Author: Media Point
Огнот зафати борова шума на површина од околу 10 хектари, а помогнат од силниот ветер брзо се шири во правец на градот и најверојатно ќе зафати поголема шумска површина. – На терен се наоѓаат екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани, кои со две возила и четири пожарникари се обидуваат да го контролираат ширењето на огнот. Истовремено нашите колеги интервенираат на пожар кај селото Бања во општина Чешиново-Облешево и единицата не е комплетна за интервенцијата во Кочани. Поради тоа ги повикавме и колегите од Штип и Виница, истакна Благој Паунов, команир на ТППЕ – Кочани. Првичните сознанија укажуваат дека пожарот…
Превртен автомобил на патот Свети Николе – Штип Несреќа на местото на патот Свети Николе – Штип кај место Криви Дол. Автомобил излетал од коловозната лента и се превртел на кров. Нема информации дали има повредеи или жртви во несреќата. Полицијата е на местото на несреќата, се уврши увид. Izvor: mms.mk
Јавното претпријатие Камена Река – Македонска Каменица апелира до каменичани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на градинарски насади, паркови, бавчи и ниви. Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високите температури кои деновиве ќе достигнат и над 40°C, како и податоците на ЈП Камена Река за зголемена потрошувачка на водата, апелираме до граѓаните на Македонска Каменица за совесно и рационално користење и употреба на водата. Во моментов, постоечките количини на вода се доволни за секојдневни потреби…
Денес потпис под едногодишен договор стави српската интернационалка и повеќегодишен член на репрезентацијата на Србија – Лана Чолич. Таа доаѓа од ЖФК Земун, каде е една од најдобрите поединци и капитен во тимот во последните три сезони. Лана Чолич, од денес ги започнува подготовките со каменичките девојки. Со нејзиниот квалитет и искуство, од ЖФК Каменица САСА очекуваат значително зголемена ефикасност во нападот, но и севкупно во играта на тимот. Пристигнувањето на Лана Чолич е силно засилување за ЖФК Каменица САСА пред претстојниот циклус натпревари во Лигата на шампиони кој запонува со големиот италијански клуб Јувентус. #ОдимеНапред #ОдимеДоКрај
Општина Македонска Каменица во соработка со Културно информативниот центар „Романса“ и Здружението на пензионери од Македонска Каменица организира иселеничка средба „Ден на дијаспората“, која ќе се случи на 08-ми Август 2021 година, на манастирско-туристичкиот комплекс Еленец, во село Цера, Македонска Каменица. Покрај културно-уметничка програма и настапите на музичката група Актив Бенд, Општината и црковниот одбор при манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ ќе подготват скромен оброк за сите посетители. На Денот на дијаспората пред иселениците ќе бидат презентирани и инвестициските можности и плановите на локлната самоуправа за развој на економијата во општина Македонска Каменица и регионот.
Освојувачот на двојната круна во македонската женска кошарка Баскет Кам се договори со црногорската репрезентативка Снежана Алексиќ. Кошаркарката која игра на бековските позиции доаѓа од тимот на Монтана од Бугарија. Во својата професионална кариера Алексиќ ја почнала на 16-годишна возраст во тимот на Будуќност, а потоа играла во Хрватска, Грција, Русија, Турција, Унгарија, Швајцарија, Шпанија и Аргентина пред да ја засили Монатана. Покрај сето ова, Алексиќ има настап на шест европски првенства со црногорската репрезентација, вклучувајќи го последното што се одржа минатиот месец во Франција и Шпанија. Со ангажманот на црногорската кошаркарка, Баскет Кам почнува со составување на тимот кој…
„Средбите со силни противници како Хрватска, Грција, Полска, ќе ни бидат од голема корист“- вели селекторот на репрезентацијата „Под 14“ Од 28. до 31. јули, во Каламата ќе се одржи силен меѓународен турнир за кошaркари „Под 15“ години. Собир на кој нашата земја ќе ја претставуваат момчиња родени 2007 и 2008 година, односно една година под возрасната граница на турнирот. Селекторот на нашата селекција „Под 14“ години, Горан Андреевски очекува добри игри на турнирот во Грција, без оглед што во Каламата одиме со една година помлади кошаркари. „Средбите со силни противници како Хрватска, Грција, Полска, ќе ни бидат од голема…
Македонска Каменица, 26.07.2021 година – Министерството за образование ви објави резултатите од рангирањето на проекти по пристигнати и неодбиени апликации (барања) од Јавниот повик за доставување на апликации (барања) за финансирање на проекти за реновирање на училишни објекти нa општински основни и средни училишта под надлежност на општините и на Градот Скопје со средства од Буџетот на Министерството за образование и наука. Во Општина Македонска Каменица преку апликација од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде реализиран Проектот за делумна реконструкција на кровот. Со ова општина Македонска Каменица целосно го завршува процесот на реконструкција на овој Проект, кој во изминатите години е решаван само…
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во северозападните планински подрачја ќе има услови за изолиран пороен дожд и појава на ретки грмежи. УВ=8. Утринските температури ќе се движат од 14 до 20 степени, а дневните до максимални 38 степени. Во Скопје слично време со максимална дневна температура до 37 степени. За утре метеоролозите најавуваат сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и температури до 39 степен. Од среда се најавува сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ индексот ќе биде 9,…
Првото домашно засилување во редовите на актуелниот шампион на Македонија и освојувач на Купот на Македонија, ЖКК “Баскет Кам” – Македонска Каменица е Теа Митрева од Кавадарци. Со потписот на двогодишниот договор со 22 годишната Теа Митрева, Баскет Кам го започнува формирањето на скелетот од нивиот тим со кој ќе настапи во WABA лигата и ќе ја брани двојната круна во националното првенство. Теа Митрева во минатите сезони настапуваше за екипата на Бадел 1862 и стандарден првотимец во националниот тим од 16 до 18 години.
