Author: Media Point
Македонска Каменица, 14.06.2021 година – Во посета на Македонска Каменица беа претседателот на ВАБА, Србобран Филиповиќ и директорот Урош Крањц, каде остварија работна средба со градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова и претставници од ЖКК Баскет Кам, Горан Даниловски и Јордан Цветановски. Во центарот на вниманието на посетата на Македонска Каменица која годинава го даде новиот македонски шампион во женска конкуренција, а кој го пријави своето деби учество во ВАБА лигата за идната сезона беше обиколката на Спортската сала во која Баскет Кам ги игра своите натпревари. „Исто како и одличните услови во хотелските капацитети за сместување на гостинските…
Претседателот на ВАБА, Србобран Филиповиќ и директорот Урош Крањц денеска и утре престојуваат во Македонија каде ќе имаат средби со македонските претставници во регионалното натпреварување Баскет Кам и Бадел. Во центарот на вниманието ќе биде посетата на Македонска Каменица која годинава го даде новиот македонски шампион во женска конкуренција, а кој го пријави своето деби учество во ВАБА лигата за идната сезона. Филиповиќ и Крањц ќе направат обиколка на салата во која Баскет Кам ги игра своите натпревари, како и на хотелските капацитети, а утре во 10 часот ќе одржат состанок со раководството на клубот. Што се однесува со Бадел,…
Пронајдено е телото на 51 годишниот (Т.С) од Делчево, кој во четвртокот (10 јуни 2021) заминал на риболов кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово, а вчера утрото беше пријавен за исчезнат и по него се вршеше интензивна потрага. Од полицијата за МИА информираа дека 51 годишниот делчевец, инаку полициски службеник, вчера доцна попладнето бил пронајден кај спомената локација, заглавен во неговото возило во водите на река Брегалница. Телото на сега веќе починатиот било извадено од реката синоќа околу 23:00 часот, а подоцна од водите било извадено и возилото „застава 101“, потврдија од полицијата за МИА. На местото на…
Потресни сцени од Европското првенство на мечот меѓу Данска и Финска. Најдобриот фудбалер на Данска, Кристијан Ериксен, само падна на натпреварот против Финска од Европското првенство. Во моментов над него се врши реанимација на самиот терен.
Делчевската полиција трага по 51 – годишниот колега (Т.С) од Делчево, кој последен пат е забележан на 10 јуни 2021 година, четврток, кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово. Делчевската полиција трага по 51 – годишниот колега (Т.С) од Делчево, кој последен пат е забележан на 10 јуни 2021 година, четврток, кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово. Лицето за исчезнато е пријавено утринава по што е започната потрага од страна на МВР. Полициски извори за МИА го потврдија настанот и додадоа дека (Т.С) често рибарел на споменатата локација, а во четвртокот на местото заминал со своето возило…
САСА одбележа 15 години од повторното отворање на рудникот Македонска Каменица, 12.06.2021 – Со признанија за сегашни и поранешни вработени, како и за партнерите на локално и национално ниво кои дадоа значаен придонес за успехот на компанијата во изминатиот период, САСА денеска ја одбележа 15-годишнината од рестартирањето на рудникот. На 12. јуни 2006 година САСА повторно го обнови производството на олово-цинкова руда, откако претходно во 2003 година беше покрената стечајна постапка со која рудникот беше затворен, што предизвика губење на работните места, социјална несигурност на многу семејства и економска стагнација на локалната област. Во знак на одбележување на оваа…
Кочани, 12.06.2021 година – Пронајдена е 16-годишната Наташа Николова од Оризари, Кочани, по која се трагаше од вчера. -Жива е, тоа е најважно. Неколку млади момчиња, да не речам деца, кои беа вклучени во потрагата ја најдоа, дехидрирана е, ја носиме во болница. Најважно е што е жива, ова е големо олеснување, благодарни сме на сите кои на било кој начин помогнаа – вели близок роднина на девојчето. Наташа излегла од дома вчера наутро, на денот на својот 16-ти роденден, по што и се изгубил траг, објави „Фокус“.
Се бара помош преку социјалните мрежи. Се бара млада девојка од кочанско која е исчезната. Објавени се и податоци кога за последен пат е видена девојката. „Исчезната е Наташа Николова од Оризари, Кочани. Полицијата ја бара, последен пат е излезена од дома во 8 часот наутро. Ќе ве молам ако некој ја видел или знае нешто да се јави во полиција. Се надеваме дека е жива и здрава. Споделете“, напишала на фејсбук Нате Стоилова пред 12 часа. Споделете ја објавата и доколку ја видите девојката пријавете во полиција, напишача Нате Стоилова.
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 18 јуни (петок) пред Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. Неработниот ден е утврден согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07).
Големо невреме во источниот дел на Македонија. Ова видео е од Берово, каде што се гледа огромна количина на град по улиците. Невреме имаше и во други градови низ земјава, кое направи штети. Исто така невреме се очекува и утре во попладневните часови. Во Скопје, пак, поради невремето пола град остана без електрична енергија. Видео на следниов линк: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10159935220044048&id=789394047
