Author: Media Point
Поради неисполнување на критериумите од Јавниот повик објавен врз основа на членот 17 од Законот за младинско учество и младински политики (“Службен весник на Република Северна Македонија“ број 10/2020), Општина Македонска Каменица на ден 15.07.2021 година објавува повторен ЈАВЕН ПОВИК За формирање Иницијативен одбор за конституирање на Локално собрание на млади на Општина Македонска Каменица за избор на членови на Локален младински совет на Општина Македонска Каменица. (1) Општина Македонска Каменица пристапува кон формирање на Младински совет на Општина Македонска Каменица, како советодавно и претставничко тело за младински прашања и политики. (2) Претставниците на локалниот младински совет имаат…
Се продава нива-плац во Делчево, со вкупна површина од 1133 м2. Плацот е идеално место за изградба на семејна или викенд куќа, магацински простор, како и стовариште. До самиот плац поминува пат, водоводна, канализациска, и електрична мрежа. Плацот е заграден од 3 страни. Цената е 800ден за м2 Контакт телефон 070 240 640
Двојна трагедија во Штип – момче и девојка си го одзеле животот на идентичен начин. Жителите на градот се во шок, тага и неверување за трагичниот настан. Штипската телевизија Стар јавува дека синоќа со бесење животот си го одзела 22 годишна девојка од градот. Претходно беше јавено дека завчера кај археолошкиот локалитет Баргала се обесило 25-годишно момче. Неговото тело го пронашле локални жители. Полицијата извршила увид, а телото било предадено на обдукција. Изворите на ТВ Стар велат дека причина за двете трагедии е недозволена љубов. На местото на синоќешната несреќа увид извршиле полицијата и јавен обвинител.
Сениорската репрезентација го одржа првиот тренинг во рамките на подготовките за претквалификациите за Светското првенство Сениорската репрезентација на Македонија утринава го одржа првиот тренинг во рамките на подготовките за претстојниот претквалификациски циклус за Светското првенство во 2023 година. Идниот месец, нашиот национален тим ќе игра против Словачка и Швајцарија против кои ќе се обиде да освои едно од првите две места и да го продолжи патот кон Мундијалот. Стартот на подготовките го одбележаа отсуствата на неколку важни кошаркари кои беа столб на тимот последните години. Уште од порано, својот настап поради повреди го откажаа Војдан и Дамјан Стојановски, Дарко Соколов…
Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи, Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната од 24 до 36 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 33 степени.
Православната Црква во понеделник водејќи се од Јулијанскиот календар го бележи денеска 29-ти јуни, кога го слави споменот на светите апостоли Петар и Павле, со кој се одбележува завршувањето на повеќедневните пости. Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. А и историски нивниот празник се утврди пред празникот посветен на 12-те, односно на сите апостоли. Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус…
Македонска Каменица, 12.07.2021 година – Се известуваат граѓаните на општина Македонска Каменица дека од денеска 12.07.2021 година, започнува масовна вакцинација во руралните средини. Вакцинацијата е доброволна и бесплатна. Можат да ја примаат сите граѓани, со и без здравствено осигурување. Распоред: 12.07 – Дулица (Училиште) 13.07 – Цера1 и Цера2 (Училиште) 14.07 – Луковица (Училиште) 15.07 – Тодоровци (Месна Заедница) 16.07 – Косевица (Училиште) и Костин Дол (Училиште) 19.07 – Моштица 1 (Месна Заедница) и Моштица 2 (Училиште) 20.07 – Саса 1(Училиште) и Саса 2 (Месна Заедница)
ЖФК Каменица САСА на мегдан со Јувентус во женската Лига на шампиони Жените знаат и умеат во рударска Македонска Каменица. Освен што се познати по единствената градоначалничка на истокот, годинава имаат шампионки и во фудбал и кошарка. Фудбалерките на женскиот фудбалски клуб Каменица Саса ги уриваат сите стеротипи, но и ги надигруваат сите противници. Двократниот шампион на Македонија ќе се натпреварува во Лига на шампиони. Натпреварите ги почнуваат на 18 август во осмата група со италијански Јувентус, еден од гигантите во светски фудбалски рамки и во женска, не само во машка конкуренција. Во групата се и Сент Полтен од Австрија,…
Младите кошаркарки ќе учествуваат на традиционалниот турнир „Словенија бол“ во Словењ Градец Селекторот на нашата најмлада женска национална селекција „Под 14“ години, Горан Даниловски, го дефинираше списокот на кошаркарки на кои ќе смета за претстојните активности, а се поврзани со учество на меѓународниот турнир „Словенија бол“ кој во текот на август ќе се одржи во Словењ Градец. На првиот тренинг кој ќе се одржи на 12.јули (понеделник) во салата на КК „Вардар“ (Под Кале) во Скопје, со почеток од 18. часот, треба да дојдат вкупно 16. кошаркарки. СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ Ања Начевска (Вардар) Бојана Николиќ (Вардар) Мартина Џингаровска (Вардар)…
Македонска Каменица, 10.07.2021 година – Градоначалниците од 34 општини ги добија Договорите од Програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти. Општина Македонска Каменица во рамки на ТАВ Програмата доби средства за изградба на канализациона мрежа во Индустриската зона. На настанот присуствуваше градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова која по настанот изјави „Денеска, присуствував на свеченоста за Доделување на Договорите од Програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти“. Со овој Договор општина Македонска Каменица доби средства во висина од 5 300 000,00 денари за изградба на канализациона мрежа во Индустриската зона“. „Преку подобрувањето на инфраструктурата продолжуваме посветено да работиме во…
