Author: Media Point
Македонскиот напаѓач Влатко Стојановски од денес официјално се врати во Хрватска и ќе игра за екипата на Горица, објави клубот на својата интернет-страница. 24-годишниот напаѓач кој беше дел од Македонија на Европското првенство (ЕП) ги финализира сите детали и потпиша договор со тимот од ХНЛ-лигата до 2024 година. Доаѓа како слободен, откако претходно го раскина договорот со француски Ним. Стојановски, кој има 24 години, замина во Ним во 2019 година од редовите на Ренова, а играше и за Шамбли. Претходно, тој настапуваше на терените во Хрватска во редовите на Дугопоље, РНК Сплит и Неретванац, а беше член и на македонски Металург. Напаѓачот има и девет натпревари за сениорскиот тим на Македонија и два…
ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица започна да ја плете мрежата околу формирањето на тимот кој ќе ја одбрани двојната круна и екипата која достојно ќе ја претстави Македонска Каменица во натпреварите од WABA лигата. Во таа насока, клубот од Македонска Каменица кој доминира во македонската женска кошарка Баскет Кам, се договори со црногорската репрезентативка Снежана Алексиќ. Кошаркарката која игра на бековските позиции доаѓа од тимот на Монтана од Бугарија. Во својата професионална кариера Алексиќ ја почнала на 16-годишна возраст во тимот на Будуќност, а потоа играла во Хрватска, Грција, Русија, Турција, Унгарија, Швајцарија, Шпанија и Аргентина пред да ја…
Иако дел од пожарите беа ставени под контрола некои жаришта повторно се активираат.. Екипата на Канал 5 е во близина на Пехчево во атарот на селото Вирче. Извор: @Канал5
Градоначалникот на општина Делчево упати Апел за евакуација на жителите од критичните реони во селата Нов и Стар Истевник. Во апелот од градоначалникот Горан Трајковски се вели: Апелирам до жителите од критичните реони зафатени со големиот пожар да се евакуираат во градската средина. Поради алармантната состојба на теренот, неконтролираното ширење на пожарот и силниот ветар, а со цел да не се загрозат човечки животи, неопходна е евакуација на жителите од селото Нов Истевник заедно со сите селски маала: Пасјак, Балабанци, Курачко Маало, како и на жителите од селото Стар Истевник. Воедно, се апелира, жителите да бидат крајно внимателни и да…
Жителите на Пехчево објавуваат ведеа и фотографии на кои се гледа дека огнот неконтролирано се шири кон Пехчево. Тие бараат помош. -Пожарот е во близина на Пехчево, се шири неконтролирано на сите страни. Помош!, е еден од коментарите.
Владата донесе Одлука за постоење кризна состојба на терироријата на државата, во траење од 30 дена, заради зголемената појава на пожари и спречување на нивното ширење. Одлуката е на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, чии членови на седницата која се одржа на 4.8.2021 година во попладневните часови го прифатија предлогот на Групата за процена за утврдување на постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија заради зголемена појава на пожари. Одлуката за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија заради зголемена појава на пожари и спречување…
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец. Во попладневните и ноќните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 80 км/час) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 24, а максималната од 35 до 43 степени. УВ=9 Во Македонска Каменица, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и…
Македонска Каменица, 05.08.2021 година – Од општина Македонска Каменица известуваат дека, вработени во Јавното претпријатие Камена Река и екипа на ТППЕ Македонска Каменица со едно теренско возило, веќе неколку денови, активно се вклучени во гаснењето на пожарот кај м.в Пасјак помеѓу општните Делчево и Пехчево. “Според потребите, во текот на денот ќе бидат испратени дополнителни екипи и опрема. Се надеваме дека овој пожар, како и претходниот кај Кочани, час поскоро ќе биде изгаснат. Солидарноста на дело”! – стои во соопштението од Општината. https://www.facebook.com/1249250158422658/posts/4784583684889270/
Продолжува борбата против пожарите во Пехчево – граѓаните рамо до рамо со пожарникарите против огнената стихија 04.08.2021 22:27603 Екипата на Телма ја регистрира борбата против огнената стиија во Пехчево против која заедничи се борат локалните жители, пожарникарите од повеќе градови во Македонија и протипожарните екипи од Бугарија кои дојдоа да помогнат.
Магистралниот пат Штип-Кочани вечерва, од 21 часот, е во прекин во двата правци поради пожар во кој гори стрниште и ниви и се шири кон магистралниот пат. Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), нормализиран е сообраќајот на регионалниот патен правец Делчево – Пехчево.
