Author: Media Point
Објавено во: Свет Од 2024 година, сите возила кои се регистрирани во ЕУ за прв пат ќе имаат црна кутија во која се запишува сè што се случило во секундите пред несреќата. Таканаречената црна кутија бележи дури 41 податок што помага во експертиза (ЕПА) Од следната година, сите нови автомобили во Европската унија ќе имаат задолжителна црна кутија, а од 2024 година, тоа ќе важи за сите регистрирани возила. Црна кутија е уред што треба да ги открие најмалите детали сè што се случило во секундите пред сообраќајната несреќа. „За да добиете информации за брзината на возилото на пет секунди пред судирот,…
Дознајте што треба секоја жена да направи на Духовденски понеделник, според старите традиционални обичаи, за да се заштити домот од лоша среќа. Православните верници денес го празнуваат Духовденски понеделник, првиот ден после празникот Света Тројца. Духовден или Дуовден е еден од најголемите 12 христијански празници. Се нарекува уште и Педесетница и е еден од најрадосните и најсветли празници во христијанството во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото воскресени. Овој настан претставува исполнување на старозаветните месијански пророштва. Педесетницата се нарекува уште и „крајот на празниците“, ден преку кој се довршува историјата на спасението…
Горан Пандев против Холандија ќе го одигра последниот натпревар за македонската репрезентација. Капитенот на македонската фудбалска репрезентација во бел дрес ќе се прости од националниот тим. УЕФА ги објави деталите, со овие дресови ќе играат Македонија и Холандија на ЕУРО. Пандев вчера изјави дека денешниот натпревар против Холандија ќе биде негов последен во репрезентативниот дрес. Тој го даде деби голот за Македонија на ЕУРО 2020, наш фудбалер е со најмногу настапи и најмногу голови. -Ова е мој последен меч за Македонија. Мислам и јас и моите колеги, на чело со селекторот Ангеловски направивме нешто што не знам дали некој ќе…
Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на новиот експресен пат Штип-Крупиште. Надлежните од СВР-Штип потврдуваат дека несреќата се случила околу 16 часот на експресниот пат на четири километри пред штипската приградска населба Три Чешми. Засега нема информации на која возраст се жртвите и од каде се. Познато е дека несреќата се случила при директен судир меѓу две возила со велешки и битолски регистерски таблички. При несреќата има повредено и други лица, кои се хоспитализирани во Клиничка болница-Штип, при вадењто на повредените и двете жртви во несреќата интервенирале и штипските пожарникари. Надлежните од СВР-Штип најавија дека подетални информации за денешнава…
Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура се движи од 11 до 19 степени, а дневната ќе биде од 25 до 36 степени. Во Македонска Каменица и околината времето ќе биде сончево и топло, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 33 степени. Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, во наредните денови времето ќе биде…
САСА ќе продолжи да вложува над 300.000 долари годишно во развојот на заедницата Македонска Каменица, 17.06.2021 – Рудник САСА, преку новоформираната Фондација за поддршка на одржливиот развој, ја потврди својата намера да продолжи годишно да вложува повеќе од 300.000 долари во различни области значајни за животот и просперитетот на луѓето и локалната заедница. Ова беше соопштено на средбата на претставниците на менаџерскиот тим на САСА со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, која по повод 15-годишнината од рестратирањето на рудникот, престојуваше во Македонска Каменица, каде се запозна со реализацијата на дел од досегашните и тековните општествено одговорни проекти, како и со плановите…
Македонска Каменица, 17.06.2021 година – Во работна посета на Македонска Каменица денес, престојуваше Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото кралство во РС Македонија. На средбата како што информираше градоначалничката Соња Стаменкова, се разговараше за повеќе актуелни теми кои се однесуваат на функционирањето на локалната заедница, справувањето со Ковид кризата, добрата соработка со компанијата Рудник Саса и идната визија за подобар развој на Општината. – Разговаравме и за тековните инвестиции и инфраструктурни проекти, она што е сработено и визијата за понатамошно функционирање на општината. Потоа ја опфативме темата за родово одговорно буџетирање и начинот и визијата на кој ќе се развива општината…
На возрасна личност дневно ѝ требаат 15 – 20 минути сончање без сенка, најмногу, а треба да се почне со пет минути на ден, за посилно здравје, вели Андреј Тјажелников, одговорен специјалист за примарна здравствена заштита за возрасни при Московското министерство за здравство. – Сонцето придонесува за добивање витамин Д, што е важно за организмот. Затоа е корисно да се биде на Сонце. Главната работа е да не претерувате за да не добиете топлотен удар и да изгорите. На возрасните им требаат 15 – 20 минути престој на Сонце. А, најдобро е тоа да почне со не повеќе од пет…
Продуцентот Роберт Насков, режисерката Марија Апчевска-Петровска, актерката Антонија Белазелкоска и кинематограферот Влатко Самоиловски од кусиот филм „Северен пол“ што ќе се трка за Златна палма во Кан. (Фото: К. Попов) Освоивме досега неосвоива тврдина за македонскиот филм, вели продуцентот Роберт Насков откако краткиот игран филм „Северен пол“ на Марија Апчевска-Петровска влезе во селекцијата за Златна палма на престојниот 74. Кански филмски фестивал. Краткиот „Северен пол“ е првиот македонски филм воопшто што ќе се трка за престижната Златна палма. Режисерката Апчевска-Петровска додава дека верува оти овој историски успех за македонската кинематографија нема да биде последен и дека ќе отвори врати и…
ЈП Камена Река ги известува граѓаните на Македонска Каменица дека, поради дефект на главна водоводна линија има прекин во снабдувањето со вода на Бачовско маало. Екипите на ЈП Камена Река работат на отстранување на дефектот. Повеќе информации за времетраењето на прекинот за снабдување со вода граѓаните на Македонска Каменица ќе добијат во текот на денот.
