Author: Media Point

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 1.12.2021 година, регистрира два земјотреса чии епицентри се наоѓаат 65 km југозападно од Скопје. Како што информираат од Сеизмолошката опсерваторија, првиот земјотрес е регистриран во 08 часот и 14 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6, а вториот кратко по првиот во 08 часот и 21 минута со локална Рихтерова магнитуда ML2.9, а потекнуваат од епицентралното подрачје Кичево. Земјотресите беа почувствувани од населението во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

ПОВЕЌЕ ...

Во петок, 03.12.2021 година, со почеток од 9:30 до 13:30 часот, во Дом на културата во Македонска Каменица, ќе се одржи редовна крводарителска акција. Црвен Крст – Делчево ги повикува сите крводарители и граѓани на Македонска Каменица да даруваат крв за личен придонес во зачувување на здравјето на населението. Исто така, од Црвен Крст – Делчево ушатуваат покана до сите ученици кои наполниле 18 години да ја покажат својата хуманост и да започнат со дарување крв. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот! *На крводарителската акција ќе се применуваат сите протоколи и препораки за заштита од КОВИД 19.

ПОВЕЌЕ ...

Дневно секој човек користи по две кеси Со Законот за управување со пакување и отпад од пакување сите пластични кеси се забранети со закон и противзаконски е доколку останат во промет по 1 декември. Со забраната за употреба на пластични кеси од денеска тие веќе нема да се произведуваат, а биоразградливите ќе се наплаќаат по 15 денари. Тие што ги имаме по дома секако можеме да ги реупотребиме. А како што споделуваат дел од граѓаните, во нивните домаќинства има солидни резерви на кеси. На граѓаните во моментов најмногу ги загрижува цената и стравуваат дека таа ќе се одрази врз домашниот…

ПОВЕЌЕ ...

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива по влажни коловози, со остатоци на кашест снег на коловозот на некои повисоки места. Поради ниските утрински температури можна е појава и на голомразица. Авто мото сојузот на Македонија потсетува дека се уште на сила е забраната за тешки товарни возила на патот Тетово-Попова Шапка, додека за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема. Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќај е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ПОВЕЌЕ ...

Министерката за регионален развој Виолета Комитова денеска се очекува да ги соопшти резултатите од увидот на патот Драгичево-Долна Дикања каде се случи тешката автобуска несреќа со наши граѓани. Оттаму најавуваат дека ќе објават дали обележувањето на автопатот Струма може да биде причина за несреќата во која загинаа 45 лица, а 7 се повредени. По трагичниот инцидент, голем број експерти рекоа дека локацијата била компромитирана бидејќи не била поправена откако била пуштена во употреба во 2007 година. Министерката за регионален развој Виолета Комитова назначи увид на патната делница. Во несреќата животот го загубија 45 лица. Нивните тела ќе бидат пренесени во…

ПОВЕЌЕ ...

Филмскиoт фестивал за млади „Џифони“ денеска патува во Делчево. Настанот во организација на Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков – Вапцаров” од каде информираат дека целна група на фестивалот се младите од Делчево. -Настанот е дводневен, закажан е за денеска и утре (29 и 30 ноември 2021). На фестивалот ќе се прикажуваат филмови за млади, а програмата ќе ја направи позабавна актерката Зорица Нушева, која ќе одржи и актерска работилница, истакнаа организаторите. Покрај тоа, предвидена е и фотографска и ликовна работилница на кои младите од Делчево ќе ја поттикнат својата креативност. Настанот е закажан за 10 часот, а влезот…

ПОВЕЌЕ ...

Ова законско решение им предизвика главоболки на производителите на овие кеси. Велат дека со ваквата одлука тешко ќе го задржат бизнисот и вработените. Велат, со ваква цена потрошувачката драстично ќе се намали. Тоа ќе повлече намалување на обемот на работа, поради што ќе бидат принудени  постепено да го затвораат бизнисот, а вработените да ги отпуштат. -Тие што ги направија овие кеси да се продаваат по еден денар, имаат пад од 50 отсто на продажбата. Таму каде што беа по два денари падот на потрошувачката достигна и до 70 проценти, а што ќе се случи со 15 денари за кеса. Не ги купуваат досега…

ПОВЕЌЕ ...

„Искрено, на една рака се бројат кафетериите во кои би пиел и би уживал редовно во консумирањето кафе, па мојот совет е добро да го бирате местото каде што пиете кафе и никогаш да не оставате кафето да ви се олади. Еспресото се пие до минута и пол, но кај нас тоа е ретка пракса““, раскажува Дејан Богоески, кој повеќе од една деценија работи како бариста. Кафето е секогаш добра идеја, зарем не? Дејан Богоески од Скопје повеќе од една деценија работи ако бариста и на пената од кафињата прави вистински уметнички дела. Тој за CRNOBELO.com споделува детали од својата професија:…

ПОВЕЌЕ ...

Ако навистина сакате да изгубите тежина, веќе имате се што ви треба. Да, лесно е да се каже, но тешко да се спроведе во пракса. Зашто, доволни ви се добра волја и план за вежбање. Затоа ви предлагаме сет на интензивни вежби во времетраење од 20 минути. Погледнете го планот за обука: Прочитај повеќе

ПОВЕЌЕ ...

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни. До крајот на денот на планините над 1500 м.н.в врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 9, а максималната од 9 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 13 степени. Денеска и во вторник претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни. Поради продор на…

ПОВЕЌЕ ...