Author: Media Point
„Проект слобода“ за симнување на Фејсбук од престолот Идејата на милијардерот Френк Меккорт е да изгради јавно достапна база на податоци за социјални контакти, со, како што се наведува – поголема контрола врз своите лични податоци и сѐ она што се споделува на интернет Милијардерот Френк Меккорт ќе инвестира 100 милиони долари во проект што би требало да го симне Фејсбук од престолот. Поранешниот со-сопственик на бејзбол-тимот Лос Анџелес доџерс го планира т.н. „Проект слобода“ (Рrојесt Lіbеrtу), којшто цели кон пазарот на социјалните мрежи. Идејата на милијардерот е да изгради јавно достапна база на податоци за социјални контакти, со,…
Македонската фудбалска репрезентација го заврши Европското првенство на 23. место од 24 селекции. Нашата, заедно со селекцијата на Турција се единствените две репрезентации кои настапот на ЕУРО 2020 го завршија без ниту еден освоен бод. Во таква ситуација, Македонија се пласира пред Турците поради подобрата гол-разлика. Ние го завршивме настапот со два постигнати и осум примени голови, додека Турците исто така примија осум голови, но постигнаа само еден. Во меѓувреме, со комплетирањето на групната фаза се формираа двојките за осминафиналето. Осминафиналните натпревари ќе почнат в сабота, по што во следните четири дена ќе се играат по два натпревара.
Земјава денеска и утре ќе биде под влијание на топол бран со високи температури од портокалова (алертна) фаза. Надлежните апелираат да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, да се ослободат од работните обврски најранливите групи, вклучувајќи ги бремените жени, како и лицата на возраст над 60 години, а децата од градинките да не се изнесуваат на отворено од 11 до 17 часот. Според УХМР, во текот на денов ќе има мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови и за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.…
Македонска Каменица, 23.06.2021 година – FC Kamenica Sasa – Bageri, бројни спортски работници и членови на ФК Каменица Саса објавија фотографии од денешната средба на македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски со најмладите членови на клубот. Со свои зборови го опишаа големиот гест на миленикот на каменичани и еден од најголемите гол мајстори во редовите на националниот тим. Во прилог дел од скрин фотографиите од статусите на фејсбук од голем број на спортски работници, членови на клубот и поддржувачи на спортот во Македонска Каменица Очигледно, најголемата радост и возбуда од средбата била кај најмладите членови на клубот, кои впрочем се и негови…
Македонска Каменица, 22.06.2021 година – Општина Македонска Каменица денеска упати Соопштение до граѓаните дека во петок, на 25 јуни 2021 г. во раните утрински часови во Македонска Каменица ќе биде спроведено авиотретирање против комарци. Претходно во четврток, 24. Јуни 2021 година, во доцните вечерни часови ќе биде извршено и терастичното прскање против комарци во градската средина на општина Македонска Каменица. -Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови.Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по…
Министерството за внатрешни работи (МВР) уште еднаш ги информира граѓаните дека поради миграција во нов систем од утре (23 јуни) во 21 часот од недела (27 јуни) до 21 часот нема да биде во функција системот за прием и издавање лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола). – Се известуваат граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во итна постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ на 22.06.2021 година во текот на целиот работен ден или на 23. 06.2021…
Горан Пандев по две децении во македонскиот дрес синоќа го имаше својот последен едночасовен танц на фудбалскиот терен, па ги крена сите на трибините на култната „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам со аплауз да го испратат во пензија. Капитенот на македонската репрезентација ја заврши кариерата со 122 меча во националниот дрес, 38 гола, настап со Македонија на Еуро 2020, деби голот за црвено-жолтите во европскиот крем, сѐ како шлаг на тортата на извонредната кариера во која освои сѐ што можеше да се освои (Лацио, Интер, Наполи, Галатасарај, Џенова), а со неговиот гол во Тбилиси го обезбедивме историскиот настап летово на…
Владата денеска на седница треба да ги разгледа и да одлучи за двете законски решенија кои се однесуваат на најавеното намалување на ДДВ на електричната енергија и воведувањето еколошка такса на горивата. Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера изјави дека Владата ќе оди со предлогот мерките да важат од 1 јули и со очекување дека дотогаш Собранието ќе успее да ги изгласа. -Владата треба да ги разгледа и да одлучи во однос на двете мерки. Имаме предлог за законот за ДДВ за намалување во транзиторен период, односно да се помогне на домаќинствата кога се прави либерализација на пазарот на електрична…
Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини нема задржувања June 22, 2021 АМСМ Соопштенија, Информации – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница –…
Македонска Каменица, 21.06. 2021 година – Со почеток од 20:00 часот, на 24. Јуни, на Градскиот плоштад во Македонска Каменица ќе се одржи концерт на ансамблот „ТАНЕЦ“. “ТАНЕЦ” повеќе од седум децении претставува симбол на македонската култура и уметност. Најголем национален амбасадор на македонскиот фолклор и подвижен музеј на нашата духовна култура. Покрај вокално-инструменталниот концерт во Македонска Каменица, “Танец” ќе има настапи и во неколку други градови во Македонија.
