Author: Media Point

Најниска темепартура утрово е измерена во Берово, минус два степена Целзиусова. Како што соопшти УХМР, следат Попова Шапка со минус еден степен, нула степени во Маврови Анови, Крива Паланка, Битола и во Крушево, еден во Лазарополе, два Струмица и Куманово, три Претор, Штип, Демир Капија, Виница и Гегелија, четири Прилеп и Дојран, пет во Скопје-Петровец и во Тетово, шест Охрид и седум степени во Скопје–Зајчев Рид. Во текот на ноќта преовладуваше умерено облачно време. Утрово по одделни котлини има појава на магла и ниска облачност. Времето претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево…

ПОВЕЌЕ ...

Инстаграм на почетокот на годинава најавил дека ќе ја тестира опцијата за претплата, а многу брзо потоа беше откриено дека тоа е опција преку која корисниците ќе можат да се претплатат на сметката  на оваа платформа и да добијат пристап до ексклузивни услуги. Според последните податоци, компанијата започнува со пообемно тестирање на оваа опција. Во последното ажурирање на апликацијата за американскиот пазар додадоа опции за плаќање во рамките на апликацијата, кои ги навеле како „Претплата на Инстаграм“. Оваа промена ја забележале тимовите кои стојат зад апликациите кои го следат екосистемот на Инстаграм, движењето на бројот на корисници, податоци…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 10.11.2021 година – Во периодот од 01- 05 Ноември 2021 година, Рената Наумовска ученик во IV година, при СОУ ” Миле Јаневски Џингар” Македонска Каменица, учествуваше на Тренинг курс за развој на зелени вештини во Софија, Република Бугарија. Партиципацијата во Тренинг курсот обезбедува “Развивање на „зелени“ вештини за подобрена младинска работа преку промовирање еколошко, одржливо и одговорно однесување”, – стои во соопштението од училиштето, од каде дополнуваат дека, “учесниците се обучуваат да употребуваат еколошки пректики за намалување и компензирање на „еколошките отпечатоци“. Рената Наумовска преку учеството во повеќе здруженија и форуми за млади, се истакнува во искуството и…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 09.11.2021 година – ЈЛБ “Илинден” Делчево на својот официјален налог на социјалните мрежи објави вест дека клон библиотеката “Крсте Петков Мисирков” во Македонска Каменица доби нови наслови и многу нови содржини. Одлична вест за читателите во Македонска Каменица. Доволно е да се зачленат во Библиотеката и да уживаат во страниците од новите содржини. Библиотеката Крсте Петков Мисирков функционира во објектот на Дом на култура во Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

На 07.11.2021 во 07.30 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека настанал пожар во гаража – плевна, сопственост на З.С.(68) од Виница, при што целосно изгорела плевната во која имало сено, механизација и алат. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Виница, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

ПОВЕЌЕ ...

Кате Поп-Димитрова и Елена Тасевска го одработија вечерниот тренинг во полн состав, со главните адути во квалификациите, Девана Бонер и капитенот Анџелика Митрашиновиќ. Кате Поп-Димитрова и Анџелика Митрашиновиќ беа во составот на Баскет Кам, каде ја испишаа најсветлата кубска историја, освојувајќи ја двојната шампионска круна, Купот и Шампионатот на Македонија. Оваа година Елена Тасевска и Кате Поп Димитрова бележат успешни натпревари во европската ВАБА лига и во домашното првенство. Од вечерва, подготовките на Македонската кошаркарска репрезентација продолжуваат во салата на СРЦ „Кале“. Селекторот Александар Ашаданов, минатогодишен тренер на шампионскиот тим на Баскет Кам и неговата асистентка, Јелена Антиќ – сегашен…

ПОВЕЌЕ ...

https://www.facebook.com/kamenica.mk/videos/235397071911519 Македонска Каменица, 08.11.2021 година – Зад нас е викенд со многу кошаркарски натпревари одиграни од екипите на Баскет Кам – Македонска Каменица. Премиерниот натпревар во ВАБА лигата одигран пред домашната каменичка публика, заврши со пораз. Баскет Кам девојките беа поразени со минимални 6 кошеви разлика, односно 59:65. Искусниот противник Орлови од Бања Лука, Босна и Херцеговина успеа во текот на целиот натпревар да го контролира минималното водство. Баскет Кам девојките во неколку наврати имаа шанси за пресврт на резултаот, одлично одиграа во нападот и одбраната. Како што ветија пред натпреварот, на каменичани им приредија возбудлив натпревар и покажаа достоен…

ПОВЕЌЕ ...

Временските услови влијаат на безбедното одвивање на патниот сообраќај и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни, одговорни и подготвени за безбедно управување на возилото при услови на влажни коловози и пониски температури при есенски и зимски услови на патиштата. РСБСП ги потсетува возачите да ги подготват своите возила за возење во есенски и зимски услови, со особен акцент на следното: • НАМАЛЕТЕ ЈА БРЗИНАТА. Во услови на ниски температури и обилни врнежи од дожд или снег, појавите на голомразица на патот, влажни и лизгави коловози се очекувани, особено доколку…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, во Македонска Каменица со почеток од 16:00 часот, ќе се одигра заостанатиот натпревар од 2.Коло на WABA лигата 2021/22. Воедно, ова е почетокот на натпреварите од оваа европска лига во Македонска Каменица. Јордан Цветановски, тренерот во екипата на Баскет Кам пред натпреварот устакна дека: Натпреварот со Орлови, за младата екипа на Баскет Кам ќе биде ново искуство. Гостите доаѓаат со доста искусен состав, иако се фаворити, ние ќе пробаме да покажеме дека напорно тренираме и ќе го оправдаме дебитантскиот статус. Целиот текст на waba-league.com

ПОВЕЌЕ ...

Митровденска задушница – спомен за починатите Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. фото-МИА Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните и се молат за…

ПОВЕЌЕ ...