Author: Media Point

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура е во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени. И во наредните денови ќе преовладува стабилно и топло време. Од утре ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од западен правец. В сабота…

ПОВЕЌЕ ...

Од Општинската изборна комисија во Делчево информираа дека во Делчево и Македонска Каменица, вкупно седум кандидати поднеле кандидатура за градоначалник. Од нив во Делчево СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат сопствени кандидати со советнички листи, како и партијата Левица која на локалните избори во Делчево ќе настапи со сопствена советничка листа без кандидат за градоначалник. Во Македонска Каменица, вкупно пет кандидати за градоначалник ќе ја бараат поддршката од граѓаните. Од нив тројца кандидати се независни, додека двајца се кандидати од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа општина поднесени се и пет советнички листи од кои три независни и по една на СДСМ и…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 12.09.2021 година – Фудбалскиот клуб ,,САСА” од Македонска Каменица е основан на 12 септември 1968 година. Ангел Вренцовски е првиот претседател на клубот, како тогашен директор на Рудникот ,,САСА”. Само една година по основањето, Фудбалскиот клуб ,,САСА” станува член на Брегалничката фудбалска регионална лига, каде 10 години успешно се натпреварува. Во текот на целата натпреварувачка 1978/79 сезона, ФК САСА е лидер на табелата во Брегалничката фудбалска регионална лига и освојувач на првенството. Тоа, во новата сезона ја преселува во натпреварувањата од Првата македонската фудбалска лига. За тогашните успеси на клубот, денес од ФК САСА велат: Тоа е успех…

ПОВЕЌЕ ...

Најголем дел од учесниците на локалните избори, политички партии и независни кандидати го чекаат последниот ден да ги поднесат своите кандидатури за локалните избори на 17 октомври. Кандидатурите се поднесуваат до Општинските изборни комисии (ОИК) до денеска на полноќ. ОИК ќе имаат свои тимови кои ќе дежураат до завршувањегто на рокот за да овозможат кандидатурите да бидат поднесени. Општинските изборни комисии ќе ги разгледуваат канндидатурите и доколку ги исполуваат условите ги прифаќаат или има даваат соодветен рок на подносителите да ги исправат недоследностите. Откако ќе бидат прифатени, односно најдоцна до 18 септември, ОИК ги доставува листите до ДИК за да…

ПОВЕЌЕ ...

Жител на Кочани е лишен од слобода, откако во неговото возило при рутинска контрола на граничниот премин Делчево се пронајдени непријавени банкноти. Настанот го потврдија од делчевската полиција од каде информираа дека истиот се случил утрово. – На 10 септември во 10:35 часот на Граничен премин Делчево, лишен од слобода е З.С.(49) од Кочани. При преглед во товарното возило „опел“ со кочански регистарски ознаки со кое управувал З.С, во него биле пронајдени пари, кои не ги пријавил, информираа од делчевската полиција. Оттаму додадоа дека освен што парите не биле пријавени, гореспоменатото лице не поседувало никаква документација, како потврда за сопственост…

ПОВЕЌЕ ...

Младата Ана Милованова го стави својот потпис на договорот со ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица. Доаѓа од Велес, каде уште од најрана 6 годишна возраст почнува да тренира во Борец Баскет. Кариерата од својата 14 годишна возраст ја продолжува во скопски Вардар каде бележи одлични натпревари во повеќе младински категории. Успесите во клубот се предуслов за настап со златната кошаркарска М-16 репрезентација на Македонија на турниот во Грузија. На својата бековска позиција во рамки на настапите за репрезентацијата бележи висок просек од 9,3 поени, 6 скока и 3,8 асистенции по натпревар. Ова е уште едно одлично засиливање на Баскет…

ПОВЕЌЕ ...

Владата на денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава. „За денови на жалост се прогласени денес, утре и задутре (четврток, петок и сабота), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија ќе биде истакнато на половина копје.Владата апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена“, соопшти Владата. На оваа седница министрите за внатрешни работи и за здравство информираа за досега утврдената состојба од пожарот со трагични последици…

ПОВЕЌЕ ...

Еден од најуспешните, а во исто време најперспективни македонски стручњаци Никола Василев ќе биде дел од Баскет Кам претстојната сезона. Довчерашниот тренер на литванскиот прволигаш Џукија ќе работи како стручен советник во двете екипи од Македонска Каменица со акцент на женскиот колектив кој има шампионски амбиции, како во домашната кошарка, така и во ВАБА лигата. Василев има долгогодишно искуство во странство, како ретко кој македонски стручњак и сето тоа ќе се обиде да го пренесе во Баскет Кам. Негов последен ангажман беше македонската репрезентација до 18 години со која летово настапи на Челинџерот во Скопје. И претходно водеше домашни селекции,…

ПОВЕЌЕ ...

Актуелниот шампион и освојувач на двојната круна во македонската кошарка уште еднаш ги потврди високите амбиции и за претстојната сезона. За своето деби во ВАБА лигата, како и за обидот да се продолжи доминацијата во Македонија, Баскет Кам го договори искусниот бугарски стручњак Александар Алексиев. Претходната сезона, тој работел во Франција, а во својата кариера има искуство и од Италија и од еден од најдобрите женски клубови во Бугарија, Берое. Меѓу другото, бил асистент во речиси сите младински селекции на Бугарија, без разлика дали станува за машка или женска конкуренција. Баскет Кам веќе една недела се подготвува за новата сезона…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 04.05.2021 година – Општина Македонска Каменица распиша тендер за изградба на улицата Миле Јаневски Џингар Како што стои во објавата на официјалната страна, општина Македонска Каменица покрај почетокот на градежните работи за изградба на повеќе локални и маалски пристапни патишта во селските средини, во рамки на усвоената Програма за развој на општината за 2021 година, распиша тендер за изградба на улица Миле Јаневски Џингар. Со должина од 200 метри оваа улица е од огромно значење за жителите на населбата Суво Маало, бидејќи ќе поврзува поголем број на индивидуални живеалишта со асфалтен пат. “Со ова се решава еден огромен…

ПОВЕЌЕ ...