Author: Media Point

Срцевите заболувања се водечка причина за смрт и кај мажите и кај жените. За да го намалите ризикот, денес можете да преземете одредени чекори. 1. Престанете да пушите Пушењето и консумирањето тутун се една од најголемите причини за коронарна срцева болест. Тутунот предизвикува големи оштетувања на крвните садови и на срцето, а пушачите имаат двојно поголем ризик да добијат срцев удар од непушачите. Затоа откажувањето од пушење е еден од најдобрите совети за здраво срце. Препорачливо е да престанете да пушите што е можно поскоро. 2. Почнете да вежбате Физичката активност и редовното вежбање имаат бројни придобивки, а една од…

ПОВЕЌЕ ...

Лукот е една од најстарите култивирани билки, присутна речиси во секоја кујна ширум светот. Тој е одличен не само при готвење, туку добар е и за здравјето воопшто. Неговите лековити својства се навистина непроценливи. Во минатото лукот се користел како лек за настинка и грип, за намалување на ризикот од развој на дијабетес и кардиоваскуларни заболувања. Во продолжение прочитајте кои се и другите корисни својства на оваа исклучително здрава билка. 1. Има висока хранлива вредност Лукот е особено богат со витамин Ц, Б6 и калиум. Покрај тоа, содржи витамини А, К, фолати и многу минерали (181 mg на 100 g),…

ПОВЕЌЕ ...

Есен жолто лисје / Фото: Слободен печат – Драган Митрески Денес времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен, а попладне и навечер и тоа особено долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во западните предели ќе има услови за локален краткотраен дожд, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски. Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг Во Скопје и околината времето ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен, а попладне и навечер повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура…

ПОВЕЌЕ ...

Екипата на Баскет Кам со резултат од 58:96, го декласираше скопски Вардар во рамки на 5. коло на Првата женска македонска кошаркарска лига. Гостите на денешниот натпревар, кој се одигра во спортската сала Кале, уште во првиот дел остварија висока разлика од 30:63. Вака решениот натпревар, само рутински беше доигран во вториот дел, каде шанса добија сите кошаркарки од каменичката екипа. Денешната очекувана победа на Баскет Кам покажува дека екипата од Македонска Каменица има квалитет за нови медали во натпреварувачката сезона 2021/22 година. На моменталниот распоред на табелата, екипата на Баскет Кам го дели првото место со екипите на Вардар…

ПОВЕЌЕ ...

Комисијата за заразни болести едногласно одлучи на Владата да ѝ предложи мерки кои значат сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во сите институции, како и во сите владини институции, за влегување на работно место да мора да прикажат потврда за примена најмалку една доза вакцина, или потврда за прележан ковид-19 не постара од 45 дена од денот на оздравувањето, или ПЦР негативен тест не постар од 72 часа направен на сопствен трошок, или пак потвдра од лекар – специјалист дека имаат таква болест пораdи која не смеат да примат вакцина, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Филипче…

ПОВЕЌЕ ...

Скопје, 16.11.2021 година – Утре, со почеток од 17:30 часот, се игра дерби натпреварот од 5. Коло на Првата женска македонска кошаркарска лига помеѓу екипите на Вардар Скопје и Баскет Кам од Македонска Каменица. Значаен натпревар за двете екипи. Екипата на Вардар со победа ја зацврстува втората позиција на табелата, додека Баскет Кам ќе се обиде со победа на гостински терен да го преземе второто место на табелата. „Тренерот на Баскет Кам, Јордан Цветановски е оптимист пред натпреварот, верува во победа на својата екипа, со тимска игра и пожртвувана борба на секој дел од теренот. Ветуваме интересен натпревар, екипата добива…

ПОВЕЌЕ ...

Започнаа градежните работи за изградба на нова улица во централното градско подрачје во Делчево. Станува збор за изградба на улицата „3“ која ќе го поврзува новиот градски пазар, односно ул „Индустриска“, со пешачкиот мост на река Брегалница. „Улицата „3“ е проектирана за изградба во должина од 370 метри, со ширина на коловозот од 6 м и изградба на тротоар од едната страна со ширина од 2 метри. Улицата ќе биде изградена со два асфалтни слоја. Во моментов се вршат земјени работи, а ќе се постави и потребната подземна инсталација. Градежните работи за изградба на улицата ги изведува фирмата „БАУЕР-БГ“, -…

ПОВЕЌЕ ...

Со головите на Езџан Алиоски и Елиф Елмас, фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во Скопје го совлада Исланд со 3:1 и избори бараж натпревар за учество на Светското првенство во Катар следната година. Избраниците на Благоја Милевски го остварија најдобриот пласман во едни квалификации за Светско првенство. Натпреварот на Арената „Тодор Проески“ го следеа преку 17.000 гледачи Македонската репрезентација со победата над Исланд го освои второто место во групата, зад Германија и пред Романија. Се играше четвртата минута кога гостинскиот голман првпат интервенираше по обидот по земја на Елмас, исфрлајќи ја топката во корнер. Во седмата минута исландската одбрана попушти, откако Алиоски од левата страна…

ПОВЕЌЕ ...

Дел од авто школите веќе ги поскапеа цените за услугите кои тие ги нудат, додека дел работат по стари цени, но не уште долго. Имено, од 01.12.2021 година цената на обуката ќе се покачи за 30%, односно кандидатите кои ќе сакаат да дојдат до возачка дозвола и ќе уплатат часови пред овој датум ќе платат по стара цена, 20.000 денари, цена која горе долу варира зависно од авто школата која ќе ја одберете. Причината за ваквото поскапување е покачувањето на цените на основните ресури за работа во оваа дејност, односно покачување на горивата од 48%, известуваат дел од авто школите. Освен…

ПОВЕЌЕ ...

Очекувана победа и нови три бодови за ЖФК Каменица САСА Во рамки на седмото коло од Првата македонска фудбалска лига – Жени, екипата на ЖФК Каменица САСА очекувано и убедливо ја совлада екипата на Топ Ган со високи 5:1. Мрежата на гостите, дури 4 пати ја затресе незапирливата Ленче Андреевска и Ана Димитровска постигна еден погодок.

ПОВЕЌЕ ...