Author: Media Point
Македонска Каменица, 19.07.2021 година – Општина Македонска Каменица ги известува граѓаните дека во среда, на 21 јули 2021 г. во доцните вечерни и во раните утрински часови во четврток на 22.07.2021 година, на територијата на општина Македонска Каменица ќе биде спроведено копнено и авиотретирање против комарци. Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови. Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето. При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи…
Денеска Регулаторната комисија за енергетика ќе формира нови цени на нафтените деривати. Во последниот период значително се зголеми цената на нафтата на светската берза, а тоа се одрази и на цените на горивата во земјава. Поради поскапувањето, исполнети се условите да се укине зголемената акциза на дизел горивото која Владата ја усвои во април лани како антикризна ковид мерка за да се зголемат буџетските приходи, поради што денеска дизел горивото се очекува да поевтини за два денари. Во периодот кога Владата ја усвои зголемената кациза нафатата значително поевтинуваше или само од почетокот на годината до април 2020 година цената беше…
Денеска ќе заседава Комисијата за заразни болести, можна е забрана за веселби во затворен простор По благиот пораст на новозаразени со коронавирусот во Македонија и потврдените кластери од свадби и семејни веселби денеска е можно членовите на Комисијата за заразни болести да донесат одлука за забрана на веселби во затворен простор. Здравствените власти уверуваат дека засега имаме мирно лето и дека нема потреба од рестрикции, но повторно се разгледува можноста за позасилени контроли на границите, за воведување на мерка за влез во земјава само со негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација. Експерти во Македонија предупредуваат дека бројот на новозаразени…
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, јавуваат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар –…
Почитувани сограѓани, ЖФК Каменица САСА Ве поканува на свеченото доделување на Шампионската титула за 2020/21 година. Свеченоста започнува во 16:00 часот, пред почеток на пријателскиот натпревар на кој ќе настапат и најновите засилувања на клубот. “Ве очекуваме заедно да прославиме и заедно да се радуваме на овој огромен успех на нашите девојки, нашиот клуб и нашиот град” – стои во поканата клубот ЖФК Каменица САСА втора година по ред е Шампион на Македонија во женски фудбал. И годинава ќе настапи во најголемото светско клубско натпреварување Лига на шампиони, каде во првиот натпревар се среќава со фудбалскиот гигант Јувентус од Торино,…
Македонска Каменица организира Меморијална атлетска трка во чест на Миле Јаневски Џингар По повод 50 години од раѓањето на Миле Јаневски Џингар, на 24. Јули 2021 година, во Македонска Каменица ќе се одржи Меморијална атлетска трка. 18:00 часот, на 24. 07.2021 година, е резервиран термин за почеток на атлетската трка од 10 километри, која започнува од местото на раѓање на Миле Јаневски Џингар во село Костин Дол (маало Ума) и завршува пред неговиот споменик во Паркот на борците во Македонска Каменица. Пријавувањето на учесниците е во тек и ќе биде отворено до 24. Јули 2021 година, до 16:00 часот. Стартниот…
Македонска Каменица, 16.07.2021 година – Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на патот Делчево – М.Каменица кој е дел од магистралата А3 кај месноста Каменички рид, се одбива по една лента. Како што јавуваат возачи, во несреќата учествувале товарно возило камион и џип. Според првичните информации, во несреќата нема потешко повредени лица. Во несреќата џипот е целосно оштетен, додека камионот се наоѓа на едната страна на коловозот заради што сообраќајот се одвива по една лента, велат возачи. Увид на лице место вршат од полицијата, од каде повеќе детали најавија во текот на денот.
Во пожар, кој попладнево избувна во делчевското село Град изгоре куќа, сопственост на семејството Атанасови. Пожарот прв го забележал еден од сопствениците на куќата, кој спиел, но го разбудила миризбата на запалено. Жителите на селото информираат дека благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Делчево спречено е проширување на пожарот на околните куќи. Во пожарот нема повредени, а како причина се напоменува неисправна плинска боца. Претходно, делчевската противпожарна единица интервенираше на запалено комби возило на магистралата А3 кај селото Ѕвегор.
Македонска Каменица, 16.07.2021 година – Како што стои на официјалната страна на општина Македонска Каменица, веднаш по реконструкцијата на најфрекфентните градски улици „Започна обележувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација во централното градско подрачје за зголемена безбедност на учесниците во сообраќајот и граѓаните на Македонска Каменица“. https://www.facebook.com/makedonskakamenicamk/photos/pcb.4724086190939020/4724065197607786/ Исто така, парапалено со оваа активност која ја врши Јавното претпријатие Камена Река се инсталира систем „Капка по капка“, за кој од општината и ЈП Камена Река изјавуваат дека „Инсталираните прскалки и поставените 2500 метри од системот „Капка по капка“ овозможуваат зголемена рационалност во користењето на водните ресурси и олеснето одржување на јавното градско зеленило“.…
Минималните температури ќе се движат во интервал од 14 до 23, а максималните од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9. Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во северните делови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 14 до 23, а максималните од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со појава на нестабилност…
