Author: Media Point
ПОЧИНА НАРОДНИОТ УМЕТНИК- ФОЛКЛОРИСТОТ ДИМИТАР УЗУНСКИ Со неизмерна тага и билка соопшуваме дека денеска 23.11.2021 година, нашиот драг претседател Димитар Узунски, ја загуби битката со болестите и не напушти за секогаш. Неговото заминување несомнено ќе биде само телесно, додека неговиот дух ќе остане вечно да живее во неговите дела кои ќе сведочат за неговиот живот во кој се даде себеси со несебично, крајно одговорно, со целосна посветеност во негувањето, трансмисијата и одржливоста на пијанечкиот фолклор а пред се на орото „Копачката“. Со негова заслуга, „Копачката“ во 2014 година беше прогласена за национално културно наследство со особено значење од исклучителен интерес,…
Автобусот на Беса Транс во кој изгореа 45 лица немал лиценца за меѓународен транспорт. По извршената проверка од МВР, констатирано е дека автобусот го немал соодветниот документ за вршење на меѓународен превоз на патници и дека на компанијата ќе и биде одземена лиценцата за работа, а ќе биде извршен и вонреден инспекциски наод. Соработуваме со надлежните, велат од компанијата, изразувајќу сочувство до семејствата на загинатите По процесот на идентификација, организирано и достоинствено ќе бидат пренесени останките на загинатите, информираше министерот за надворешни работи на вечерната прес конференција. Воспоставени се директни линии на соработка на повеќе нивоа со бугарските власти во врска…
Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии заноември 2021 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 ноември, врз основа на што деловните банки ќе можат да обезбедат пензионерите да може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 ноември. Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината…
Претежно облачно со повремен локален дожд, особено во јужните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Македонска Каменица, претпладне магливо, преку денот облачно со повремен слаб дожд и со умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Автобусот кој рано утринава направи сообраќајна несреќа во Бугарија, а во кој загинаа најмалку 46 лица, е на „Беса транс“ која организира туристички и шопинг тури за Истанбул. Според првичните информации, во автобусот се превезувале млади лица кои се враќале од екскурзија од Турција. Претходно, и премиерот Зоран Заев за МИА изјави дека се работи за страшна трагедија во која 12 деца се помали од 18 години, а и другите се млади луѓе на околу 20-30 години. – Во контакт сум со премиерот Стефан Јанев кој веќе ги посети луѓето. Имав прилика да разговарам со еден од преживеаните. Тој објасни…
Со победата во Билбао, „Северен пол“ се квалификува за номинација за Оскар. (Фото: „Кино око“) Краткиот филм „Северен пол“ на режисерката Марија Апчевска-Петровска ја освои Големата награда на 63. Интернационален фестивал на документарен и краток филм ЗИНЕБИ во Билбао, Шпанија и со оваа победа се квалификува за кандидат за Оскар. Победниците на овој фестивал кој е од А-категорија по автоматизам се квалификуваат и за учество во трката за Оскар. Номинациите од американската Академија за филмска уметност и наука ќе бидат објавени на 8 февруари 2022, а доделувањето е на 27 март. Исто така, фестивалот во Билбао ќе го кандидира „Северен…
Испуштање на непозната течност во реката / фото: СРД Брегалница Делчево Спортски риболовци од Делчево алармираат за загадување на реката Брегалница, откако јавно споделија снимка на која се гледа истекување на бела течност во близина на најголемата река во источниот дел од земјава. Во изјава за МИА тие велат дека цевката со непозната течност излегува од ладилник кој е сопственост на делчевска млекарница. -Денеска во близина на ладилникот во Делчево од цевка на млекарата забележано е истекување непозната бела течност која директно се влева во реката. За случајот запознаен е инспекторот за животна средина во Делчево, велат риболовците. Делчевска млекарница…
Четириесет и пет лица, државјани на Северна Македонија, загинаа откако се запали патнички автобус со македонски таблички на автопатот Струма, јавува бугарската телевизија НОВА. Трагичниот инцидент се случил во вторник вечерта во 2 часот по полноќ во близина на селото Бошнек. Пламенот избувнал откако возилото удрило во заштитната ограда. Меѓу жртвите има и 12 деца, изјави министерот за внатрешни работи Бојко Рашков. Загинал и возачот. Во автобусот, кој најверојатно патувал за Истанбул, се наоѓале вкупно 53 лица. Преживеаните во несреќата се 7 – 17-годишно девојче и шест возрасни лица. Сите се државјани на Република Северна Македонија. Тие се пренесени во…
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе започнат на запад кон средина на денот и преку ноќта ќе се прошират во останатите делови од земјата, а позастапени ќе бидат во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени целзиусови. Во Македонска Каменица, слично време со минимална температура до 1 степен и максимална до 12 степени. Од вторник следува неколкудневен период со позитивни утрински температури.
Македонска Каменица, 19.11.2021 – Рудникот САСА, преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, ќе продолжи со реализацијата на проекти во сите области кои имаат влијание врз квалитетот на животот на жителите на општина Македонска Каменица и за просперитетот на локалната заедница. Поддршката што ја обезбедува САСА за заедницата беше една од темите на првиот состанок на претставници на менаџерскиот тим на САСА со новиот градоначалник на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски. На средбата беше констатирано дека добрата соработка меѓу Рудник САСА и локалната самоуправа, што е во интерес на целата заедница и придонесува за создавање на поволна клима која е…
