Author: Media Point

Во Делчево се доделени наградите од Литературниот конкурс кој по повод Месецот на книгата го организираше Јавната локална библиотека „Илинден“. Како што ифнормираше директорката Билјана Петровска, на конкурсот пристигнале прекрасни творби поради што библиотекарите имале тешка задача да ги изберат најдобрите. -Избравме три најдобри творби од поезија и проза на тема „Сабји нека ти бидат мислите, а книгата целта“. Првите места во овие категории им припаднаа на Сара Ангелова со менторот Милка Стоилкова и Јана Попова со менторот Билјана Стоиловска. Како библиотека, се надеваме и посакуваме и понатаму да имаме добра соработка со основните училишта во градот, со наставниците по…

ПОВЕЌЕ ...

Големиот подвижник и светилник на Православната Црква, Свети Јован Рилски е роден во местото Скрино – во времето на царот Борис (852-889). Тој е роден околу 876 од побожни родители, кои припаѓале на средната калса. Од младоста бил посветен на Бога, а со смртта на родителите по 25-та година својот имот го раздава на сиромасите и го напушта родениот град. Заминува во планина каде нема контакт со луѓе, се храни со растенија и води испоснички живот. Потоа се сели во планината Рила, каде што живее во шупливо дрво. Многу години тој не ги видел лицата на луѓето, додека Бог не…

ПОВЕЌЕ ...

Летното сметање на времето во европските земји заврши денеска, кога стрелките на часовниците беа помесетени еден час наназад, од 03.00 на 02.00 часот. Летното сметање на времето е воведено согласно одлуката на ЕУ, пред сѐ заради очекуваните економски придобивки – подобро функционирање на единствениот пазар, транспорт и врски, индустрија. Меѓутоа, поради недостаток на поголеми придобивки од тоа, ЕУ одлучи да се откаже од враќањето на стрелките на часовниците двапати годишно во 2021 година, оставајќи им на членките да одлучат дали трајно ќе го усвојат „летното“ или вообичаеното „зимско“ сметање на времето. Заминува ли менувањето на времето во историја? Но, земјите…

ПОВЕЌЕ ...

Украден автомобил од семеен двор во каменичкото село Тодоровци. Како што информираат сопствениците на украденото возило, настанот е регистриран во 5 часот изутрина по што е известена полицијата. -Украденото возило е Форд фокус со сива боја и регистарски таблички МК 0927 АВ. Aпелираме доколку некој го забележи да ја извести најблиската полициска станица, истакнаа од семејството чие возило е украдено. Од неофицијални извори дознаваме дека по грабежот едно женско и две машки лица се забележани на надворешните камери кај Мотел Мерак каде исто така утрово имало обид за кражба.

ПОВЕЌЕ ...

На 15.10.2021 во 23.00 часот во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево ги лишиле од слобода М.Д.(28) и С.К.(21), двајцата од Делчево, затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВЕЌЕ ...

Шахпаска: Водиме политики на вреднување на трудот на работниците Грижата и создавњето на услови за безбедност и здравје на работните места е од особена важност затоа што само работници кои што работат на сигурни и безбедни места се мотивирани и создаваат дополнителна вредност. Ова го истакна Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска која денес се запозна со работата во рударското окно на рудникот за олово-цинкова руда “Саса” во Македонска Каменица. -Имавме прилика пред  се да видиме каде работат рударите. Влеговме на сите позиции каде што се ископува рудата, каде што се пробиваат тунелите за да може да се извлекува…

ПОВЕЌЕ ...

Министерот за надворешни работи Бујар Османи објави дека Бугарија ги повлекува рестрикциите за нашите граѓани. „Најнови информации за новите одлуки на Владата во Софија. Почнувајќи од утре, 10 октомври, Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување за нашите државјани на нејзината територија. Со последната одлука, Северна Македонија од црвена е преместена во портокалова зона. Забраната е укината за сите кои поседуваат сертификат за вакцинација (14 дена поминати од втората примена доза), или сертификат на прележано болест (од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување), како и со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа)“, информиа Османи преку својот…

ПОВЕЌЕ ...

Ивица Талевски, директор за одржливост на САСА, избран за нов претседател на Македонската асоцијација за рударство Скопје, октомври 2021 – Развој на рударскиот сектор согласно највисоките принципи за заштита на животната средина, поддршка на заедницата и интензивирање на соработката со сите релевантни партнери, најави Ивица Талевски, директор за одржливост на рудникот САСА, кој беше едногласно избран за нов претседател на Македонската асоцијација за рударство (МАР) при Стопанската комора на Северна Македонија. Во својот настап пред членовите на МАР, Талевски ги истакна својата визија и приоритети за развој на рударскиот сектор, во насока на поголемо искористување на потенцијалот на оваа…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 03.10.2021 година – Отстранет е дефектот на водоводната линија, поради кој во текот на денешниот ден, граѓаните на Македонска Каменица останаа без вода за пиење. Нормализирање на состојбата со водоснабдувањето на територијата на Македонска Каменица се очекува во наредните 2 до 3 часа, – изјавуваат од ЈП Камена Река дополнувајќи дека настанатиот дефект е од поголеми размери, дека станува збор за пукнатина на водоводната мрежа од 6 метри. Упатуваме извинување до граѓаните, барајќи разбирање за несаканиот прекин во снабдувањето со вода. Се надеваме дека со упатениот апел за рационално користење на водата, наидовме на разбирање, со што си…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 03.10.2021 година – Жителите на Македонска Каменица, во текот на денот, ќе бидат без вода за пиење, поради настанат дефект на главната водоводна линија. Од ЈП Камена Река известуваат дека од раните утрински часови, работат на отстранување на дефектот. Исто така, апелираат за рационално користење на водата и истата да се користи само за основни потреби.

ПОВЕЌЕ ...