Author: Media Point

На Царев Врв на Осоговски планини ќе се гради најмодерен ски центар на Балканот, а вредноста му е 100 милиони евра. На иницијатива на Советот за развој на Источниот плански регион кого го сочинуваат градоначалниците на 11 општини (Берово, Пехчево, Делчево, М.Каменица, Кочани, Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево, Карбинци, Штип и Пробиштип, на Царев Врв на Осоговоските планини, ќе се гради еден од најмодерните ски центри на Балканот, објави Истокпрес. Премиерот Зоран Заев објави дека Владата, на седницата од 29 мај годинава, ја прифатила оваа регионална иницијатива, а во изградбата на ски центарот државата ќе вложи сто милиони евра.-Владата нашата инцијатива ја препозна…

ПОВЕЌЕ ...

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 28 степени. Во следните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување…

ПОВЕЌЕ ...

Еко акција на најмладите спортисти во Македонска Каменица Македонска Каменица, 05.06.2021 година – Светскиот ден на животната средина е најзначајниот ден за поттикнување на глобалната свест за заштита на животната средина. Светскиот ден на животната средина има за цел да ги охрабри луѓето ширум светот да преземаат чекори за заштита на животната средина и да водат грижа за планетата. По тој повод, денес во организација на општина Македонска Каменица најмладите членови од ЖФК Каменица САСА Фк Каменица Саса ЖКК Баскет Кам – Македонска Каменица спроведоа Еко акција на просторите од помошните спортски терени, повеќенаменските спортски игралишта, тениски терени и Градскиот…

ПОВЕЌЕ ...

Најдобрата македонска кошаркарка Анџелика Митрашиновиќ од следната сезона ќе ги брани боите на францускиот Тарб. Митрашиновиќ ќе биде дел од една од најсилните лиги во Европа кои заедно со Русија имаат по три екипи во Евролигата. Тарб минатата сезона заврши како осми во регуларниот дел од француското првенство, а поради позитивни Ковид случаи мораше да ги предаде мечевите од четвртфиналната серија против Борж. Митрашиновиќ во првиот дел од сезоната беше во редовите на Будучност, а по завршувањето на регионалната ВАБА лига дојде во Баскет Кам, клуб на кој со своите игри му ја донесе двојната круна во домашниот шампионат за…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 04.06.2021 година – Покрај интензивните градежни работи за реконструкција на трибинскиот дел од Градскиот стадион во Македонска Каменица, од Општината изјавуваат дека ќе продолжат градежните работи за спроведување на Договорот за бетонски работи и партерно уредување. “Општина Македонска Каменица преку спроведувањето на Договорот за бетонски работи и партерно уредување, покрај реконструкцијата на трибинскиот дел од Градскиот стадион и уредувањето на повеќе пристапни патеки, тротоари и останати јавни површини, започна со поставување и на урбана опрема на повеќе локации во градската средина”, – стои во соопштението за јавност објавено на официјалниот фејсбук профил на општина Македонска Каменица Во продолжението…

ПОВЕЌЕ ...

Средното општинско училиште ,,Mиле Јаневски Џингар” од Македонска Каменица денес организираше отворен ден за промоција на образовните струки и профили во училиштето на идните полуматуранти можат да го продолжат образованието. Промоцијата се одржа во училишниот двор преку изложба на експонати од секоја област. Од областа на гимназиското образование кои ги нуди сите подрачја и комбинации. Од стручното образование промоција на техничар за дизајн на облека и техничар за изработка на облека, геолошко –рударска и металуршка струка – рударски техничар и машинска струка- машински техничар. Оваа година во училиштето за прв пат се воведеува нова струка – машинска струка дуално образование.…

ПОВЕЌЕ ...

Шампионскиот тим и освојувачот на македонскиот женски кошаркарски куп – ЖКК Баскет Кам, во следната натпреварувачка сезона 2021/2022, ќе игра во WABA, односно Јадранската лига. Неполни два дена по заврпувањето на финалната серија од плеј-офот во кој екипата од Макеоднска Каменица стигна и до шампионскиот трофеј, доаѓа потврдата за учество во најквалитетното натпреваруавње на просторите на поранешната држава. Според најавите од редовите на Баскет Кам од Македонска Каменица, повеќе информации за идните планови на клубот ќе бидат објавени во наредните денови. Она што е сеуште во фазата на неофицијалното е дека во сезоната 2021/2022, женската Јадранска лига ќе брои вкупно…

ПОВЕЌЕ ...

Независната угостителска комора бара да се дозволи музика на сите прослави, а не само на свадбите и смета дека препораката на Комисијата за заразни болести да се дозволат прослави ќе предизвикаат хаос во работењето и новото секојдневие. – Да не се чудиме ако од утре во сите угостителски објекти имаме секој ден пладневни и вечерни свадби сѐ со цел да овозможиме присуство на музичари и постанеме држава во која ќе има и по илјада свадби на ден поготово преку викенди – велат од НУК. Целиот текст тука.

ПОВЕЌЕ ...

Од денеска граѓаните ќе можат да се движат без маски на отворено, ќе се дозволи организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, а ќе биде дозволено и присуство на публика на спортски натпревари што се одржуваат на отворено до 30 проценти од вкупниот капацитет на посетители. Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека иако епидемијата спласнува, граѓаните да останат внимателни. Ова се дел од препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките, кои вчера беа прифатени од Главниот координативен ковид-19 кризен штаб на Владата. Тие треба да важат од денеска. Владината прес-служба соопшти…

ПОВЕЌЕ ...

Деветнаесетгодишно момче заврши во болница по излетување на патничкото моторно возило „опел корса“ со кое управувал. Несреќата ја потврдија од делчевската полиција од каде информираа дека освен возачот, настрадал и сопатник во возилото. – На 30.05.2021 во 22:28 часoт на регионалниот пат Берово –Делчево, во село Тработивиште, патничко моторно возило „опел корса“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(19) од село Разловци, делчевско, излетало од патот. Во незгодата со тешки телeсни повреди се здобиле возачот А.Д. и сопатникот А.Ѓ.(21) од Делчево, констатирани во Медицински центар Штип, информираа од полицијата. По извршениот увид на местото на настанот повеќе детали за причината…

ПОВЕЌЕ ...