Author: Media Point

Македонска Каменица, 27.05.2021 година – Не престануваат успесите на спортистките во Македонска Каменица. По освоениот Куп на Македонија и вчерашниот успех на ЖКК Баскет Кам со огромната победа од финалето против Бадел 1862, веќе денес ЖФК Каменица САСА го објави својот одличен клубски успех. И официјално ЖФК Каменица САСА е шампион на Македонија и освојувач на првенството од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Ова е втора титула во низа за ЖФК Каменица САСА. По овој повод, стратегот и тренерот клубот Зоран Златковски упатува благодарност и честитки до играчите, поддржувачите и навивачите на клубот, како и до спонзорите, љубителите на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 27.05.2021 година – Распишан е тендерот за доизградба на Градскиот кеј од Каменичка Река објави градоначалничката на општина Македонска Каменица. Како што стои во соопштението за јавност градоначалничката Соња Стаменкова кажува дека „Станува збор за изградба на последните 150 метри од Градскиот кеј, со што целосно ќе биде завршено уредувањето на овој дел од централното градско подречје“. „Дополнително, со изградбата на Паркот на млади и доуредувањето на пешачките патеки и шеталиштата со хортикултура и урбана опрема овој дел од градот ќе добие сосема нов и модерен лик, а граѓаните на Македонска Каменица пријатно катче за прошетка, спорт, забава…

ПОВЕЌЕ ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Локално ќе има појава на невреме со поинтензивни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени. УВ индексот ќе изнесува седум. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе има нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 27 степени.…

ПОВЕЌЕ ...

Фејсбук соопшти дека ќе преземе „посилни” активности против луѓето кои постојано споделуваат неточни информации на платформата. Фејсбук ќе ја намали дистрибуцијата на сите објави на страницата за новости на сметката доколку корисникот често споделува содржина што се покажува лажна и е верификувана од една од партнерските компании за проверка на фактите, соопшти гигантот за социјални медиуми. Иницирани се и начини да ги информира луѓето за тоа дали користат содржина што е оценета со проверка на фактите. Бројот на неточни тврдења и теории на заговор се зголеми на платформите на социјалните медиуми, вклучувајќи ги Фејсбук и Твитер, за време на пандемијата…

ПОВЕЌЕ ...

Екипата од Македонска Каменица го направи потребниот „брејк“, го победи Бадел 1862 во Скопје (71:59) за 2-1 во финалето ФОТО: Анџелика Митрашиновиќ (Баскет КАМ) на средбата со Бадел 1862 во Скопје Екипата од Македонска Каменица го направи потребниот „брејк“, го победи Бадел 1862 во Скопје, и реализира пресврт во финалната серија од плеј-офот. По стартниот пораз, кошаркарките на Баскет КАМ споија две победи, за водство од (2-1) во финалето, кое им дава и две меч-топки за титулата и освојувањето на двојната круна во оваа сезона. БАДЕЛ 1862 – БАСКЕТ КАМ       59:71 (1-2) За разлика од претходните два натпревари од финалната серија,…

ПОВЕЌЕ ...

Попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степени. Во Скопје и околината претпладне сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен северен ветер. Попладне и кон крајот на денот нестабилно со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 28 степени. Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени…

ПОВЕЌЕ ...

Епидемиолошката состојба во земјава се подобрува, бројот на новозаразени лица и хоспитализирани се намалува. Комисијата за заразни болести според најавите треба да одржи состанок следната недела и да донесе одлука дали ќе има олабавување на мерки. Министерот за здравство, Венко Филипче вчера најавил дека е можно да биде укината мерката за носење заштитни маски на отворен простор. „Можно е…Следната недела ќе има состанок Комисијата за заразни болести која ќе одлучува за понатаму. Овие мерки важат до 1- ви јуни“, вели Филипче во изјава за ТВ 21. Редакцијата на „Локално“ од свои извори, уште вчера информираше дека маските нема да бидат…

ПОВЕЌЕ ...

Македонската фудбалска репрезентација од денеска и официјално ќе ги започне подготовките за учевството на Европското првенство. По вчерашниот официјален собир, селекцијата предводена од Игор Ангеловски денеска ќе го одработи и првиот тренинг, закажан од 18 часот на теренот на ФФМ. Со амбиција за успешен настап, нашите најдобри фудбалери во рамките на подготовките ќе одиграат и две контролни средби на 1 јуни против Словенија и на 4 јуни притив Казахстан во Скопје. На 8 јуни, репрезентацијата се сели во Букурешт каде ќе биде и тренинг базата за ЕУРО 2020. Македонија на ЕП ќе дебитира против Австрија на 13 јуни на „Националната…

ПОВЕЌЕ ...

Денот на младоста беше еден од најголемите празници во Социјалистичка Федеративна Република Југославија, кој се одбележуваше на 25 мај, а се прославуваше од 1945 до 1988 година. Овој празник беше поврзан со роденденот на доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито (1892-1980) и првите години се одбележуваше само како негов роденден, а во 1957 година на негова иницијатива е прогласен за Ден на младоста. Главниот симбол на овој празник беше Штафетата на младоста, која се пренесуваше околу еден и пол месец низ целата територија на некогашна Југославија и на 25 мај му се предаваше на Тито на величествен слет, организиран…

ПОВЕЌЕ ...

Една феноменална четвртина, доволна за девојките од М. Каменица да победат (78:73) и да израмнат на (1:1) во серијата со Бадел 1862 Кошаркарките на Баскет КАМ брзо се опоравија по оној почетен шок, односно поразот пред неколку дена во првиот натпревар од финалето на плеј-офот. На свој терен, девојките од Македонска Каменица изгледаа сосема поинаку во однос на она скопско издание. Една извонредно одиграна четвртина, втората, им беше доволна да го скршат отпорот на противникот БАСКЕТ КАМ – БАДЕЛ 1862      78:73 (1-1) Екипата од Скопје парираше во првиот период, дури девојките во сино-жолта комбинација го добија таа четвртина со минимални (15:14). А…

ПОВЕЌЕ ...