Author: Media Point
Македонска Каменица, 02.09.2021 година – Вчера, во доцните вечерни часови, најновото детско катче во Македонска Каменица се најде на удар на вандалите. Имено, од досега непознати сторители, вчера вечер, уништени се делови од реквизитите поставени во детското игралиште од новиот Парк на Младоста. Ваквите деструктивни акти, за жал постојано се одвиваат ширум целата градска средина. Само пред два дена беа уништени повеќето реквизити на инклузивното детско игралиште во склоп на детската градинка „Бамби“. Не беше поштедено ниту порано изграденото детско игралиште во централното градско подрачје на улица Пере Тошев. Локалната самоуправа апелира до своите сожители, да се воздржат од ваквите…
До сабота ќе се задржи стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност и со ниски утрински температури кој понекаде ќе се спуштат дури и под 5 степени, додека во најтоплите предели истите ќе се спуштат до околу 15 степени. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен. Денес ќе дува умерен, Долж Повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Веќе во сабота попладне и навечер облачноста од запад ќе се зголемува и ќе има услови за локален краткотраен дожд. Под влијание на влажна и нестабилна…
Нова белгиска студија тврди дека вакцината „Модерна“ генерира минимум двојно повеќе антитела од вакцината „Фајзер“. Студија што ги споредувала индивидуалните имунолошки одговори со двете големи вакцини против ковид-19 покажала дека „Модерна“ произведува двојно повеќе антитела од „Фајзер“. Студијата, во која биле вклучени 2.499 белгиски здравствени работници кои биле вакцинирани со две дози, беше објавена во понеделникот во списанието „Џурнал оф д американ медикал асосиејшн“. Истражувањето покажа дека претходно заразените учесници имале повисоко ниво на антитела од оние што не биле заразени, но вакцината на „Модерна“ била покорисна за оние што немале претходна инфекција. За оние без претходна инфекција, нивото на…
Македонска Каменица, 31.08.2021 – И покрај сите предизвици и ограничувања предизвикани од Ковид-19 пандемијата, Рудник САСА и оваа година на соодветен начин го одбележа 28. Август – Денот на рударите. По повод празникот, сите 705 вработени во САСА добија парични награди и подароци, а дополнително на 122 вработени им беа врачени специјални парични награди и признанија за нивниот извонреден придонес во безбедноста и здравјето при работа и перформансите на нивните работни места. Оваа година САСА, во чест на Денот на рударите, преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, донираше над 120.000 долари во изградба на нов парк „Младост“ во…
Европската Унија ја тргна Македонија од листата на безбедни земји, што значи дека патниците од нашата и од пет други држави ќе подлежат на построги гранични контроли, како што се тестови и карантин. Освен Македонија, од листата се отстранети и САД, Израел, Косово, Либан и Црна Гора. Листата се базира на епидемиолошката состојба во секоја земја. Сега има 17 земји на европската зелена листа, вклучувајќи ги Србија, Канада, Јапонија и Нов Зеланд.
Поради самозадоволување пред жени ОВР Делчево поднесе кривична пријава за жител на Македонска Каменица. Како што е наведено во полициското соопштение, Е.И.(31) од Македонска Каменица со пријавата се здобил поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“. -Гореспоменатото лице се товари поради тоа што вршел полово дејствие на јавно место, додека покрај него поминувале две жени, стои во полициското соопштение од ОВР Делчево. Од полицијата додадоа дека пријавата за осомничениот е поднесена на 14.08.2021, а кривичното дело, како што дополнија, се случило на крак од улицата „Светозар Марковиќ“ во Делчево.
По пауза од две години, една од најдобрите македонски кошаркарки, Јелена Антиќ, се враќа на терените како играч. Од денеска, таа е нов член на актуелниот освојувач на двојната круна во македонската кошарка, Баскет КАМ каде што ќе има тројна улога. Освен играч, ќе биде помошен тренер во првиот тим и главен тренер на младинската екипа. „Многу ми е мило што конечно најдов решение за мојот проблем со повредата и рехабилитацијата во Холандија тече одлично. Имав желба да играм уште некоја сезона, а не да ја завршам кариерата поради повреда. Понудата од Баскет КАМ ја добив пред извесен период, но…
ЈП Камена Река ги известува граѓаните на Македонска Каменица дека, поради настанат дефект на водоводна линија, од 11:00 часот, ќе биде прекинато снабдувањето со вода на домаќинствата од улиците Македонска, Илинденска и делен дњл на Осоговска. Екипите на ЈП Камена Река работат на отстранување на дефектот. Повеќе информации за времетраењето на прекинот за снабдување со вода во текот на денот.
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој долж Повардарието повремено ќе се засилува. Во Скопје слично време, со температура од 15 до 28 степени. Маврово 20, Охрид 26, Битола 29, Крива Паланка и Берово 25, Кавадарци 31, Дојран 33. Како што соопшти УХМР, од денеска ќе биде претежно стабилно и сончево со слаб до умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието ќе засилува в среда и четврток. В среда ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд проследен со ветер. Во овие…
Попладнево се одиграа сите пет мечеви од 2.коло во ВМФЛ – ИСТОК. Ретко кој можеше да претпостави дека Беласица ќе киксира и тоа кај Братство на гости во Прилеп, каде одигра само 1:1. Струмичани поведоа со голот на Коцев, но подоцна Шаип израмни на 1:1. Кит Го беше и повеќе од убедлив на мечот со Детонит. Иако Пехчевци играа во Штип, сепак тоа не им пречеше да одиграат како што треба и да победат со 4:1. Победа на гости кај Кожув славеше со сигурни 2:0, по се изгледа дека прилепчани сезонава ќе играат една од главните улоги на истокот. Каменица…
