Author: Media Point

ООУ “Св. Кирил и Методиј” – Македонска Каменица од Министерството за образование и наука доби опрема и инвентар за подобро следење и одвивање на кабинетската настава по предметот Хемија. “На наше огромно задоволство, училиштето доби комплетно нов кабинет по предметот Хемија, каде учениците ќе можат да уживаат во тајните на хемијата. Оваа активност е реализирана како дел од проектите на МОН за опремување на кабинети по природни науки во основните училишта во државата” – стои во соопштението од училиштето По уредувањето на кабинетот по Хемија, во Основното општинско училиште во Македонска Каменица, ќе биде доделена опрема и за кабинетите по…

ПОВЕЌЕ ...

САСА ја продолжува поддршката за одржливост на рибниот фонд во езерото Калиманци Македонска Каменица, 27.11.2021 – Благодарение на финансиската поддршка што ја обезбедува Рудник САСА, Здружението на риболовци – Спортски клуб „Шаран“ спроведе акција за обнова и дополнување на рибниот фонд во езерото Калиманци. Во рамки на најновата акција денеска беше извршено порибување на езерото со околу 1500 килограми крап, а најавено е и дополнително порибување со околу 500 килограми, што ќе биде спроведено во наредниот период. Најновото порибување на езерото се изврши во присуство на претставници од Државниот инспекторат за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и…

ПОВЕЌЕ ...

ЈАР– Во Јужноафриканската Република се шири нова варијанта на коронавирусот која предизвикува загриженост, јави ДПА. Во Јужна Африка се откриени првите 22 случаи на новата варијанта, Б. 1.1.529, соопшти вчера четвртокот Националниот институт за заразни болести (NICD). Се очекуваат дополнителни случаи бидејќи геномската анализа продолжува, соопшти НИЦД. – Иако податоците се ограничени, нашите експерти работат прекувремено со сите воспоставени системи за надзор за да ја разберат новата варијанта и кои би можеле да бидат потенцијалните импликации, рече шефот на НИЦД Адријан Пурен. Министерот за здравство Џо Фала рече дека новата варијанта ја потврдува непредвидливата природа на коронавирусот. Тој ги повика Јужноафриканците да одржуваат физичко растојание и да носат маски. Вакцинациите се исто…

ПОВЕЌЕ ...

Јужна Кореја тестира роботи во градинките ноември 26, 2021 Сеул почна да тестира минијатурни роботи во градинките во рамките на пилот проект за кој градските власти велат дека има за цел да ги подготви идните генерации за иднина исполнета со технологија. Alpha Mini роботите се високи само 24,5 см и можат да танцуваат, да пеат песни, да рецитираат приказни и дури да ги учат децата на кунг фу потези така што децата ќе ги имитираат роботите кои прават склекови и балансираат стоење на една нога. Роботите ќе им помагаат на децата со нивната креативност. Нивните очи ќе намигнуваат и ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Само “една чаша сецкано, сирово цвекло содржи 11% од дневните потреби за витамин Ц, 22% од дневните потреби за манган и 37% од дневните потреби за фолна киселина. Цвеклото е одличен извор на растителни влакна.” Сокот од цвекло содржи многу фолна киселина, манган и витамин Ц. Ви пренесуваме 10 добри причини да пиете сок од цвекло: • Го поттикнува слабеењето • Го намалува притисокот • Го намалува ризикот од рак • Одличен е против воспаление • Го намалува шеќерот во крвта • За здрав црн дроб • За здраво срце • Ги олеснува респираторните проблеми • Го забавува развојот на…

ПОВЕЌЕ ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено изразен вдолж Повардарието каде кон крајот на денот повремено ќе засилува. Утринската температур ќе се движи од 1 до 7 степени, а максималната дневна ќе биде во интервал од 6 до 13 степени. Слично време се очекува и во Македонска Каменица каде максималната дневна температура ќе достигне 13 степени. Утре се најавува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено претпладне во западните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Попладне…

ПОВЕЌЕ ...

Анкетен прашалник за управувањето со отпад, со акцент на пластиката во Општина Македонска Каменица Тимот на ЕкоМозаик во соработка со општина Македонска Каменица продолжува да го реализира тековниот проект „CirculaMare“, кој има за цел да помогне во намалување на отпадот од пластика која се одлага на несоодветен начин со кој се врши негативно влијание врз животната средина. Преку проектот се планира развивање на иновативни решенија за управување со пластиката (различни видови на пластика) која за жал завршува во нашите реки и езера. Една од активностите во проектот е спроведување на анкета на граѓаните во Општина Македонска Каменица, со цел…

ПОВЕЌЕ ...

САД: Погрешна пресуда против Афроамериканец укината по повеќе од четири децении Кевин Стрикленд невин во затвор помина 43 години. Тој беше осуден за убиство кое отсекогаш го негираше. Сега тој е е на слобода Кевин Стрикленд за време на судското сослушување на почетокот на ноември годинава Афроамериканецот Кевин Стрикланд, на 62 годишна возраст, беше ослободен од вина и беше пуштен на слобода во вторникот со судска одлука во американската сојузна држава Мисури, откако помина 43 години во затвор поради погрешна судска пресуда. „Не сум нужно лут. Тоа би било премногу. Мислам дека развив емоции за кои сите не знаете“,…

ПОВЕЌЕ ...

Пожарот избувнал во предниот дел на автобусот, бидејќи задниот дел од возилото е зачуван, тврди Васко Пиргов, експерт за мотори со внатрешно согорување, кој меѓу првите пристигнал на местото на несреќата во Бугарија, каде што изгоре македонски автобус. Пиргов вели дека возачот очигледно имал канистри полни со гориво, веројатно дизел, покрај предните седишта, што предизвикало експлозија и автобусот се запалил. Друг експерт за бугарските медиуми изјави дека возачот поминал 350 километри од турската граница до местото на несреќата за само четири часа, правејќи една пауза во текот на ноќта, што укажува на тоа дека патувал со голема брзина. Пожарот избил…

ПОВЕЌЕ ...

Жителите на Суво маало, Македонска Каменица ќе останат без вода за пиење во текот на денешниот ден, во периодот од 08:00 часот до 12:00 часот. Како што известуваат од ЈП Камена Река, екипите се веќе на терен и работат на отстранување на дефектот. Повеќе информации за состојбата со водоснабдувањето на овој дел од градот следуваат во текот на денот.

ПОВЕЌЕ ...