Author: Media Point

https://www.youtube.com/watch?v=kUrodXswnhY Просечната старост на нововработените рудари во рудникот „САСА“ е 27 години, со новиот закон за пензионирање на рударите во пензија заминуваат на 40 години, а новите вработувања покажуваат дека има доволен интерес за оваа работна позиција, на оваа тема и уште многу други локални теми поврзани со општина Македонска Каменица, зборуваше градоначалничката на оваа општина, Соња Стаменкова во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77. Таа вели да не ни се случи 2003 година, мислејќи на намлениот број на вработени во рудникот и иселени граѓани. „Во моментов „Централ Азија Металс“ е сопственик – концесионер во рудникот состојбите се значајно подобрени.…

ПОВЕЌЕ ...

По повод 50 години од раѓањето на Миле Јаневски Џингар, на 24. Јули 2021 година, во Македонска Каменица ќе се одржи Меморијална атлетска трка. 18:00 часот, на 24. 07.2021 година, е резервиран термин за почеток на атлетската трка од 10 километри, која започнува од местото на раѓање на Миле Јаневски Џингар во село Костин Дол (маало Ума) и завршува пред неговиот споменик во Паркот на борците во Македонска Каменица. Почнувајќи од денес, 09. Јули 2021 година, официјално започнува пријавувањето на учесниците, кое ќе биде отворено до 24. Јули 2021 година, до 16:00 часот. Стартниот пакет за маратонот соддржи: Маица со…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 08.07.2021 година – Општина Македонска Каменица преку градежните активности на ЈП „Камена Река“ веќе неколку денови интензивно работи на изградба на нова водоводна линија која обезбедува чиста вода за пиење за потребите на 20 домаќинства кај м.в Филтер станица. Како што стои во соопштението на официјалните страни од социјалните мрежи на општина Македонска Каменица и ЈП Камена Река „Станува збор за водоводна линија со должина од 660 метри, со која трајно се решава овој долгогодишен пробелем на жителите на општина Македонска Каменица од оваа населба“. Од каде дополнуваат дека „Во завршна фаза е уште еден проект на општина…

ПОВЕЌЕ ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, во источните делови со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, на југоистокот од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ=9. Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 39 степени. В петок и понатаму ќе биде многу топло, но облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 07.07.2021 година – Рудник САСА донираше ново инклузивно детско игралиште кое е лоцирано во кругот на детската градинка „Бамби“ и на Дневниот центар на лицата со посебни потреби во Македонска Каменица. Игралиштето овозможува пристап и за децата со попреченост, со што се поттикнува нивна поголема инклузивност во текот на престојот во овие две установи, како и за рекреативни активности. Овој проект беше предложен од страна на детската градинка и е дел од годишната програма за поддршка на проекти од значење за локалната заедница, за чија реализација САСА обезбедува континуирана финансиска поддршка. „Со задоволство ја поддржавме реализацијата на овој…

ПОВЕЌЕ ...

06.07.2021 година – Во текот на вчерашниот ден, ЈП Камена Река ги извести граѓаните на Македонска Каменица за прекин во снабдувањето со вода поради санација на два дефекти на главна водоводна линија. Денеска, до 12 часот дефектите се целосно санирани и водоснабдувањето веќе е нормализирано. Прекинот во снабдувањето со вода започна во 08:00 часот, со траење до 12:00 часот.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 05.07.2021 година – ЈП Камена Река ги известува граѓаните на Македонска Каменица дека, поради санација на два дефекти на главна водоводна линија во текот на претпланевните часови од утрешниот ден ќе има прекин во снабдувањето со вода. Прекинот во снабдувањето со вода ќе започне во 08:00 часот. Планирано е завршување на активностите за санација на дефектите до 12:00 часот, кога се очекува и нормализирање во снабдувањето со вода за пиење кај домаќинствата во сите делови од градот.

ПОВЕЌЕ ...

Започнува со работа Градскиот базен во Македонска Каменица Во завршна фаза се подготовките за отворање на градскиот базен во Македонска Каменица за претстојната летна сезона. Влатко Андоновски, директор на Јавното претпријатие „Камена Река”, кое стопанисува со базенот, соопшти дека годинава за посетителите се воведуваат новини со кои дополнително ќе се подобри престојот на пливачите и посетителите на градскиот базен. – Во рамки на можностите на претпријатието, оваа година покрај останатите дополнителни елементи, повторно ќе поставивме мал детски базен, кој ќе биде наменет за најмалите посетители. Детскиот базен е изработен од висококвалитетен материјал, со комплет филтри за пречистување и одржување на…

ПОВЕЌЕ ...

Од утре следува период на стабилно време, освен в понеделник кога во пладневните и попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Температурата ќе биде во пораст. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Долж Повардарието и на истокот ќе дува умерен северозападен, а во западните делови слаб западен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 8. Од понеделник ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Најтопло ќе биде в среда, со максимална температура од 29 до 37 степени.

ПОВЕЌЕ ...

Кавадарчанецот Бошко Илиев, лекар по спортска медицина и вљубеник во маратонско пливање се подготвува за 95- от маратон во неговата пливачка кариера. Започнал да плива уште од седум години, но неговите посериозни пливачки настапи започнуваат во 2001 година, кога заминал од Кавадарци на специјализација во Скопје. За ММС вели  дека целиот свој живот го сака пливањето, ја сака водата. Има 56 години и не сака да се откаже од маратонското пливање.  Ни раскажа дека тренира во водите на Тиквешкото Езеро, каде има соло маратони. „ Уште од најрани години сум се научил да пливам, го сакам пливањето уште од…

ПОВЕЌЕ ...