Author: Media Point

Пет недели по приемот на првата доза на вакцина против коронавирус, можноста од нова инфекција со Ковид-19 е намалена за 80 проценти, помала е и можноста од смртни случаи која достигнува дури 95 процент, ова е наведено во студијата на научниците од италијанските национални институти за здравство. Според италијанските агенции, ова е прво вакво обемно истражување на земја-членка на Европската Унија за реалното влијание на имунизацијата врз текот на пандемијата, а податоците беа анализирани од почетокот на вакцинацијата на 27 декември минатата година до 3 мај оваа година. Податоците покажаа дека моделот е ист кај мажите и жените, без оглед…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 15.05.2021 година – Освојувачот на Купот убедливо го совлада Вардар (97:56) и со (2-0) ја затвори полуфиналната серија Екипата на Баскет КАМ од Македонска Каменица е првиот финалист на овогодинешниот Плеј-оф во женска конкуренција. Актуелниот освојувач на Купот, за кратко време уште еднаш бешше пресилен за екипата на Вардар. Во својата сала „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, победија со повеќе од убедливи (97:56), доволно да дојдат до (2-0) во полуфиналната серија на плеј-офот, и да „влезат“ во големото финале каде ќе го нападнат и вториот трофеј во сезоната, оној шампионскиот. Кој ќе им биде противник во финалето,…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 10.05.2021 година – Заштитна медицинска опрема и помагала за потребите на Здравствената станица, Итната Медицинска помош и здравствените работници во Македонска Каменица, денеска беше донирана од страна на градоначалничката Соња Стаменкова. „Се соочуваме со глобална здравствена криза од која никој не е поштеден. Заштитната медицинска опрема во овој момент е најпотребна на оние кои секојдневно се во првите редови и се грижат за здравјето на граѓаните. На овој начин сакаме да ги поддржиме здравствените работници и да го дадеме својот придонес во заштитата на јавното здравје“ – истакна градоначалничката Соња Стаменкова, при денешната посета на Здравствената станица во…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 10.05.2021 година – Денеска во Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица беше промовирана новата опрема за потребите на единицата. Градоначалничката Соња Стаменкова која присуствуваше на презентацијата на опремата истакна дека “Општина Македонска Каменица продолжува со опремување на ТППЕ, со цел успешно и професионално извршување на нивната задача. За издвоените финансиски средства од 297 242,00 денари од Буџетот на општина Македонска Каменица, пожарникарите добија: – 15 пп црева 52 mm, – 1 пп алуминиумска скала од 9 m, – 1 пп скала кукачка 4,4 m – 4 батериски прскалки – 6 пп апарати – 4 редни спојки 52 mm -…

ПОВЕЌЕ ...

Инсталирањето на апликации на вашиот телефнон колку и да изгледа корисно и безопасно во одредени случаи може да ја загрози приватноста на вашите податоци  дури и пасвордот на вашата банкарска сметка.Имено постојат апликации кои инсталирани на вашиот телефон ги “снимаат“ вашите активности и можат да ви ги украдат и злоупотребат податоците .За тоа Google Play пред неколку месеци направи скенирање и ги забрани апликациите кои имаат нелегални намери но сепак проверете дали ги имате овие апликации кај вас на телефон и ВЕДНАШ ИЗБРИШЕТЕ ГИ Овие апликации можат да го снимат пасвордот на вашата банкарска сметка Cake VPN (com.lazycoder.cakevpns) Pacific VPN (com.protectvpn.freeapp)…

ПОВЕЌЕ ...

Бадел 1862 – Баскет Кам 64-81 Перо Стамевски, тренер Бадел 1862 „Прво би сакал да им ја честитам победата на Баскет Кам, сосема заслужено го освоија трофејот. Ние не отворивме како што треба и како што се договоривме. Странските засилувања си го направија своето, излезе дека се поквалитетни во моментв. Сега продолжуваме во полуфинале од плејофот против Крива Паланка и се надевам дека во финалето ќе се сретнеме со Баскет Кам. Првенствените натпревари се сосема поинакви од купот, таму има шанса за поправен иако ништо никогаш не се знае. Очекувам да прикажеме подобра игра и да пружиме достоен отпор.“…

ПОВЕЌЕ ...

Составот на Баскет Кам со златни букви ќе биде испишан во историјата на македонската женска кошарка откако тимот од Македонска Каменица го освои Купот на Македонија, триумфирајќи во финалето против Бадел 1862 со 64-81. Баскет Кам одигра одличен натпревар на двата дела од теренот, целосно ја искористи предноста во висина, го контролираше мечот од самиот почеток па се до крајот и сосема заслужено стигна до првиот трофеј во својата историја. Кошаркарите на Баскет Кам мотивирано го отворија натпреварот, користејќи ја својата предност во вистината со целосна контрола на скокот. Добриот проток на топката носеше и отворени обиди од поле, па…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 08.05.2021 година – Фудбалскиот шампион на Македонија во женска конкуренција, ЖФК Каменица Саса ги претстави најновите и најмлади членови на клубот. Во текстот објавен на нивниот официјален “фан пејџ” стои: Нови фудбалерки во најмалите генерации 👏 Уште поголем интерес од девојчиња од Македонска Каменица, се надеваме идни европски фудбалерки и наши репрезентативки🙏 #ОдимеНапред #ОдимеДоКрај 💪🥇🏆🖤⚒ Иако клубот постои само три сезони, ЖФК Каменица Саса е двократен шампион на Македонија и учесник во најсилното европско фудбалско натпреварување, Лига на шампиони. Основач и тренер на Женскиот фудбалски клуб во Македонска Каменица е Зоран Златковски, поранешен фудбалер со повеќегодишна интернационална кариера,…

ПОВЕЌЕ ...

Цветановски: Испишавме историја, против Бадел ќе одлучи инспирацијата и желбата Баскет КАМ испиша историја во македонската женска кошарка откако по триумфот над Вардар од 95-59 во полуфиналето од Купот на Македонија стана еден од учесниците на самата завршница во ова натпреварување. Составот од Македонска Каменица имаше целосна контрола на денешниот натпревар, водејќи од првата до последната минута и сосема заслужено закажа финален дуел против Бадел 1862. По натпреварот тренерот Јордан Цветановски не го криеше задоволството од постигнатиот успех и се осврна кон финалниот натпревар. „Голема благодарност до Кошаркарската Федерација за организацијата на овој турнир во вакви тешки и специфични услови.…

ПОВЕЌЕ ...

Девојките од Каменица против Вардар (95:59) го оправдаа епитетот на фаворит, и утре (17.часот), ќе играат за трофејот против Бадел 1862 Кошаркарките на Баскет КАМ убедливо го совладаа скопски Вардар, и ќе играат во своето, прво, и за клубот од Македонска Каменица, историско финале во кошаркарскиот Куп кој од оваа година го носи името „Благоја Георгиевски Буштур“. БАСКЕТ КАМ – ВАРДАР   95:59 Кошаркарките на Баскет КАМ стартуваа исклучитело ефикасно. За нецели четири минути од играта поведоа со (12-0), а девет од тие поени беа дело на силно мотивираната Митрашиновиќ. Своите први поени „вардарки“ го реализираа по нешто помалку од пет минути.…

ПОВЕЌЕ ...