Author: Media Point

Македонска Каменица, 11.01.2022 година – ЗРСК Шаран од Македонска Каменица ги информира граѓаните дека ја поздравува најавената иницијатива за чистење на Калиманско езеро на 15 Јануари 2022 година, но нема да ја подржи и нема да земе учество во истата. Во Соопштението за јавност упатено од претседателот на ЗРСК Шаран, Горан Стоименовски се наведува дека “Ваквите иницијативи, во моментов се само дефокусирање од основниот проблем кој со години постојано се случува при секое зголемување на водостојот на реката Брегалница”. “Како концесионери за организирање на рекреативен риболов на езерото Калиманци, непосредно сме засегнати, бидејќи таквото загадување претставува удар врз животната средина…

ПОВЕЌЕ ...

За евентуално одложување на почетокот на второто полугодие ќе се одлучува непосредно пред 20 јануари Исто така, Комисијата денеска ја одложи одлуката за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на ковид кои се асимптоматски случаи, која ќе се донесе по дополнителна обемна дискусија која ќе следува во наредните денови Комисијата за заразни болести, непосредно пред почетокот на второто полугодие, ќе ја разгледува можноста за евентуална промена на неговиот почеток. Ваква одлука донела Комисијата на денешниот состанок. Клучно за тоа дали ќе се одложи почетокот, кој треба да биде на 20 јануари, ќе биде каква е епидемиолошката…

ПОВЕЌЕ ...

Поради сообраќајна несреќа кај селото Коњари, сообраќајот на патниот правец Миладиновци – Штип е во прекин за сите видови возила, информира АМСМ. Во сообраќајката учествувале камион и автомобил. Според фотографиите кои ги доби Сител, поради снегот, неколку сообраќајки има и на делницата Св. Николе – Миладиновци. Foto Sitel.mk Слична е ситуацијата и на автопатот Велес – Скопје.

ПОВЕЌЕ ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против А.В.(42) од Република Словенија поради постоење основи на сомнение за сторено кривчно дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичниот законик. На 09.01.2022, по претходно добиена судска наредба, од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани извршен бил претрес во куќа, при што бил затекнат А.В.(42) од Р.Словенија, а со привремен престој во РСМ. При претресот пронајден е амфетамин, дигитална вага со остатоци од амфетамин, други предмети со остатоци од амфетамин, како и две…

ПОВЕЌЕ ...

Силен земјотрес со јачина 5,8 степени според Рихтер вечерва ја погоди Грција, а се почувствува низ цела Македонија. Епицентарот на земјотресот бил 4 километри од грчкиот град Лерин (Флорина), кој се наоѓа во близина на Македонија, на длабочина од 10 километри.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 09.01.2022 година – Планинарското друштво „Планинар Саса“, Спортско риболовното друштво „Рибар“, како и Ловечките друштва „Хантер Бизиково“, Хантер Про“ и Агенцијата за обезбедување на лица и имот „Патриот АЛДО“ организираат акција за собирање на отпадот и шутот во водите на Калиманско Езеро. Како што стои во објавата на Александар Дончевски, координатор на акцијата и претставник на овие здруженија и спортски друштва „акцијата започнува на 15.01.2022 година, а ќе трае се до конечно и целосно чистење на езерото од отпадот. Секој доброволец е добредојден и истиот може да се пријави на телефонскиот број 071 373 263. Колку повеќе се вклучиме…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 09.01.2021 година – Поради настанатата еколошка катастрофа во водите на Калиманско Езеро предизвикана од огромни количини на отпад и шут, НВО Валхала Фин од Македонска Каменица организира работна средба на која писмено ќе бидат поканети сите, според нив, засегнати институции и огранизации на локално и државно ниво. Поканата од Валхала Фин објавена на социјалните мрежи, Ви ја пренесуваме во целост: Почитувани, Деновиве сме сведоци на голема еколошката катастрофа што се случува на водите и бреговите на езерото Калиманци, предизвикана од надоаѓање на огромни количини на отпад и шут од реките кои се влеваат во езерото. Ова загадување предизвикува…

ПОВЕЌЕ ...

По добиените лабораториски наоди од Институтот за ветеринарна медицина од 06.01.2022 година, Агенцијата  за храна и ветеринарство (АХВ) го потврди првиот случај на присуство на болеста Африканска свинска чума во две огледувалишта во делчевското село Драмче каде се угинати 14 свињи. Како што информира Николче Бабовски, директор на АХВ донесено е Решение со кое нареди преземање на контролни и заштитни мерки за контрола и сузбивање на болеста. За појавата на болеста официјално е известена и Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ и Европската комисија.

ПОВЕЌЕ ...

Врз основа на добиени лабораториски наоди од Институтот за ветеринарна медицина од 06.01.2022 година, Агенцијата  за храна и ветеринарство (АХВ) го потврди првиот случај на присуство на болеста Африканска свинска чума во две огледувалишта во делчевското село Драмче каде се угинати 14 свињи. Како што информираат од АХВ, директорот Николче Бабовски донесе решение со кое нареди преземање на контролни и заштитни мерки за контрола и сузбивање на болеста, а за појавата на болеста официјално ги извести и Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ и Европската комисија. -На целата територија на Република Северна Македонија се забранува промет и…

ПОВЕЌЕ ...

Големи колони на возила чекаат за влез во државата на преминот Табановце. Поради зголемена фреквенција на возила според податоците на АМСМ за преминување на српско-македонската граница се чека над еден час. На останатите премини има минимално чекање на патниците кои ја минуваат границата.

ПОВЕЌЕ ...