Author: Media Point
Нови стипендии за студенти и постдипломци од Рудник САСА Македонска Каменица, 18.08.2021 – Рудникот за олово и цинк САСА, преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој се обврза да обезбеди стипендии за осум студенти запишани на прва година во учебната 2021/2022 година на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Пет стипендии ќе бидат доделени на студенти по рударство, две стипендии на студенти на насоката геологија и една за студиите во областа на заштитата на животната средина. Дополнително, оваа година САСА се обврза да обезбеди и четири стипендии за постдипломски студии на Градежниот факултет…
На платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата во Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Свеченоста ќе се реализира согласно протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници. Од Генералштабот на Армијата информираа дека обраќање ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Согласно сценариото, во рамки на свеченоста ќе бидат доделени одликувања и признанија на единици од Армијата и соработници кои придонесуваат за развојот на одбраната. Претседателот Пендаровски ќе врачи Орден за…
Македонска Каменица, 17.08.2021 година – ЈП Камена Река ги известува граѓаните на Македонска Каменица дека, извршувањето на тековните работни активности на главна водоводна линија, можат да доведат до намалување на потребните количини со вода и недостиг на истата кај домаќинствата од повисоките делови во градот. Од ЈП Камена Река апелираат за рационално користење на водата за пиење.
Резултатите од медицинските истражувања покажуваат дека консумирањето на цвекло го чисти црниот дроб, организмот од токсини и другото „ѓубре“, отстранува опстипација и други проблеми со цревата, но и спречува развој на малигни тумори. Овој зеленчук содржи најголем број на минерали и витамини меѓу кои и исклучително реткиот Б12. За цвеклото велат дека е во состојба да поправи многу нешта во организмот кои се расипани. Цвеклото се смета за најкорисен и најлековит зеленчук кој содржи многу витамини и минерали, исклучително е богато со белковини, масти и јаглехидрати, и што е важно, лесно се вари. Од минерали содржи речиси се – калциум,…
Женската селекција на Македонија, за кошаркарки до 16 години, е победник на ФИБА „Челенџер“ турнирот, кој изминатата седмица се одржуваше во Тбилиси. Во решавачкиот натпревар, македонските кошаркарки беа многу подобри од домашната селекција на Грузија со убедливи 104:36. Најефикасна во нашиот состав беше Михаела Алексовска со 28 и Марија Иванов со 20 поени. Солидни настапи според минутажата што ја доби, забележа и нашата сограѓанка Зорица Караѓозова која е дел од шампионскиот тим на Баскет Кам од Македонска Каменица. Македонките со максимални четири победи стигнаа до победничкиот трофеј и златните медали кои ги доделува ФИБА за ова ново натпреварување.
На предлог на Министерството за образование и наука, на денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) на Владата, кој го водеше премиерот Зоран Заев, оценето е дека се создадени услови почетокот на новата учебна година да биде со физичко присуство на учениците, освен за одделни исклучоци, кои ќе бидат стриктно наведени во одлука што ќе биде донесена на наредната владина седница. – Во прилог на заклучокот за почеток на училишната година со физичко присуство, според членовите на ГККШ, е големиот број вакцинирани наставници и училиштен кадар. Во моментов 60 проценти се вакцинирани, а се очекува до септември зголемување до…
Дополнителна мерка ќе биде разгледана утре за влез и за излез од земјата, според која ќе се бара вакцинален сертификат, негативен ПЦР-тест или потврда за прележан ковид, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. -Менаџирањето на ситуацијата, како што посочува, индицира сериозна потреба од одговорност од страна на граѓаните, особено од денеска кога во сила стапуваат новите мерки. Процесот на вакцинација се одвива непречено на сите пунктови низ државата и се надеваме дека овој тренд на зголемена заинтересираност и натаму ќе продолжи. Повикувам на максимално почитување на мерките, држење дистанца, редовно водење на лична хигиена и вклучување во…
Кошаркарската репрезентација на Македонија доби нов капитен. Имено по повредата и отсуството на Војдан Стојановски, селекторот Драган Бајиќ за нов капитен го назначи искусниот Бојан Трајковски. Тој е најискусниот во нашата машка репрезентација и секако дека ова е логичен потег. Инаку нашата репрезентација утре се среќава со Швајцарија, а потоа и со Словачка, во рамките на претквалификациите за пласман на СП 2023 година.
Македонска Каменица, 11.08.2021 година – После добивањето на ново возило за транспорт и складирање на отпад, Општина Македонска Каменица во рамки на Проектот за регионалната депонија доби 69 контејнери за селектирање на стакло, пластика и хартија. Истите, според просторните и техничките можности, од страна на ЈП Камена Река ќе бидат распоредени на повеќе улици и локации во градот. Општина Македонска Каменица преку спроведувањето на Програмата за работа на Јавното претпријатие, паралелно започнува и со поставување на 200 корпи за отпадоци за домаќинствата во централното градско подрачје, како прв чекор кон целосно воведување на системот за селектирање на отпадот. Со овој…
„НАПРЕД ДЕВОЈКИ – КОН УСПЕХ НА ФИБА „ЧЕЛЕНЏЕР“ ТУРНИРОТ ВО ТБИЛИСИ“ – објави Македонската кошаркарска федерација на официјалната страна на социјалните мрежи, со што им посакаа успех на кадетките репрезентативки на турнирот кој деновиве се игра во Тбилиси, Грузија. Таму, ги чекаат мечевите против селекциите на Грузија, Ерменија, Малта и Албанија. Во составот на кадетската репрезентација на Македонија настапува и нашата сограѓанка, Зорица Караѓозова која е дел од шамипонскиот тим на Баскет Кам од Македонска Каменица. Младата Зорица Караѓозова, оваа година настапи и во полуфиналните и финалните натпревари од Купот на Македонија и Плеј Оф натпреварите од првенството на Македонија,…
