Author: Media Point
Новогодишни пакетчиња за децата и пакети за социјално ранливите граѓани од САСА Македонска Каменица, 30.12.2021 – Во согласност со востановената традиција, рудникот САСА, преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, и оваа година повторно обезбеди новогодишни подароци на сите деца во градинките и основните училишта во Македонска Каменица и населбата Саса. Дополнително, вкупно 132 социјално ранливи лица и семејства добија пакети со храна и средства за хигиена за да им помогнат во текот на празничниот период. „Среќен сум што и оваа година продолжува традицијата на новогодишно дарување која и покрај предизвиците што ги создаде пандемијата, донесе радост кај децата…
ЈП Камена Река ги информира граѓаните од повисоките делови на Суво Маало, дека настанатиот дефект е саниран и состојбата со водоснабдувањето е нормализирана и водата е безбедна за пиење Да повториме дека прекинот на водоснабдувањето беше во периодот од 07:30 часот до 13:30-часот и истиот беше настанат поради поголем дефект на главната водоводна мрежа.
Јавното претпријатие ЈП Камен Река ги информира жителите на повисоките делови од Суво Маало, дека поради дефект на главната водоводна линија снабдувањето со вода е во прекин. Екипите на ЈП Камена Река се на терен и работат на негово санирање. Повеќе информации за нормализирање на водоснабдувањето во овој дел од Македонска Каменица, во текот на денот.
ЕВРОПСКИ КВАЛИТЕТ ВО ГРАДЕЊЕТО НА СОВРЕМЕНИ ДОМОВИ ЗА ВАШЕ МОДЕРНО И УДОБНО ЖИВЕЕЊЕ Друштвото за изведување на градежни и градежно занатски работи НИКО СТИЛ ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ Македонска Каменица е градежна компанија која постои и успешно функционира од 2005 година. НИКО СТИЛ ИНЖИНЕРИНГ е современа компанија која поставувајќи највисоки стандарди во работењето креира нови и модерни трендови во градежништвото и архитектурата. Веќе седумнаесет години НИКО СТИЛ ИНЖИНЕРИНГ е градител на вашите модерни домови за живеење и објекти кои ги отсликуваат основните цели на компанијата: квалитет, функционалност и стабилност. Преку имплементирањето на квалитетни материјали, со спроведување на највисоки стандарди за квалитет…
Македонска Каменица – На 29.12.2021 година, во Домот на култура во Македонска Каменица ќе се одигра детската театарска претстава „Новогодишна авантура“. Во соработка на КИЦ „Романса“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица, за учениците од прво до петто одделение, ќе бидат реализирани две изведби на театарската претстава со почеток од 12:00 часот, односно 13:00 часот. Станува збор за нова театарска претстава, во изведба на театарот „Златен Елец“. Главниот јунак во приказната е малата Лена, која доживува разни згоди и незгоди при китењето на новогодишната елка и претставува една одлична авантура со Дедо Мраз и помошниците Влечко и Сречко.…
На малиот британски остров Пил е распишан необичен конкурс. Тамошните власти се во потрага по некој што има искуство во водење угостителски објекти, сака изолација и е подготвен да ја прифати улогата на крал. Властите бараат лице што ќе го води ресторанот „Шип Ин“, кој ќе се грижи за целиот остров. Во конкурсот се наведува дека кандидатите треба да бидат подготвени за неизвесни временски услови, изолација и долги работни часови. Но, од друга страна, вработената личност ќе ужива во чист воздух и убав пејзаж. Џон Марфи, кој веќе четири децении ги носи туристите на островот, вели дека оној што ќе…
Има многу здравствени придобивки доколку денот го започнете со чаша вода. Како што сите веќе знаеме, хидратацијата е клучна за правилното функционирање на нашето тело, а водата за пиење има и краткорочни и долгорочни придобивки за нашето здравје. Во текот на денот, експертите не советуваат да пиеме околу два литра вода, а овој ритуал треба да започне веднаш штом ќе се разбудиме. Здравје на кожата Водата му помага на нашето тело побрзо да се ослободи од токсините, а со тоа и нашата кожа станува поздрава и посјајна. Истражувањата покажаа дека пиењето вода наутро ја подобрува циркулацијата и влијае на формирање…
Експертите досега идентификувале осум симптоми на омикрон, и тоа: гребење во грлото, течење на носот, замор, кивање, болки во долниот дел на грбот, главоболка, ноќно потење и болки во мускулите. Омикрон вртоглаво се шири во Европа и светот, а додека оваа нова варијанта на ковид сè уште е делумно непозната за научниците ширум светот, едно е сигурно – симптоми кои укажуваат дека можеби сте заразени со омикрон. Досега експертите идентификувале осум симптоми на омикрон, а тоа се: гребење во грлото, течење на носот, замор, кивање, болки во долниот дел на грбот, главоболка, ноќно потење и болки во мускулите. „Се надеваме…
ПАТНИЧКО ВОЗИЛО ПАДНА ВО ИСКОПАН ОТВОР ЗА КАНАЛ НА МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ КАЈ ПОДЛОШКА КРСТОСНИЦА 23.12.2021 – Патничко возило од марката „опел“ со кочански регистерски ознаки ноќеска паднало во ископан канал на магистралниот пат на влезот во Кочани кај Подлошка крстосница. Од падот возилото претрпело сериозни оштетувања, а според очевидци едно лице се здобило со повреди на главата. На местото на настанот забележливи беа траги на кочење, но веројатно поради недоволната обележаност и несоодветната брзина, возилото завршило во дупката длабока три метри. При падот автомобилот удрил и во еден од поставените сообраќајни знаци, но со оглед што и покрај изведувањето на…
Кошаркарската федерација на Македонија со свечена церемонија во просториите на хотелот Лимак во Скопје ги прогласи најуспешните кошаркари и кошаркарки за 2021 година. Епитетот најдобар кошаркар му припадна на Андреј Магдевски, додека признанието за најдобра кошаркарка го доби Анџелика Митрашиновиќ, која минатата година со Баскет Кам ја освои двојната круна во домашното првенство. КФМ, меѓу другото, избра и најуспешни клубови, тренери и спортски работници за изминатава година. Епитот најдобар клуб во сениорска конкуренција го понесе КК МЗТ Скопје Аеродром, додека во женската конкуреција истиот и припадна на ЖКК Баскет Кам. Признанијата за најдобри тренери ги добија Горан Самарџиев во машка…
