвртина 22 – 17 3 четвртина 22 – 22 4 четвртина 18-25 Денес,…

ПОВЕЌЕ ...

Утре ќе заседава Комисијата за заразни болести.  Оваа комисија ќе одржи редовен состанок на кој ќе се дискутира за актуелната состојба со коронавирусот. Последниве денови бројот на новозаразени со коронавирус е над 1.000. За 24 часа во Македонија има 29 починати и 1.264 нови случаи на коронавирусот. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 123.491, бројката на оздравени пациенти е 103.374, на починати е 3.574, а бројот на активни случаи изнесува 16.543. Британскиот сој брзо се шири, а погодена е и младата популација. Деновиве имаше и млади на возраст од 23 и 24 години кои починаа.…

ПОВЕЌЕ ...

Времето изутринава е студено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, во западните делови од западен правец. Минималната температура е во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 16 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 12 степени. Во следните денови времето ќе биде стабилно. До утре утринските температури ќе бидат зачително ниски, на повеќето места…

ПОВЕЌЕ ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, студено и ветровито. Претпладне во северните и источните делови со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер, кој во источните делови и вдолж Повардарието ќе достигнува брзина и над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната од 4 до 12 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, во раните утрински и претпладневни часови со повремен слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени. Од утре…

ПОВЕЌЕ ...

Леблебијата или наут е мешункасто растение, кое се користи во исхрана на луѓето. Семето на леблебијата е слично на семето на сојата или на сушеното зрно од грашок , се користи како вариво  или као додаток на друг зеленчук  при приготвување на храна. Недозреаното семе се кати од мешунките и се подготвува како зелен грав или грашок. Во источните земји леблебијата ја мелат во брашно од кои печат извонредни печива , или во одреден размер (10 – 20 отсто ) го мешаат со пченичното брашно и од оваа смеса печат специјален леб.  Најпопуларен ориентален специјалитет од наут се пропржените и/или…

ПОВЕЌЕ ...

БЕСПЛАТНА ОБУКА ЗА ЕЛЕКТРИЧАРИ И МЕХАНИЧАРИ ВО ТРЕНИНГ ЦЕНТАРОТ НА РУДНИК САСА Македонска Каменица, 23.03.2021 — Во согласност со својата стратешка определба за континуирано вложување во областите кои се значајни за просперитетот на локалната заедница, како и во ресурсите кои обезбедуваат продолжување на работниот век на најголемиот рудник за олово и цинк во земјата, Рудник САСА го ре-активира својот Тренинг центар за обука во Македонска Каменица. Новиот циклус на работа на Тренинг центарот на Рудник САСА започнува од 1-ви мај 2021 година со организација на бесплатна обука за електричари и механичари во времетраење од три месеци. Обуката е наменета за…

ПОВЕЌЕ ...

Полицискиот час од 22 до 5 часот, кој истекуваше денеска, ќе продолжи да важи. Комисијата за заразни болести следните денови, согласно епидемиолошките анализи ќе утврди дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки. Со Одлука на Владата, полицискиот час беше воведен на 10 март, а целта беше да се ограничи движењето и комуникацијата на младите кои интензивно комуницираат во паркови, јавни површини, и по домови после затворањето на угостителските објекти, зашто беше констатирано дека тие се едни од главните преносители на вирусот. Комисијата за заразни болести и министерот Филипче очекуваат на почетокот од неделава резултати од полицискиот час воведен пред 12 дена,…

ПОВЕЌЕ ...