Author: Media Point

На 17.12.2021 во 12.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во болницата во Кочани со тешки телесни повреди бил донесен С.П.(54) од Пробиштип. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи на патот во изградба Кочани-Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани и трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот.

ПОВЕЌЕ ...

Повредено малолетно женско лице и возач во сообраќајна несреќа, која денес околу 14:00 часот се случи кај место викано ,,Шумското” на магистралата А-3 кај Делчево. Според информации од делчевскиот здравствен дом, неколку минути по несреќата, помош е укажана на девојчето и на возачот кој излетал од патниот правец Делчево – Пехчево на 1,5 километар оддалеченост од првичната несреќа. -Кај повреденото девојче по укажаната интервенција се очекуваат резултати во однос на евентуална појава на скрешеници во пределот на нозете, додека возачот исто така се пожалил на болки поради што му е укажана лекарска интервенција од страна на Итната медицинска помош, информираа…

ПОВЕЌЕ ...

Немил настан се случил во Кочани, каде државното екипно првенство во џудо било прекинато поради тензии откако неовластени лица влегле на теренот, соопшти МВР. „На 12.12.2021 во 12.10 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека спортскиот настан – Државно екипно првенство во „Џудо“ на Република Северна Македонија организиран од џудо клубот „Гладијатор 2016“ од Кочани во спортската сала од Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ во Кочани, поради нарушен јавен ред и мир и влегување на терен од неовластени лица каде се одвивавале борбите на спортисти од два клуба од Скопје бил прекинат и не се одржал до…

ПОВЕЌЕ ...

Поради сообраќајна незгода на магистралниот пат Кочани-Виница од 13:30 часот сообраќајот е во прекин и во двата правци, информираат од АМСМ. Сообраќајот ќе се пренасочува по споредни патишта.

ПОВЕЌЕ ...

50-годишна жена од Македонска Каменица неовластено користела банкарска картичка и извадила пари од банкомат. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.З.(50) од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 31.08.2021 и 01.09.2021, пријавената неовластено искористила податоци од дебитна банкарска картичка на лице од Македонска Каменица и извадила пари од банкомат, со што предизвикала материјална штета во износ од 13.000 денари. Извор: Билтен на МВР

ПОВЕЌЕ ...

Во сообраќајна несреќа на автопатот „Тракија“ во Бугарија, загинал возач на камион со македонски регистарски таблички, дознава ТВ21 од извори на бугарското МВР. Еден од камионите бил со македонски регистарски ознаки и превезувал санитарна опрема. Од она што досега се знае е дека камионот бил на лентата за итни случаи, а до сообраќајката дошло кога се приклучувал на автопатот. Се уште трае увидот.

ПОВЕЌЕ ...

Во Домот на култура во Македонска Каменица, на 17.12.2021 година, со почеток од 18:00 часот, ќе се одржи манифестацијата „Унгарски културен мозаик“. Во рамки на двочасовната програма, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со изложба од дела на уметници Унгарци кои живеат во Македонија. Исто така, граѓаните на Македонска Каменица и регионот ќе имаат можност да уживаат во дел од презентацијата на унгарската музика, вино и десерти. Манифестацијата е дел од активностите на Унгарското Здружение во Македонија Теледом и Амбасадата на Унгарија во соработка со градоначалникот на општина Македонска Каменица. Во рамки на манифестацијата, свое учество ќе земат и…

ПОВЕЌЕ ...

Брегалница се излеа од коритото Нивото на реката Брегалница се зголеми во текот на ноќта, поради што се излеа од коритото. Според видеото на МИА, Брегалница ги поплави клупите во близина на реката, а жителите на Делчево велат дека во изминатите десетици години ова е втор пат реката толку многу да надојде. Исто така, ситуацијата е критична кај село Разловци, каде има значително покачување на надојдени води од обилните врнежи.

ПОВЕЌЕ ...

Поради обилните врнежи од дожд, зголемен е водостојот на река Брегалница и нејзините притоки при што постои опасност од нивно излевање од мини коритото. Во таа насока, Општина Делчево ги презеде сите превентивни мерки со цел да се спречи евентуалното излевање на водите од реките од нивното корито, а екипи постојано вршат контроли во делот на критичните точки во урбаниот и руралниот дел од општината. Дистрибуирани и поставени се вреќи со песок по должината на ул „8 Септември“, како и  покрај детското игралиште во близина на реката Брегалница, а подготвена е и значителна количина вреќи со песок за евентуално поставување…

ПОВЕЌЕ ...

Објавено на: 12/7/21 2:00 PM Сообраќајна незгода на излезот од Штип кај Чардаклија Една патничка е пренесена во Клиничката болница во Штип, со повреди кои настанале во сообраќајната незгода во која учествувале две патнички возила. -Жената е на преглед кај хирург, по што ќе знаеме повеќе за повредите, соопштија од Клиничката болница во Штип. Според штипската полиција, незгодата била пријавена кај нив во 12:04 минути, по што е изелезено на терен. -Незгодата се случила меѓу две патнички возила кои се движеле во спротивен правец  на излезот од Штип, на патот Штип – Кочани кај…

ПОВЕЌЕ ...